И Северна Македонија во списокот на непријателски земји на Руската Федерација
Владата на Руската Федерација објави список на земји кои вршат „непријателски дејствија против Русија“ меѓу кои е и Северна Македонија, соопшти прес-службата на Кабинетот на министри.
На списокот се наоѓаат Австралија, Велика Британија, земјите-членки на ЕУ, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Сан Марино, Андора, Сингапур, САД, Тајван, Украина, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Швајцарија, Јапонија и Микронезија.
Околу објавата од Руската амбасада во Скопје дека „евидентираат“ неистомисленици, етикетирани како „русофоби“, таа е непримерна и е класична закана. И ние ја интерпретираме како закана надвор од нормалната дипломатска комуникација“, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на новинарско прашање.
„Ова е класична закана, и не е објавена само кај нас, објавена е во сите земји во светот, пред сè во Европа, и ние ја интерпретираме како таква, како закана која е надвор од нормалната дипломатска комуникација, рече министерот Османи на понеделничкиот брифинг.