Шеф на естонски разузнавачки служби вели дека хакерскта офанзива на руските колеги се обавува по вметнати „живи луѓе“ во својот систем на дејствување
ЏЕФ СЕЛДИН
Во текот на изминатите неколку месеци, разузнавачки и безбедносни претставници во руската влада и приватниот сектор со претпазливост се прашувале на што се должи навидум бавното темпо на руските сајбер напади и влијанието на операции преку употреба на социјалните медиуми.
За разлика од периодот пред претседателските избори во 2016 година во САД, кога претставниците на московските планери велеа дека кај нив владее треската на хакирањето, на фишинг нападите или користење на реклами и лажни извештаи во медиумите кои продираат во изборниот систем, сега тоа го нема. Но, се работи – се чешлаат списоците на гласачи или промени кои влијаат на гласачите во пресрет на претстојните изборите за членови на Конгресот во САД.
Некои аналитичари на руските активности сугерираат дека забавувањето е резултат на подобра подготовка и подобри сајбер-механизми што им овозможија на компаниите од социјалните медиуми да ги замолчат руските обиди да се мешаат. Сепак, меѓу западните разузнавачки агенции, постои и загриженост дека Русија можеби нема да се потпира на ботови и тролови, бидејќи има „живи луѓе” кои можат да ја завршат работата.
„Ние (ае мисли на естонските разузнавачи) ја откривме мрежата на политичари, новинари, дипломати и бизнисмени, кои се всушност агенти за зголелено влијание на Русија и го прават она што им е кажано да се направи”, изјави неодамна Мик Маран, извршен директор на естонската разузнавачка агенција, зборува за активностите Москва на Запад.
„Јасно можеме да видиме дека овие луѓе ги туркаат ’руските цели”, изјави Маран пред присутните на годишниот Форум за безбедност во Аспен, Колорадо.
Маран ги има направено овие коментари на крајот од седмицата на кои претседателот Доналд Трамп се соочат со предизвикот на проценката на разузнавачките служби на САД за мешање во претседателските избори од страна на Русија во 2016 година, на средбата со својот руски колега, претседателот Владимир Путин на средбата во Хелсинки.
Од неговото враќање од Европа, Трамп се откажал од оригиналната изјава дадена пред Путин, па потоа читаше подготвена изјава на состанокот на владата во вторникот и средата, како и во интервју за Би-Ес -Њуз. Сепак, високи официјални лица од разузнавањето на САД се уште се загрижени и јавно тврдат дека Русија навистина се меша во изборите 2016 година.
Специјалниот американскиот обвинител Роберт Малер, формиран за да се испита улогата на Русија на изборите во 2016 година, како и можните средби на членови на Трамповиотт изборниот персонал со Русите на 13 јули, што резултираше со обвинување на 12 руските разузнавачи за хакерство во компјутерските мрежи на Демократската партија, потоа испитување на претходно обвинети Трампови соработници во кампањата, вклучувајќи го и шефот на изборниот штаб Пол Манафорт и поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин.
Сепак, и покрај публицитет заа истрагата во САД и поголема свест на Западот за оваа форма на руското влијание, естонските разузнавачи тврдат дека Москва не отстапува од своите активности. Наместо тоа, тие велат дека Кремљ ја засилува активноста за да користат „агенти на влијание”, од кои некои со Москва негуваат блиски односи со години.
„Политичарите кои се на маргините на локалната политика пред неколку години сега седат во националните парламенти и националните влади”, вели Маран. „Тие имаа некои лоши инвестиции, но, исто така, имаа многу добра инвестиција.”
„Русите обезбедуваат медиумска поддршка, политичка поддршка на овие луѓе. Тие им предложија ним, или на некои од ним ексклузивни бизнис можности”, додаде тој. „Во некои ситуации, можеме да видиме дека тие си обезбедиле финансиска помош.”
Маран одби да ги издвои имињата на таквите политичари, дипломати или новинари, осомничени за финансирање од Москва. И додека ова не е прв пат Естонија, сојузник на САД и НАТО, да предупредува на рускиот метод на создавање на „агенти на влијание” во Западна Европа, постои растечка загриженост дека таквите операции се зацментирани и во САД.
Поранешниот американски директорот на Националното разузнавање Џејмс Клапер, навести во четвртокот дека руските обиди би можеле да допираат до Белата куќа.
„Јас сум дал се од себе за да верувам во претседателот и секогаш сум го изнесувал потенцијалот на други теории за тоа зошто тој се однесува така со Русија воопшто и со Путин посебно”, рече Клапер на CNN, запрашан да го коментира одбивањето на Трамп за да ги поддржи заклучоците на американските разузнавачки услуги на заедничка прес-конференција со Путин во минатиот понеделник во Хелсинки.
Сепак, се повеќе и повеќе се дојде до заклучок, по настапот на Хелсинки и од тогаш наваму, што се Русите знат за Трамп”, рече Клапер.
Постојат постојани гласишта дека некои членови на Конгресот, исто така, врши работа за Русија, идеја која во четвртокот ја повтори Бил Броудер, извршниот директор на инвестицискиот фонд Хермитиџ капитал и водечка фигура во донесувањето на законот Магнитцки, кој му овозможува на Вашингтон да се не им даде визи или да им замрзне финансиските средства на руски официјални претставници, осомничени за корупција или кршење на човековите права.
„Постои еден член на Конгресот на САД во која јас верувам дека е на руска плата – ова е републикански конгресмен од округот Оринџ, име Дана Рохенбахер, кој брка по конгресот гласачи за евентуална промена на законот Магнитцки”, рече Бриудер на Форумот за безбедност во Аспен.
„Немам информации од банкарски сметки на трансфер на пари да го докажам тоа, но верувам дека тоа се случува”, рече Броудер, кој се повика на однесувањето на Роурабахер.
Гласот на Америка инаку ја контактирал канцеларијата на Рорабахер и барал коментар, ама не добиле одговор.
Американските разузнавачки и безбедносни агенции, исто така, одбија да коментираат за наводите дека руските агенти биле навлезени во американската влада, иако „Њујорк тајмс“ во мај објави дека разузнавачките агенти го предупредиле Рурабахер во 2012 година, кој долго време се смета за еден од најнеприфатливите агенти за Москва, активно се обидуваат да го регрутираат.
И на приватен состанок во јуни 2016 година, мнозинскиот претставник во Претставничкиот дом, Кевин Макарти, им рекол на републиканските колеги – „има двајца луѓе за кои верувам дека Путин ги плаќа: Рурабахер и Трамп”, според видео објавено од „Вашингтон пост“.
„Тоа беше лоша шега”, изјави Мекарти за новинарите откако се појави снимката. „Тоа е сè. Никој не верува во тоа. “