Прашањето за самосталноста на МПЦ, кое во нашата јавност е погрешно протолкувано како еден минус на нашата црква, нешто што е протолкувано како против српството. Вистината е дека ние во сојуз со Руската православна црква дојдовме до тоа решение – ја умирува тврдокорната црковна јавност во својата земја националистот Бокан

Драгослав Бокан, режисер, политичар и националист, во интервју на српската телевизија К1, псветено на посетата на Српскиот патријарх Порфириј на Москва, откри детали зошто СПЦ се одлучила за признавање на МПЦ. Бокан вели дека српската јавност треба да биде спокојна, бидејќи непотребно ја критикува СПЦ за црковната самостојност на МПЦ, бидејќи прашањето за признавањето на МПЦ е тактичко, а не суштинско. Вели дека во решението помогнала Црковна Москва, со што и се обезбедило на СПЦ владение врз српските цркви од средновековието.
Еве како тој тоа го објаснува:
– Прашањето за самосталноста на МПЦ, кое во нашата јавност е погрешно протолкувано како еден минус на нашата црква, нешто што е протолкувано како против српството. Вистината е дека ние во сојуз со Руската православна црква дојдовме до тоа решение. Тоа е многу важно да го разбереме. Тоа беше борба меѓу Москва и Истанбул. Ние бевме на страната на Москва. Москва ни помогна да го направиме тоа, да ние бидеме Мајка црква на Македонците, а не Истанбул. Москва ни помогна да биде запишано дека тоа се цркви на српско духовно наследство на српските средновековни владари и дека ние им ги даваме нив на користење, за да можеме ние прв пат после 1941 година да сослужуваме, наши свештеници на СПЦ, да сослужуваат на тие места. Во тоа помогна Русија, вели Бокан во интервјуто.
Тој прецизно лооцира дека црковното прашање на МПЦ е решено пом сугиестија на Москва, поради отворениот судир со Вселенската патријаршија. Бокан точно лоцира дека ако не беше иницијативата на Вселенската патријаршија, веројатно прашањето немаше да биде решено. Од друга страна пак ако тоа прашње се решаваше преку Вселенската патријаршија, СПЦ ќе ги изгуила своите позиции и влијание во Македонија. За таквата заслуга, како што вели за српството, Бокан му оддава признане на Рускиот патријарх.
-Сакам да кажам дека Патријархот Кирил е важен елемент во тој статешки однос меѓу нашите цркви. Тактика, стратегија, суштина. Луѓето тоа не го разбираат. Они не разбираат дека ние на тактичко ниво можеме да зборуваме за позитивна улога и за Папата, на пример по прашањето за Степинац, или по прашањето за абортусот. На стратешко ниво не можеме да одиме така широко, можеме да одиме на тесно ниво… Во тактичките работи можете да имате разни ситуации, но во суштината не, вели Бокан.
Неговиот заклучок е дека самостојноста на МПЦ е тактичко прашање за СПЦ, нешто што и дава простор на маневар, но не и суштинско, бидејќи вели дека во суштинските работи нема експериментирање.
(religija.mk) -Прашањето за самосталноста на МПЦ, кое во нашата јавност е погрешно протолкувано како еден минус на нашата црква, нешто што е протолкувано како против српството. Вистината е дека ние во сојуз со Руската православна црква дојдовме до тоа решение. Тоа е многу важно да го разбереме. Тоа беше борба меѓу Москва и Истанбул. Ние бевме на страната на Москва. Москва ни помогна да го направиме тоа, да ние бидеме Мајка црква на Македонците, а не Истанбул. Москва ни помогна да биде запишано дека тоа се цркви на српско духовно наследство на српските средновековни владари и дека ние им ги даваме нив на користење, за да можеме ние прв пат после 1941 година да сослужуваме, наши свештеници на СПЦ, да сослужуваат на тие места. Во тоа помогна Русија, вели Бокан во интервјуто.