Како што се гледа и во биографскиот филм „Роксана, Роксана”, кој беше премиерно прикажан во кината и на Netflix минатиот месец – тоа е по прв пат успешен обид да одговори на бројни прашња за оваа хип хопшерка.
БРУС ФРЕДС
Роксан Шанте беше диџеј на забава во 2016 година кога забележа две жени кои и мавтаа. „Мислев дека правам одлична работа како водителка”, вели Шанте. Се покажа дека жените го бараа токму тоа. Но тие сакаа и да создадат филм базиран на животот на оваа малку позната хип-хоп пионерка. „Бев на сцената, во ред, тие мора да користеа некои многу силни пијалоци”, сметала Шанте.
Не можете да ја обвинувате Шанте за нејзиниот скептицизам. Како што се гледа и во биографскиот филм „Роксана, Роксана”, кој беше премиерно прикажан во кината и на Netflix минатиот месец – тоа е по прв пат успешен обид да одговори на бројни прашња за неа.
Како што е прикажано во филмот, во 1984 година Шанте имала 14 години и живеела во социјален стан во Њујорк. Таа го смени името од Лолита во Роксана и ја објави својата плоча со текстови како „Да работеше за мене тој знае дека ќе беше отпуштен“ и „Не, тој не е симпатичен и голема / Тој не знае да оперира”. Плочата „Одмаздата на Роксана” стана хит и ја отвори вратата на голем број на синглови на други уметници кои, наводно, ја кажувале вистинската сторија за Роксана.
„Во времето пред интернетот, ова беше меме”, вели Алан Лајт, поранешен главен уредник на Vibe и соработник на New York Times. „Сè имаше некакво лудо забрзување”.
Во филмот е прикажанО како имало малтретирања и злоупотребувања на Шанте од страна на менаџери и други мажи во музичката индустрија и требало да минат пет години за да се издаде нејзиниот втор албум, што значително и ја загрозило кариерата. Но, благодарение на сите овие искуства, таа стана помоќна и помудра.
„Секој поминува низ некои болни периоди и OK е да се расплаче и распадне. Но потоа треба да е подигне”, вели Санте која сега има 48 години. „ Го минав тоа и сега сум во ред”.
Сега, благодарение на филмот Roxanne, Roxanne, Шанте конечно доби признание за нејзината пионерска улога. „Таа беше навистина првиот соло женски рапер”, вели Лајт. “Таа покажа дека ова може да функционира и да се илустрираат можностите што претходно не постоеле. Тоа е трајно наследство”.
Оскаровецот Махершала Али („Moonlight”) го отлкува Шантиниот постар менаџери и насилен човек, се согласува дека нејзиниот придонес кон хип-хоп било одлучно. „Јас не знам дали луѓето се навистина свесни дека таа ја отвори вратата за жените во репот- од Фокси Браун и Лил Ким и Ники Минаж до Карди Би”, смета тој.
Филмот, напишан и режиран од Мајкл Ланел, минатата година беше добро примен на Санденс. Варајети го нарече „живописна и невообичаено искрена драма за болката и бравадото, кои беа гориво за хип-хопот”, додека Холивуд Репортер ја издвои Шанте Адамс во нејзиниот деби во улогата на раперката, во која се наведува дека има „”необичнна широчина и филмско присуство.”
Нина Јанг Бонџови и Мими Валдес, жените од журката во 2016 година се меѓу продуцентите на филмот, кој се појави во времето на културните промени па беше комотно да снимате повеќе приказни за обоени жени и тие да се раскажуваат низ многу жанрови: комедија (Девојки за патување), фантазија (Брчки во времето) и суперхеројски филмови (Црни Пантери).
За Шанте филмот делува како горчливо-слатка, задоцнета победа. „Приказната за Роксен Шанте не е лесна, но секогаш бев подготвена да го споделам мојот живот – толку повеќе даваш, повеќе ти се враќа”, вели таа, додавајќи дека овојпат можеше да си легне и да си каже „Леле, нешто добро излезе од ова.”
(„Њујорк тајмс“)