Рускиот фактор во Македонија го подржуваше претходниот премиер Груевски и претседателот кој се уште ја опструира промената на името, што треба да доведе до поддршка на Грција за влез во НАТО и во ЕУ Македонија е на чекор од тоа, ова може да се одложи, но не и да се оневозможи. Значи, во Македонија Русите исто така губат стратешко влијание
ДЕНИС КУЉИШ
На крајот од минатата година во Вашингтон се одржа голема конференција на Атлантскиот совет. Поведен е добро подготвен разговор за Балканот, со заклучок дека на рускиот упад и дестабилизација предизвикани на јужниот потконтинент на европското копно, треба да му се спротивстават со воени, економски и политички средства. Војната се сведува на изградба и проширување на постојната база во Косово во делот на авијацијата, во „Бондстил”, а со економски мерки низ изградба на нови дистрибутивни нафтоводи кои треба да ја променат динамиката и економија на снабдувањето со енергенти на „балканскиот пат”. Политички пресврт, како трета цел во центарот на напорите ја има Србија која дефинитивно треба да се повлече кон Запад и да се ослободни од руското влијание.
ПОСЛЕ РЕКС ТИЛЕРСОН Планот беше многу разумен, тој почна веднаш да се спроведува со зголемената активност на економските и политичките субјекти кои се од фокусот на задачите, вршење на широка, силна акција, како тоа може да го постигне вистинска суперсила. Но беше веднаш јасно дека околностите не се во полза на акцијата, иако реакција не беше толку силна ктуику само чиста инерција. И потоа, тука е „субјективното прашање” – претседателството на Трамп – а претседателот го разреши државниот секретар на САД. Државниот секретар преземаше активности за надворешна политика долични на „длабока држава”, со комбинирање на дипломатијата и на генералите. Ама, како што Рекс Тилерсон отиде пред неколку дена, ќор-сокакот е неизбежен, и сега сме пред нов циклус на распрашување што и како всушност да се преземе.
Брајан Хојт Ји, извршен дипломат од бирото на Стејт департментот за Источна Европа и Евроазија (тоа значи руската средина, Балканот и Централна Азија) поднесе оставка во јануари, бидејќи нему мора да е јасно однапред што ќе се случува на овој план.
На краток рок, „тираносаурусот” Рекс Тилерсон, поранешен генерален директор на Ексон, компанијата која е преокупирана со нафта, доживеа од дипломатската служба да му заминат 60 отсто од вработените. Не затоа што диломатите не можеа да го поднесат неговиот начин за контрола, туку затоа што претседателот Трамп покажа јасни намери, отворено рече дека тој нема потреба од сите тие консултанти и бирократи, Апаратот точно знае што се сака од него, за тоа не се потребни твитови и декрети.
МАЛА АМЕРИКА, ГОЛЕМА КИНА Како што наведува колумнистот на „Њујоркер”, Трамп и неговиот кинески колега, претседателот Кси Јинпинг одлично се надополнуваат. Трамп не сака да биде насекаде присутен, а Кси сака, па го имаме резултатот – „мала Америка” и „голема Кина”. А што е со Русија и со Европа, чие влијание, исто така, се пресекува на Балканот? Кога и што да се земе во предвид, ова изгледа како партија на тродимензионален шах во филмот „Ѕвездени патеки”, кој се игра на палубата на „Милениумкиот сокол” ..Тоа е полесно всушност се најдае некое разбирање, ако се гледа од перспектива на „примач” на ова влијание, па затоа фрагментираните балканските земји, државите -наследнички на Југославија, од кои отпаѓа европеизираната Словенија и им се придружува статистот Албанија.
Во Словенија слабо е присутно руското политичко влијание – во Љубљана, со едвај потиснатите традиции на аграрното народњаштво и комунистичкиот панславизмот, секогаш сме подготвени да покажат дека нема да гинат во првите редови на европската колективни напори, бидејќи многу повеќе од Украина се заинтересирани во претприемачки авантури низ Москва, која сега значително го ограничува западното ембарго. Но, русофилијата е словенечки фолклор, а економијата е базирана на индустриски извоз во Западна Европа. Тоа е толку развиено општество што падот на владаа не е ништо драматично собитие, како и во Словачка, каде што се случи тоа во исто време.
ПЕНЕТРАЦИЈА ВО ХРВАТСКА Во Хрватска, Русија постигна најдлабока економска пенетрација. Земјата стана зависна од рускиот гас и најважните државни компании имаат долгорочни договори со дистрибутерот на енергија „Гаспром”. Овие бизнисмени купија удели во пристаништето Плоче каде е вграден прием на ЛНГ танкери со комплетни инсталации. Потоа гасот оди преку железничка компанија, и преозот генерира една шестина од вкупниот железнички промет. Пренедсуваниот гас завршува во претпријатието со државна сопственост ХЕП. Електрична енергија е енормно поскапена, а петрохемискиот комбинат има евидентирано огромни загуби од околу 20 милиони евра годишно. Сето ова е покриено од државата. Русите се вклучени во изградбата на патишта и мостови, но и далноводи, а има масовно инвестирање во туризмот, во луксузни одморалишта. Руската државна банка е најголемиот доверител на „Агрокор”.
Таков голем економски ефект резултираше со индиректен политички, што може да се разберат во обид за дестабилизација на владата која сега инсистира на изградба на пловечки ЛНГ терминал на Крк, во рамките на американскиот концепт на создавање на конкурентна мрежа на снабдувањето со гас од Катар.
Владата за изградбата на мостот на Пељешац со европски пари ги довери на кинеска компанија, која тогаш беше заинтересирана за мега-терминал на новото пристаниште во Задар и за некои проекти во БиХ. Така, Хрватска се појави на кинескиот радар. Но, кинескиот мост ќе предизвика сериозни проблеми во односите со Европа, со кои комуницира исклучиво преку Брисел. И Брисел не е центарот на Европа: но владата на Пленковиќ не успеа да ги обнови односите со Берлин, што ги создаде Санадер, но ги уништи Зоран Милановиќ.
ХРВАТСКИ КОНФЛИКТИ Освен за ТПГ, Владата влегува во конфликт со Америка со блокирање на ширењето на њујоршката медиумски корпорација KKR која веќе на Балканот има инвестирано речиси 2 милијарди долари, а во врска со борбените авиони за извршување на задачи на НАТО, кои ги посакува да ги купи од Израел, земја која не е во НАТО.
Хрватската влада е во конфликтот со хрватскиот претседател – Пленковиќ води млака европска политика, претседателката се обидува да одговори на сите желби и е подготвен да се направи нешто за да изгради слика за своите политички потенцијал, што се фиктивни желби, затоа што, всушност, таа е манипулирана од разни десничарски секти и лоби групи. Од овој хрватски тродимензионален шах, би го заболела главата и на шампионот на „Милениумскиот сокол”, Чебак.
Во Босна и Херцеговина има политичка војна со низок интензитет околу изборните закони кои треба д се променат во пресрет на претстојните избори, затоа што изборниот резултат по сегашните прописи тоа го оневозможува низ ефикасна работа на институциите. Што да се каже за тоа, освен дека Миле Додик ќе стане претседател на Претседателството на Босна и Херцеговина, при што не е познато дали тој подолго време ќе опстои во Сараево и како неговата парафедерална Биховина ќе опстои без него?
Додик со задоволство се отвора на влијанието на Русија, што повеќе или помалку беше фолклорна, како што е пансловенството (но со повеќе искрени емоции) и точки на сличност со фактот дека неофицијалната химна на Република Српска ја напиша словенечкиот криптобалкански забавњак од Љубљана, Мањифико, кој во поранешна Југославија, пишуваше песни за незаборавниот г-дин. Ѓирла, кој успешно го направи Чај Чианг Гланг, „најпродаваниот чај во светот”.
НЕМА БОСНА БЕЗ ЕВРОПСКИ ПАРИ Без оглед на проруските расположенија и параноја што таа го предизвикува меѓу Бошњаците, не постои основа за постигнување на силна економска, реално влијание. Рафинеријата во Босански Брод всушност, е неуспех, бидејќи во Хрватска и Словенија не се купи на време мрежата на бензински пумпи, и она што тие успеале во Хрватска со гас успеа да го стори со нафта во регионот. Руското влијание не се манифестира во други федерални и локални единици на БиХ. Целата земја се финансира од Европа. Затоа, руското притискање може да се игнорира како сериозна компонента на регионалната политика во овој дел од поранешната Југа.
