Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РУСКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА ПОЧНУВА ДА ГО „ИЗНЕВЕРУВА“ ПУТИН?

October 12, 2022 Filed Under: Свет

„Неуспесите се толку значајни што веќе не можат да се молчат дури ни во Русија“, коментира на темата „Тагесшпигел“. И веројатно на дното на сето тоа е загриженоста на Путин дека „неговата непрестајна оптимистичка пропаганда поттикнува сè поголеми сомнежи кај јавноста

ПОГЛЕД КОН ЛАГИТЕ Медиумите во Русија се апсолутно пропутиновски ама и тука има пукнатини

„Мораме да престанеме да лажеме. Нашите луѓе не се глупави“, изјави неодамна поранешниот генерал Картаполов на руската телевизија. Од гласноговорниците на пропагандата на Путин веќе се слушаат признанија дека „работите не одат добро“. Што се случува?

„На бојното поле не ни оди добро“ – вака неодамна во својата програма на ТВ „Русија 1“ призна еден од најпознатите руски водители Владимир Соловјов. Воениот известувач Александар Сладков, исто така, известуваше за тешкотиите во Украина на ударниот термин, истакнувајќи дека ситуацијата можеше да се предвиди: „Сè уште учиме. Знам дека е страшно да се слушне ова во осмиот месец од операцијата“.

Пресвртот во пристапот на руските државни медиуми најверојатно се должи на директни инструкции од Кремљ, сугерира новинската агенција Блумберг, повикувајќи се на свои извори запознаени со начинот на кој Кремљ управува со уредувачката политика на медиумите. За прв пат се известува за воени порази и повлекувања. Гледачите во земјава сега можат да добијат пореална слика за тоа што се случува на бојното поле, но зад сето ова се крие стратегија, забележува германски „Ханделсблат“. „Неуспесите се толку значајни што веќе не можат да се молчат дури ни во Русија“, коментира на темата „Тагесшпигел“. И веројатно на дното на сето тоа е загриженоста на Путин дека „неговата непрестајна оптимистичка пропаганда поттикнува сè поголеми сомнежи кај јавноста“.

Критиката е дозволена, но не и против Путин

Промената на официјалната информативна политика на Москва доведе до зголемување на „невообичаената јавна критика на војската“, пишува Блумберг. Дозволената контролирана „гласност“ е толку распространета што неодамна дури и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров директно го нападна руското Министерство за одбрана. Во исто време, не се дозволени критики на Путин и неговата одлука за инвазијата, која започна на 24 февруари.

„Мораме да престанеме да лажеме“, изјави поранешниот генерал Андреј Картаполов во едно популарно руско ток-шоу. Картаполов во моментов е во раководството на комитетот за одбрана во Долниот дом на Думата. Нашиот народ не е глуп“, нагласи тој.

НЕ НИ ОДИ ДОБРО Ова го говори генералот во пензија Андреј Картополов

„Војната не може да се победи“

Блумберг исто така тврди дека од почетокот на летото претседателот Путин одржал најмалку две средби со мала група руски воени дописници. Еден од нив се случи непосредно пред одлуката за делумна мобилизација. Некои од дописниците се запрашаа дали Путин добива целосни информации за тоа што се случува на бојното поле, тврдат медиумите.

„Вчера изгубивме 16 населби во регионот Керсон. Што ќе изгубиме денес?“. Со ова прашање Олга Скабеева му се обрати на руски воен офицер во нејзиниот пренос на 5 октомври. Неговиот одговор беше дека она што се случи е маневар со елементи за повлекување.

„Сега постои општо разбирање дека војната не може да се добие“, изјави за британски „Гардијан“ новинар од руската државна телевизија, кој сакаше да остане анонимен. Според него, политичката елита во земјава е зафатена од „силен страв“.

ИЗВЕСТУВАЧ ОД ФРОНТОТ Александар Слатков бара употреба на нуклеарка!

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet