Зеленски деновиве го нарече Румен Радев Петен за својата земја, гледајќи го низ визирот на отворен проруски настроен сојузник на НАТО и ЕУ. Дел од политичарите од владеачката коалиција го сметаат за отворен кочничар на земјата кој деновве се заканува со ставање на вето на донесување на буџетот на земјата за 2024 година. Многу работи од таа ситуација се врзани за фактот дека буџетските калкулации во приходниот дел се врзани за новата такса која бугарската влада ја врзува за испораката на рускиот гас кој минува кај нашиот сосед. Истата е спорна за нас, Србија и Унгарија ама и за Радев кој ја штити конкуренската моќ на рускиот гас
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Иако кај нас Бугарија често се споменува, таа е најчесто дел од она политичка патерица позната како „не гласаме под бугарски услови“. Истата опозиционерот Мицковски и неговото братство ја користатт како изветвен штит за да не се изгласаат уставните измени што ќе значат откочување на преговорите за влез во земјава во Унијата. Но, таа стеснета визура визура на сликата на источниот секако нема оправдување. Не само што се работи за земја што е до нас, туку затоа што што таму работите никако да се отпетлаат и да се добие стабилна политичка клима која секако ќе донесе полза и за граѓаните на Бугарија, туку можеби и корист за соседите. Веројатно таквиот развој на настаните би ги направил појасни некои работи кои не поврзуваат како што е прашањето на гасот што низ цевките се води низ оваа земја и до нас. Можеби во некаков постабилен амбиент во Софија и не би дошло до актуелното поскапување на гасот преку зголемувањето на „друмарината“ (коцкарите би рекле зголемување на „пикслата“), што сега на актуелната коалициона влада во Бугарија и носи милијарда евра годишно како подарок за стокмување на идниот буџет. Веројатно во поинакви ситуации на внатрешен план таков поклон што некој си го купува на туѓа сметка (и наша) би се покривал од интерни извори ама сега тоа не е случај. Идикативно е дека на страна на незадоволните земји во регионот, во нивно друѓтво се наоѓа и бугарскиот претседател Румен Радев кој одлуката за зголемената такса ја оспори во Уставниот суд и се заканува дека во согласност со своите надлежности ќе стави и вето на донесување на буџетот во бугарското Собрание во Софија доколку таксата на рускиот гас не се врати на старо (https://www.dw.com/bg/kak-prezidentt-radev-okoncatelno-se-samozabravi/a-67570542).
Новинарите не ја оспоруваат муфте таксата
Ако се суди по написите во бугарските медиуми колегите таму не ја ставаат под прашалник одлуката за зголемување на таксата за рускиот гас ,иако тоа значи грабање на дел од националниот доход на нашава земја, Бугарија и Унгарија! Оваа постапка асо таксата српската (техничка во мигот) премиерка Брнабиќ го оцени како внесување на непредвидливост во градењто на сопствена економска политика а нашиот премиер Ковачевски, кој стоеше до неа во тој миг, беше уште поостар во оценката на тој чекор на владата на ПП- ГЕРБ
(https://www.slobodnaevropa.mk/a/32665639.html), појаснувајќи дека за ова разговарал и со Фон дер Лајен и објаснил дека оваа такса ќе го зголеми греењето и струјата во Македонија за 20 отсто! Тој спомена дека во таков случај Бугарија е должна да ги испразџни цевките низ кои тече рускиот гас за нашата земја да увезе поевтин гас што го нудат другите земји – извознички.
Судирот меѓу Владата на Николај Денков и шефот на државата е толку видлив посебно откако Римен Радев дури и побара отставка на министерот за финансии (Асен Василев) кој пак отворено говори за тоа со какви тешкотии работи целата влада во интервјуто за германскиот весник „Велт“ (https://profit.bg/balgariya/asen-vasilev-pred-welt-ochakvame-bryuksel-da-izleze-s-kontseptsiya-za-shengen/). Инаку во овој миг е доста стресна позицијата на премиерот Денков, бидејќи, тој самиот побарал отставка од министерот за внатрешни работи Калин Стојанов заради користење на прекумерна сила во совладувањето на скорешни демонстрации, на што се спротивставија коалиционите партнери од ГЕРБ (http://globusmagazin.mk/ ќе-падне-ли-бугарската-влада-заради-м/). Ако дојде до отставка се заканува коалициониот партнер ГЕРБ со можен раскин на сојузот. А ако не дојде до отставка она што го нарекуваме цивилно општество најавува немири!
Но поважен е секако проблемот со цената на гасот најнапред и заради фактот дека министер за енергетика во оваа влада е самиот претседател на државата Радев (!), што е уникум во светот веројатно (https://www.slobodnaevropa.mk/a/32623063.html).
