Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РУСКА АКТИВИСТКА: НЕ ЗНАМ ДАЛИ УКРАИНЦИТЕ НЕКОГАШ ЌЕ НИ ПРОСТАТ

August 6, 2025 Filed Under: Свет

Нејзината работа е да им помага на руските војници кои сакаат доброволно да се предадат без да бидат препознаени. Кринина е првата партнерка на руски воен заробеник што дошла во Украина

ИРЕНА КРИНИНА Нејзиниот проект „Нашиот па за излез“ кој помага за размена на заробеницитеима над 100 илјади претплатници

АНА ПРИЗЕМСКАЈА

„Русија предизвика многу страдања на украинскиот народ и не знам дали Украинците некогаш ќе им простат на Русите“, изјави за ДВ руската активистка Ирина Кринина. Во Украина, таа основа проект кој им помага на руските воени заробеници.

Ирина Кринина ја напушти Русија во септември 2023 година со своите две ќерки. Нејзиниот партнер, Евгениј Ковтков, кој не е биолошки татко на нејзините деца, се борел против Украина, но бил заробен од Украинците.

Жената резервирала одмор во Турција, од каде што отпатувала во Молдавија, а оттаму во Киев. Таа добила поддршка од организацијата „Сакам да живеам“, која ја води украинското воено разузнавање. Нејзината работа е да им помага на руските војници кои сакаат доброволно да се предадат без да бидат препознаени. Кринина е првата партнерка на руски воен заробеник што дошла во Украина.

Кринина вели дека не знаела многу за Украина до 2022 година, но ја осудила анексијата на Крим во 2014 година. Дури откако нејзиниот партнер бил испратен да се бори во регионот Донецк и бил заробен во јуни 2023 година, таа се заинтересирала за војната. „Почнав да гледам и да читам сè. Кога сфатив што навистина се случува, не сакав повеќе да останувам во Русија“, вели Кринина…

„Бев апсолутно разочарана од руската влада. Разбрав кој кого нападнал. Не сакам моето семејство и децата да бидат одговорни за овој ужас. Затоа отидов во Украина да помогнам.“

Сепак, во Украина, Кринина е разочарана. Нејзиниот партнер, Евгениј, не е среќен кога таа го посетува. Тој ја прашува зошто дошла. Чека да се организира размена на затвореници за да може да се врати во Русија. Денес, Ирина Кринина повеќе не е со него. „Не можев да го препознаам. Се промени – студен, повлечен и исплашен. Војната и заробеништвото многу ги менуваат луѓето“, вели таа.

Кринина вели дека руските центри за регрутирање тајно им препорачуваат на роднините на воените заробеници да контактираат со „Нашиот пат за излез“. YouTube каналот на проектот веќе има над 100.000 претплатници. Таму може да се видат стотици интервјуа со воени заробеници.

Во Украина, Кринина го започна својот проект – „Нашиот излез“ – за да им помогне на роднините на воените заробеници од Русија да стапат во контакт со нив. Кринина ги посетува затворениците, разговара со нив, им доставува пакети и им овозможува да се јавуваат по телефон. На овој начин, нивните роднини во Русија добиваат потврда дека се во заробеништво – нешто што е тешко да се докаже во Русија.

РАЗОЧАРАНА Го отвори проектот за да му помогне на сопругот ама тој одбива нејзина помош!

Мажите зборуваат за своите мотиви за потпишување договор со руската армија и како биле заробени. Кринина вели дека мажите кои се ослободени од руските затвори за да одат на фронтот многу често завршуваат во заробеништво во Украина. „Кога се заробени, тие велат дека би сакале да ги отслужат своите казни“, објаснува жената.

Каналот на платформата, исто така, прикажува интервјуа со роднини на Руси кои биле повторно испратени на фронтот откако биле заробени, а потоа вратени во Русија. Кринина им советува на засегнатите да контактираат новинари и адвокати. „Ако воен заробеник не се бори за своите права, не бара ништо, тогаш државата ќе го врати во војна“, вели таа.

Киев вели дека Кринина ќе ѝ помогне на Украина и во „информациската војна против Русија“. Таа сака да им покаже на Русите што навистина се случува. Затоа патува на местата каде што руските ракети погодиле и покажува видеа од таму. Таа верува дека тоа има ефект: „Голем број роднини – веројатно 99% – сакаат ова да престане. Сите се исцрпени од војната, никој не разбира зошто сè уште трае“.

Кринина е убедена дека нејзините видеа се една од причините зошто проектот „Нашиот пат“ беше етикетиран како „странски агент“ од страна на Москва. На прашањето дали се чувствува виновна за злосторствата извршени од Русите, таа одговара: „Воопшто не разбирам зошто сите пукаат. Многу ми е тешко да го прифатам тоа“.

 

 

Кринина се надява някой ден да може да се върне в “свободна Русия”. Казва, че след войната, започната от Москва, връзките между руснаци и украинци никога няма да бъдат същите. “Русия причини много страдания и трудности на украинския народ. Мисля, че руснаците ще се чувстват виновни, но няма да могат да поправят нещата. Не знам дали украинците ще простят на руснаците за това, което направиха. Сигурно ще трябва поколения да се сменят преди изобщо да можем да мислим за мир”, казва Кринина.

 

Filed Under: Свет

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОДБИ ДА ГОНИ 40 ЛИЦА ЗА НАПАДОТ ВРЗ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО 1999 ГОДИНА
МАТНИ ЗДЕЛКИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ГО КРИТИКУВААТ ТРАМП
СЕРГЕЈ ЛОЗНИЦА: ПУТИН И СТАЛИН СЕ РАЗЛИЧНИ, АМА ИМААТ ИСТА МОЌ И СИСТЕМ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ
СКОПЈЕ, ТАГАТА ЌЕ СЕ ВИКА СО ТВОЕТО ИМЕ (1)

Најново

  • ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОДБИ ДА ГОНИ 40 ЛИЦА ЗА НАПАДОТ ВРЗ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО 1999 ГОДИНА
  • МАТНИ ЗДЕЛКИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА
  • И РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ГО КРИТИКУВААТ ТРАМП

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet