Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РУСКИОТ ГАС НЕИЗВЕСЕН АМА АЕРБЕЈЏАНСКИОТ СЕ ПРИБЛИЖУВА

December 3, 2019 Filed Under: Македонија

Пуштен е во употреба Транс-анадолскиот гасовод кој е важен и за Македонија. Цевките од него се поврзуваат со гасоводот ТАП треба да дојде од Грција и во земјава

ТАНАП Овој гасовод ги задоволува турските потреби за гас а останува и за другите земји од Балканот и дел од Европа

Пуштањето во употреба на Транс-анадолскиот гасовод (Trans Anatolian Natural Gas Pipeline – TANAP) е важно и за Македонија, бидејќи тој во делот на Грција продолжува во таканаречениот ТАП, (Транс-јадрански гасовод/Trans Adriatic Pipeline), оцени вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој присуствуваше на свеченоста во Едрене во близина на граничниот премин помеѓу Грција и Турција.

„Проектот кој што го имаме развиено за гасно поврзување со Република Грција би требало практично да црпи резерви на гас и од овој гасовод. Оваа гасна магистрала за нас е од исклучителна важност заради тоа што дава конкурентни цени на природен гас и нуди дополнителна алтернатива во снабдувањето со гас, кој моментално го набавуваме преку една гасоводна цевка. Во енергетиката секогаш е многу важно да имате сигурност на снабдување, сигурноста се добива доколку имаме повеќе извори на снабдување, а исто така е многу важна и конукрентноста, бидејќи на тој начин се влијае и на цената на гасот, односно можност за поевтин енергенс за граѓаните“, рече Анѓушев.

Тој информираше дека во февруари 2020 година, планиран е состанок во Баку, на којшто треба секоја од државите да изрази подготвеност односно предвидување која количина на гас ќе има за потреба за потрошувачка.

Во моментот ТАНАП има капацитет за пренос од 10 милијарди кубици гас годишно, со можност да се покачат на 16 милијарди кубици и потоа до 32 милјарди кубици гас годишно, што е крајната цел.

„Потребите на Турција се оценуваат некаде на ниво до 10 милјарди кубици гас годишно, перспективно во текот на годините, тоа значи дека ќе има доволно количини на гас и за земјите од Југоисточна Европа и Балканот и таму каде што цевката завршува, а тоа е Италија“, нагласи Анѓушев.

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека Владата многу е заинтересирана за овој гасовод, имајќи предвид интерконекторот кој се гради до Грција, веќе од наредната година во јуни, се предвидува да биде пуштен во употреба и да се поврзе со ТАП.

НАДЕЖ По одолговлекувањата со Јужниот поток дојде нова надеж за нашите планови за гасификација

Со 17,6 километри под Мраморно Море, главниот гасовод во Турција опфаќа вкупно 1.850 километри, заедно со појдовните станици и надземните инсталации.

Целта на проектот ТАНАП е да донесе природен гас произведен во втората зона за гас во Шах Денис, Азербејџан и другите области во Каспиското Море, главно во Турција, но и во Европа. Проектот ТАНАП, заедно со јужно-кавкаскиот гасовод и транс-јадранскиот гасовод од елементите во јужниот гасоводен коридор.

На покана на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Национални енергетски ресурси Бајрам Реџепи ќе присуствуваат на свеченоста со која ќе се одбележи пуштањето во употреба на Транс-анадолскиот гасовод – ТАНАП (Trans Anatolian Natural Gas Pipeline – TANAP), на локација во близина на граничниот премин меѓу Турција и Грција.

ТАНАП не ја решава само безбедноста на снабдувањето со гас во Турција со диверзификација на изворите, туку исто така, ќе ја подобри безбедноста на снабдувањето во Европа, со што ќе се збогати каналот за енергетски ресурси за континенталните држави, додека истовремено ќе му овозможи на Азербејџан да почне да работи на нови извозни дестинации. Со ова проектот всушност одново ја обликува регионалната и глобалната геополитика во полето на енергетиката.

ИЗГРАДБА Во Турција се гради брзо а ние со Грција ќе се поврземе во јуни 2020 година

ТАНАП минува од турската граница со Грузија во турското село Туркгозу во регионот Пософ, Ардахан и преку 20 провинции меѓу кои Карс, Ерзурум, Ерзинџан, Бејбурт, Гумушане, Гиресун, Сивас, Јозгат, Киршехир, Кирикале, Анкара, Ескишехир, Билеџик, Кутахја, Бурса, Баликесир, Чанакале, Текирдаг и Едрене, а завршува на грчката граница во регионот Ипсала, Едрене во Тракија. Од оваа точка, ТАНАП се поврзува со ТАП за да носи природен гас до европските нации.

Главната линија на проектот вклучува седум компресорски станици, четири мерни станици, 11 инсталации за чистење на цевководите преку клипови, 46 станици за блокирање и две појдовни станици за снабдување на националната гасоводна мрежа на Турција. Проектот, исто така, вклучува две излезни точки што ќе носат гас до европскиот систем преку турската мрежа. Точките се лоцирани во Ескишехир и турска Тракија.

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet