БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Химните се од времињата на националните романтизми и конституции, не ги личи веќе ниту на Олимпијадите, го исклучувам телевизорот штом некој спортист со желесцето околу вратот ќе почне да се лигави на првите звуци на националната химна.
Исклучокот треба да стане правило. Материјата,всушност, треба да се уреди според преседанот со пречекот на Ципрас: нема гарда, нема химна, само ракувања и лефтерни прегратки. И селфија, нормално.
Химните се за народите тоа што се за воловите роговите – работи што политичката и еволуцијата на животот заборавиле да ги остават во ерите што се затворени. Како што направија со говносерите на кралевите и царевите пред дворските свити со се специјалците за бришење накралски газови со ленена крпа (Види: Басара во „Данас”).
Химните се од времињата на националните романтизми и конституции, не ги личи веќе ниту на Олимпијадите, го исклучувам телевизорот штом некој спортист со желесцето околу вратот ќе почне да се лигави на првите звуци на националната химна.
И на Стево ќе му предложам да ги исфрли химничните просерителни процедури и протиколи откако ќе заседне на Водно. Нека Макрон да го дочека со Шарл Азнавур во интерпретација на Апелгрин, да речеме, ако веќе музика мора да има.
Химната што ја имаше Република Македонија одамна го отпеа своето. Односно државата што се креваше на нозе и народот што трепереше додека ја слушаше – си го отпеаја своето. Ние не сме стара напластена нација и држава сеедно што обожаваме да мислиме дека сме. Нашата историја е плитка, ние сме во историска смисла само еден сосема благ, безмалку незабележлив пувеж на Историјата.
Химните и химничните процедури се дебело нагризени од новото време, дури и кај старите нации и држави. И воопшто државните, а особено меѓудржавните ритуали, полека се повлекуваат пред потребата од брза и ефикасна комуникација, ослободена од товарот на барокноста и романтизмот.
Ако, пак, инсистирањата, сепак, одат во спротивна насока, тогаш нема никакво сомневање дека новата химна ќе мора да ја изразува сегашноста на Северна Македонија, а не нејзиното минато. Или просто да биде убава музика. Таки Хрисик. Требаше да го земеме уште пред триесет години. А тоа значи дека оваа со војводите и гробовите ја има завршено својата национална, државна и музичка мисија, во секој случај.
Тоа е.