Без оглед на проруските расположенија и параноја што го предизвикува тоа меѓу Бошњаците, не постои основа за постигнување на силно економско, реално влијание. Рафинеријата во Босански Брод, всушност, е неуспех, бидејќи во Хрватска и Словенија не е на време купена мрежата на бензински пумпи. Она што минимално се успеа со купување на делови од гасоводната мрежа во Хрватска, падна кај нафтата во регионот. Руското влијание не се манифестира во другите федерални и локални единици на БиХ. Целата земја се финансира од Европа. Затоа, руското притискање може да се игнорира како сериозна компонента на регионалната политика во овој дел од поранешната.Југославија.
ЏУДО ЗАФАТ Во Србија се води голема битка за материјализација на рускиот политички интерес, но тука најголемата пречка е владата. Александар Вучиќ, кој не е отпорен на сила, но, како и во џудото, се обидува нападот да го компензира со пресврт преку пренасочување на ударот. Српските економски работи опстојуваат благодарение на европски кредити и монетарната поддршка на Западот, и она што се води за дефицитарни во целината, владините инвестиции (кои не доаѓаат од Америка) беа заменети од страна на кинески пари. Вучиќ беше првиот што сфати каде е моќта на силите, а тоа е точно – Берлин, владата на Ангела Меркел. Без оваа европска поддршка, тој нема да дојдеше на власт и не би можела да се консолидира во исклучување на сите конкуренти од партијата и опозицијата. Не, сега ќе имаме одредено задоцнување – што се очекува Европа во однос на решавањето на косовскиот јазол, што не може да се постигне додека американската моќ е во демисија, затоа што секоја таква постапка мора да биде под големиот американски чадор и јасна демонстрација на сила. Со личен ризик, Тадиќ можеше да го стори ова истовремено, а Вучиќ не може, а нема да сака додека не се воспостават јасни односи.
Што се однесува до економијата, „Газпром” е во НИС, национална нафтена компанија, но не се шири никаде, туку се обидува да се задржи на градењето на врската со Турскиот тек од бугарско пристаниште, Србија и Унгарија, се до Централна и Западна Европа. Тоа е поранешниот Јужен тек, алтернатива на насоката на Александрополис (во Тракија) – Бугарија – Србија – Романија, кој Србија може и да ја заобиколи, но постои обид да учествува со 30 отсто во оваа профитабилна инвестиција (бидејќи превозот на гориво е масовно наплатен). Одлуката ќе се повтори со оглед на општите околности – процесот на одлучување во мозокот на Вучиќ е тешко да се следи, тој е како следење на топчето во флиперот.
Од Црна Гора, Русите беа избркани 100%, што резултираше со пристапување во НАТО и конверзија на Бока Которска во дестинација од светска класа, со најголема концентрација на инвестиции во туризмот во светот. Националниот приход значително го надминува српскиот, па при тоа е речиси двојно е зголемен во однос на оној на соседите во БиХ.
ИЗВЕСНО И НЕИЗВЕСНО ВО МАКЕДОНИЈА Во Македонија се води неизвесна ама и извесна битка – повеќе нема начин десницата да ги добие на своја страна Албанците после отстапките кои им ги даде левицата. А без албанските гласови и нивната општа политичка поддршка тука не може да функционира ниту една политичка влада, бидејќи општеството е поделено (а само политиката е мултиетничка). Во Албанија и Косово, Русите никогаш не можеа да пристапат а камо ли да имаат некакво влијание, иако косовскиот министер за надворешни работи успеа од страна на Кремљ да добие околу половина милијарда долари. Но, Беџет Пацоли работел со Борис Елцин, а не со Путин. Албанците се врзани за Америка, која, кога е при полна политичка свест, кога не е опседната со трамповите демони во Вашингтон, како најважен национален корпус на Балканот, ги гледа Србите и Албанците, двата најбројни народи, кои заедно сочинуваат околу 70 отсто од вкупното население.