Русија го загуби четвртиот генерал во Украина и седум специјалци. За првите три недели, руските сили претрпеле ист број жртви за три недели од борбите во Украина како САД во Авганистан и Ирак за две децении.
Русија загуби уште еден од своите генерали во војната во Украина, соопшти Киев, заедно со седум членови на елитните сили под директна команда на Владимир Путин. Генерал-мајор Олег Митјаев (47), командант на 150-та армиска моторизирана дивизија загинал борејќи се околу опколениот град Мариупол, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи, додека официјални лица објавија фотографија од, како што тврдат, неговиот труп на бојното поле.
Тој е четвртиот руски генерал за кој Украина тврди дека го убила и вкупно 13-ти офицер, бидејќи, инвазивните сили на Путин претрпуваат големи загуби од украинските бранители.
Во Русија беше објавена жална слика на која се прикажани фотографии од шестте елитни борци на специјалните сили од Центарот за специјални намени „Витјаз“ на дивизијата Џержински, именуван по основачот на советската тајна полиција Феликс Џержински. Подоцна беше откриено дека бил убиен и седмиot.
Во меѓувреме капетанот пилот Александар Гарнаев се откажа од голем број позиции поради „целосно неразбирливата“ војна. „Порано или подоцна општеството ќе го дознае конечниот број на загуби и ќе биде ужаснато“, додаде тој. Херој на Русија и почесен пробен пилот, тој изврши жесток напад на начинот на кој украинските градови беа „бомбардирани и здробени со тенкови“.
Грешките на почетокот на кампањата, вклучително лошо планирање и логистика, поради кои возилата застанаа поради дефекти, останаа без гориво и се заглавија во кал, се смета дека се причина за бројката на загинати офицери – бидејќи командантите беа принудени на фронтот да ги поправаат проблемите.
Јавноста во Русија сепак не се известува за загубите во Украина, а беше призната само смртта на еден генерал и околу 500 војници. Украина ја наведува бројката на 13.500 убиени војници, во првите три недели, вклучувајќи илјадници возила и тенкови. Западните проценки се малку пониски, меѓу 2.000 и 6.000, но тоа сепак се големи загуби за Путин. Тоа значи дека руските сили претрпеле ист број жртви за три недели од борбите во Украина како САД во Авганистан и Ирак за две децении.
Се смета дека Путин планирал кратка и остра инвазија која ќе трае само неколку дена, со цел да ја обезглави владата и да воспостави марионетски режим. Наместо тоа, тој се најде себеси вовлечен во скапа војна во која цената на победата – ако сè уште не може да ја постигне – може да биде премногу висока за да се оправда.
Заробените руски војници раскажуваат како им било кажано пред да заминат во Украина дека владата веќе паднала или ќе падне, и дека биле испратени како ослободители, додека на терен тие налетаа директно на украинските сили вооружени со западно оружје и решени да се борат со нив.Тоа доведува до извештаи за дезертирања, при што руските трупи го напуштаат бојното поле, се предаваат едвај со некаква борба или се рануваат самите за да излезат од борба. Други, наводно, одбиле да ги извршуваат наредбите.
Гарнаев, зборувајќи против војната во вторникот, навести и вознемиреност во руските редови – велејќи дека е „неподносливо“ да се гледа како се одвива инвазијата. „За мене е неподносливо да гледам колку страдаат нашите луѓе – вклучително и оние што ги познавам лично“, рече тој кога се повлече од функцијата претседател на одборот на Рускиот клуб на херои. Досега тоа не се случило.
Некои луѓе таму не веруваат дека Путин ќе удри на Киев на ист начин како и нападнатите градови на истокот и југот на Украина. Тие тврдат дека Путин ќе се двоуми да го уништи античкиот град кој се наоѓа во самиот центар на руската култура, религија и историја. Некои од истите тие луѓе исто така веруваа дека Русија нема да изврши инвазија.
Други стравуваат дека ако се задржат руската пешадија и оклопните сили, Путин и неговите генерали ќе се префрлат на тактиката што ја користат во Мариупол на југ. Таму тие го опколија градот, обидувајќи се да ја скршат волјата на бранителите со постојан артилериски оган и воздушни напади. Тоа е метод кој добро функционираше за Русите во Сирија и во 1990-тите во Грозни, главниот град на отцепената руска република Чеченија, кој беше срамнет со земја.
Следните неколку недели ќе бидат клучни за иднината на Киев и за пошироката војна за иднината на Украина. Ако Русија не успее повторно да изврши напад на главниот град, нејзините бранители ќе добијат поголема самодоверба, а силата и моралот на руските сили, вклучувајќи ги и нивните регрути, ќе претрпат нови удари.