Посетата на Бајден деновиве на Блискиот Исток исто така има врска со стабилизирање на пазарот на нафтени енергенти
Северен тек 1 во моментов се сервисира – но според Газпром, не може да се гарантира дека гасоводот ќе се врати во нормална работа потоа. Причина е немањето потврда дека поправената турбина ќе биде испорачана од Канада.
Рускиот енергетски концерн Газпром соопшти дека не може да гарантира оти гасоводот Северен тек, преку кој со гас се снабдува Европа, ќе може добро да работи. Газпром наведе дека не може да потврди дали ќе успее да дојде до германската турбина која е поправена во Канада. Гасоводот во моментов е запрен поради редовниот годишен ремонт на 10 дена, а европските земји стравуваат оти Москва би можела да се обиде да најде техничка причина како изговор трајно да ја запре испораката на гас преку овој гасовод, и така врз нив да изврши притисок во контекст на украинскиот конфликт.
Дури и пред запирањето со работа на Северен тек 1, Русија значително го намали снабдувањето со гас во последните недели, оправдувајќи го тоа со недостигот на турбини на Сименс, кои според Русија се потребни за работа на станиците за компресија на гасоводот и чии некои делови се испратени во Канада на поправка.
„Газпром сега не располага со никаков документ кој би му дозволил на Сименс од Канада да го изнесе моторот од турбината за станицата за компресија Портоваја“, наведе Газпром.
Се додава дека под такви услови е невозможно да се потврди безбедна работа на оваа станица за компресија која е неопходна за гасоводот Северен тек. Канада во саботата соопшти оти ќе ѝ ги врати на Германија турбините наменети за Севен тек и покрај санкциите воведени за Русија.
Канадскиот премиер Џастин Трудо оцени дека таа одлука била тешка, но додаде оти санкциите се воведени да се казнат Владимир Путин и неговите пријатели, а не канадските сојузници и жителите на Европа.
Но, кога сме на оваа тема треба да се каже дека Русија не и дозволува на самостојната држава Казахстан да извезува нафта кон Западот!
Најкатаклизмичкото сценарио за идната зима би можело вака да изгледа: германската економија се бори со најтешката рецесија по Втората светска војна. Колабираат цели индустриски гранки, загрозени се безброј работни места. Милиони луѓе седат и се смрзнуваат во домовите, во неможност да ги платат високите сметки за гас. Други бараат прибежиште во јавни загреани простории.
А политиката е преоптоварена со распределбата на преостанатиот расположлив гас. Хемиски фабрики против пекарници, фирми против приватните домаќинства: земјата тоне во хаос и огорчени делбени битки.
Доколку навистина дојде до таму, без дилеми, тоа би бил политички кошмар. Затоа Роберт Хабек не греши предупредувајќи дека целото општество би било ставено на тест доколку Русија ја остави затворена славината за доток на гас од Северен тек 1.
Но, кого всушност би сакал да го протресе министерот за економија со ваквите изјави? Драстичните предупредувања од политиката и економијата одамна почнаа да создаваат клима на страв, а тоа му користи само на еден човек – на Владимир Путин.
Ќе се претвори ли сервисирањето на Северен тек 1 во политички маневар?
Од далечната Москва, рускиот претседател може опуштено да набљудува како 2000 километри западно сѐ се врти околу него. Дали тој техничкиот рутински термин ќе го претвори во политички маневар? Ќе го искористи ли десетдневното сервисирање на гасоводот за засилување на кризата со гасот во Германија? Или Русија сепак ќе продолжи да ги исполнува обврските за испорака? Прашања кои во Берлин со недели се вртат како на бескрајна лента.
Притоа, одговорот секогаш е ист – сеедно кому е поставено прашањето: никој не знае! Тоа е барем искрен одговор. Но, непрекинатата преокупација и кружење околу оваа голема неизвесност придонесува оправданата загриженост постепено да прерасне во паника. Вклучувајќи ги и пазарите на суровини, што дополнително ги подгрева цените на енергенсите – токму според намерата на Путин. Оној кој секојдневно слика нови хорор сценарија, треба да е свесен за овој факт.
Паничарската дебата го замаглува погледот врз напредоците
Широко распространетиот мерак за апокалиптични приказни води до замаглување на погледот врз реалните случувања, вклучувајќи го и веќе постигнатиот напредок во областа на енергетската безбедност.
Прво: резервоарите со гас во Германија во меѓувреме се полни со преку 60 проценти од капацитетите. Тоа не е доволно за добро пребродување на есента и зимата, но е на правилен пат.
Второ: Норвешка и Холандија се алтернативни снабдувачи на гас, кои имаат желба да помогнат во рамките на своите можности.
Трето: Потрошуваката на гас во Германија во изминатите месеци бележи назадување, тоа ја намалува нашата зависност од увоз на енергенси.
Четврто: Бундестагот и Бундесратот само што усвоија закони, со кои конечно може да се забрза потребното темпо во енергетската трансформација кон обновливи извори на енергија.
Политиката треба да зрачи оптимизам
Ако се земе сево ова предвид, претстојната зима може и вака да изгледа: секој од нас штеди енергија онаму каде може – при греење, при туширање, на работа и во слободното време. Политиката целно ги поддржува оние кои економски се на удар на растечките цени. А во јавната дебата преовладува проценката дека ситуацијата е сериозна, но не и безизлезна.
Сценарио, кое претпоставува извесен оптимизам. А токму него мора политиката сега да го шири.
Одлуката на рускиот суд за прекин на работата на терминалот е донесена поради предизвикување можни еколошки штети, јави синоќа новинската агенција Интерфакс.
Инаку, во последно време меѓу Русија и соседната централноазиска поранешна советска република Казахстан постојат несогласувања во поглед на војната во Украина. Фирмата која управува со нафтоводот, Касписки нафтоводен конзорциум соопшти дека е „принудена на спроведување на судската одлука“, но ќе ја обжали. Според официјални наводи, документацијата за отстранување на евентуални хаварии со нафтата во итен случај е некомплетна. Првично, руските власти на фирмата ѝ одредиле рок за отстранување на недостатоците во документацијата до 30 ноември, но во судска постапка, регионалното надзорно тело за транспорт вчера неочекувано побарало и издејствувало затворање на терминалот.
Преку терминалот во јужниот руски пристанишен град Новоросијск поминуваат преку 80 проценти од нафтата која ја извезува Казахстан-зашто Казахстан нема сопствен пристап кон морето. Капацитетот на протокот на нафта изнесува 67 милиони тони годишно.
Претседателот на Казахстан Касим-Шомарт Токајев неодамна ѝ понуди на ЕУ лиферување зголемени количества на нафта и гас кон Европа, заради задржување на енергетската безбедност на континентот и покрај војната во Украина и со неа поврзаните санкции против Русија. Казахстан не ја признава независноста на сепаратистичките републики во источниот дел од Украина, протежирани од страна на Русија.
Во меѓувреме вишокот на нафта кој се појави во Русија, според новинската агенција Ројтерс, која се повикува на податоците на Рефинитив, завршува во Саудиска Арабија. Имено, во вториот квартал од 2022 година, од април до јуни, во Кралството Саудиска Арабија преку руските и естонските пристаништа пристигнале 647.000 тони нафта. Тоа одговара на количество малку поголемо од 7.000 тони или 48.000 барели нафта дневно.
Во истиот период минатата година, вкупното количество увезена нафта од Русија било 320.000 тони.
Саудиска Арабија користи руска нафта за производство на електрична енергија, а потоа може да произведува и да извезува сопствена нафта. На Арапскиот полуостров особено големо количетсвото енергија е неопходно за ладење за време на жешките летни месеци – значи токму сега.
Поради санкциите, особено од ЕУ, Русија ја продава својата нафта на светскиот пазар со значителни попусти. Со оглед на руската војна против Украина, некои држави одбиваат да купат нафта од Русија. Од друга страна, големите економии како Кина и Индија, како и бројни земји од Афрка и од Блискиот исток, го зголемија увозот на овој енергенс од Русија.
Извозот на нафта е тема и за време на посетата на Бајден на Саудиска Арабија
Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска ќе пристигне во Саудиска Арабија, последната станица од неговото патување на Блискиот исток.
ретседателот Бајден во Израел, прва станица од неговата актуелна блискоисточна турнеја
Се очекува дека тој ќе се обиде да го убеди ова кралство да го зголеми извозот на нафта и со тоа да иницира пад на цените на светскиот пазар. Не само во ЕУ, туку и во САД, високите цени на горивото се во моментов голем проблем.
Бајден е под огромен притисок во САД поради налогот за растот на цената на горивата – и тоа само 4 месеци пред важните избори за Конгресот. Бајден ги отфрла обвинувањата дека со своето патување во Саудиска Арабија ја става ефтината нафта пред човековите права.