Или стара цена за гасот или „апокалипса“
Радев плановите да се зголеми такста за рускиот гас, но и обидот тие пари да се земат потоа од касата каде тие пари ќе легнат (Булгартрансгас која е фирма на
Гаспром!) шефот на државата ги нарече „апокалиптични“ по ефектите. Во своите изјави тој споменува дека оваа такса прави проблеми со „земји кои се наши сојузници“, но во основа го брани конкурентскиот потенцијал на „Гаспром“ во споредба со азербејџанскиот гас, на пример, но и други производители кои постојат на пазарот. Згора на тоа се работи за такса од која фирмата која е по името бугарска а сопственоста руска (Булгартрансгас) е таа која ги добива парите од транспортот а сега би требало да биде „само сметководител“, велат новинарите; бидејќи новиот прилив на пари, разбирливо ќе си го сака само за себе бугарската држава, која преку Прдлог-буџетот, така да се каже – веќе ги потрошила!
Ама, тука има посебна закачка – од време на апсолутна доминација на руските интереси во Бугарија спомената фирма не е царински обврзник и формално не треба да ги даде новите евриња (или рубљи, бидејќи така бараше лани Москва, сите трансакции да се во руската национална валута). Така изгледа дека планираниот приход за владата на Денков е во стилот „грозјето е кисело“. Практилчно тие средства, таа планирана милијарда евра приход не ќе можат да се наплатат доколку Гаспром доброволно не ги плати. Затоа се готват брзопотезни законски измени со кои рускиот гасен гигант ќе стане даночен обврзник во Бугарија. За Радев тоа ќе доведе до банкрот на „Булгартрансгаз“. Се’ се тоа секако ситуации кои не треба да не остават равнодушни, иако колку за банкротот медиумите тврдат дека се работи за небулоза на претседателот. Радев инаку има и други забелешки за буџетот, да речеме заради одлуката на Владата да продаде една петтина од државното земјиште за да дојде до нови, свежи приходи. Смета дека околу тоа нема никаква јасна сметка (постојат приходи од закуп на истото тоа земјиште) и дека ова е анационален потег на Владата на Денков, каде тој, нели има свое министерско место.
Сето ова отвора многу прашалници за стабилноста на коалиционото „управителство“ на источниот сосед, ама крие и занас непријатни ситуации. Токму кога таа земја доби влада, истата се руши по многу основи.
Радев како Петен
Претседателот Радев секако има сво масло во таа нестабилност. Па не е добарниту на надворешен план, посебно во однос на војната која се води во Украина.
„Чиј претседател е Румен Радев? Не е на Бугарија, затоа што работи против бугарскиот национален интерес. Тој е шеф на државата Бугарија исто како што беше маршалот Петен од Виши – Франција (се работи за квинслишката влада за времето на германската окупација на Галите – н.з.) .
Со други зборови, но токму тоа – директно, но учтиво, неодамна го предупредил претседателот на Украина, Володимир Зеленски (https://www.dw.com/mk/cij-pretsedatel-e-rumen-radev-na-bugarija-ne-e/a-66189286) Зеленски само му рекол дека ако Русите ја кренат во воздух нуклеарната централа Запорожје, ќе настрада цела Европа, без да ја спомене Бугарија од почит кон стравовите на земјата домаќин.
Новинарот Веселин Стојнев од редакцијата на Дојче Веле лпментира дека војната на сојузниците за одбрана на Украина не значи „ние да си ја копаме мирно бавчата додека другирте помагаат“, потсетувајќи дека Бугарија и дава на Украина мини пет дена пред тие да застарат. Зеленски рекол скромно дека тие секако ќе ги искористат ама и потсетил дека ако не ги добиеле бугарските вооружени сили и онака ќе морале да ги фрлат!
Радев велел дека не сака да ја помага Украина за не доаѓало до натамошна ескалација на воените дејствија ама никогаш не го укорил колегата Путин кога тој на фронтот испраќа нови и нови војници да гинат или добива како на лента дронови и ракети од Иран, на пример.
Претседателот Радев, според Стојнев „создава и лажен впечаток дека националната безбедност почива исклучиво на армијата, која, фигуративно кажано, е сведена на два проектила, две корвети и дувачки оркестар – благодарение на сите политичари во последните две децении и на самиот Радев. Безбедноста на една мала земја како Бугарија, со една од најслабите армии денес, дури и во балканскиот регион, главно почива на воено-политичката унија во која учествува – НАТО“.
Бугарија свртува само нови страници на лошата хроника на владеењето. Но и ние, секако никогаш не сме равнодушни кон она што се готви во неговиот кабинет.