Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РОМАН НА ЛИДИЈА ДИМКОВСКА Е ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР ВО ПРОДУКЦИЈАТА ОД 2023 ГОДИНА

March 20, 2024 Filed Under: Ревија

„Единствен матичен број“ е избран во последната селекција од пет романи со тајно гласање на петчленото жири, со мнозинство гласање. Ова беше трет пат кога Димковска влегува во најтесен круг на изборот на роман на годината!

ГОВОР Добитничката на наградата одржа инспиративен и содржаен говор

Романот „Единствен матичен број“ на писателката Лидија Димковска во издание на „Три“ е добитникот на наградата „Роман на годината“ за 2023 година, која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредност „Славко Јаневски“.

Авторката пишува на македонски јазик иако има словенечка адреса,на живеење. Зад оваа одлука на жирито, со кое претседаваше ланскиот лауреат, писателот и академик , Влада Урошевиќ стоитој како авторитет и ветеран во книжевните создавања. Читајќи го образложението за одлуката, тој кажа дека романот на Димковска поседува обележја на актуелната стварност и има мошне индивидуализирана посебност.

„Димковска се зафаќа да ја претстави, во сета нејзина трагика, едната од индивидуалните и колективните судбински состојби, толку карактеристични за нашата епоха: ситуацијата на егзилот. Присилното губење на татковината, на родниот дом, на делот од сопственото постоење, проникнато со безброј врски кои го спојуваат поединецот со неговото потекло, добива во романот на Димковска своја конкретна , мошне индивидуализирана посебност, рече Влада Урошевиќ.

Пресреќна за наградата, Лидија Димковска кажа дека таа и е своевидна трета среќа, откако во минатото со романите „ Скриена камера“ и „Резервен живот“, двапати била во потесниот избор. А, за наградениот роман „ Единствен матичен број“, рече дека е фикција која црпи од документаристиката.

За неа, најважно е кога при пишување на роман си поставува и естетски но и етички прашања.

– Важно ми беше да го напишам овој роман за да си поставам не само естетски, туку и етички прашања. За мене естетиката и етиката во книжевноста се многу важни. Да зборуваат нешто за нашиот актуелен свет меѓутоа не на некоја дневно политичка база туку овој роман и сите наградени, да зборуваат се уште за актуелни нешта. Пишувањето на романот „Единствен матичен број“ не беше лесна работа. Бев двапати на Кипар, соработував со Институтот за раздвоениот Кипар којшто се наоѓа во Никозија. Најмногу соработував со уметникот Димитријадис, додаде Димковска

ЖИВОТ ВО ДОБРОВОЛЕН ЕГЗИЛ Авторката седум години мина во Романија, извесен период на Кипар а сега има постојана адреса на живеење во Словенија

Во овој роман многумина ќе се препознаат затоа што, како што истакна професорот Влада Урошевиќ, во него постои онаа пустелија која што ние ја носиме и во себе. Меѓутоа и нашиот свет во глобална рамка се стреми кон таа пустелија. Се стреми слепо кон таа пустелија.Наместо да ја напушти, практично сака да се всели во неа, кажа Лидија Димковска на пресот на кој се обелодени добитникот. Инакуу, годинава наградата „ Роман на годината “ се доделува по 25 пат и сега го има своето важно значење, кажа извршниот директор на Фондацијата „Славко Јаневски“.

– Ѕвездан Георгиевски. „Моето чувство е дека станува збор за награда што ја сакаат луѓето. Награда што ја сакаат издавачите, награда што ја сакаат авторите, награда што ја сакаат читателите“, рече тој..

.

 

Filed Under: Ревија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet