Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РУСКИОТ МОДЕЛ НА ХИБРИДНИ ЗАКАНИ ВРЗ МАКЕДОНИЈА Е РАЗЛИЧЕН ОД ОНОЈ КОЈН ЗАПАДНА ЕВРОПА

August 19, 2025 Filed Under: Македонија

Тоа е затоа што пристапите и инструментите се повеќебројни.  самата Македонија не е повеќе цел на хибридните закани, пред сѐ, затоа што во многу аспекти на дејствување руските хибридни закани се успешни во Македонија и сегашната цел на Русија е одржување на достигнатата состојба

НАВИДУМ ХОТЕЛ „Пекинг“ е името на згарадта која божем имала угостителски амбиции а всусшност е седиште на безбедносниот систем на Русија

ОЛИВЕР АНДОНОВ

Во рамки на моделот на хибридните закани на Русија кон Македонија, пристапите се многу динамични и разновидни. Најпрво самата Македонија не е повеќе цел на хибридните закани, пред сѐ, затоа што во многу аспекти на дејствување руските хибридни закани се успешни во Македонија и сегашната цел на Русија е одржување на достигнатата состојба – успеси и нивна експлоатација во однос на реализација на следните цели кон соседите, односно кон јужното крило на НАТО, пишува Проф. д-р Оливер Андонов од Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје во првиот дел на оваа значајната анализа „РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи“.

Резултатот на ваквиот пристап кон Македонија е лесното пласирање на дезинформации и лажни вести во медиумскиот простор на Македонија и посебно на социјалните мрежи. Буквално преплавување со анти-НАТО и анти-ЕУ постови на разни лажни и реални профили. Создавање на превртена слика за вистинската улога и поддршката на НАТО, САД и ЕУ на Македонија до степен на владино обвинување кон ЕУ дека го уништува македонскиот идентитет. Па сѐ до отворен дипломатски конфликт со Бугарија заснован врз намерно креирани дезинформации чија цел е дополнително ослабување на довербата помеѓу сојузниците во јужното крило на НАТО. И токму овој став како повторена приказна и на мејнстрим медиумите од страна на премиерот се пласира во контекст на загрозеност на Македонија, особено на македонскиот идентитет и тоа од страна на ЕУ, а поттикнато од Бугарија. Дури и тенденциозното отворање на затвореното таканаречено „македонско прашање“ и тоа од страна на премиерот на Македонија како божемна стратегија за докажување на бугарските тенденции за непризнавање на македонскиот идентитет и јазик е еклатантен пример на моделирање и пристап на хибридните закани од страна на Русија.

Во исто време и од Бугарија под влијание на руските политички тенденции за создавање конфликт во јужното крило на НАТО, поедини политички групации излегоа токму со антимакедонски ставови, кои во македонската јавност дадоа потврда на ставовите на Мицкоски, посебно затоа што тие ставови беа интензивно медиумски употребувани во македонскиот медиумски простор, пишува професорот Амдонов.

(Акцент од анализата на проф. д-р Оливер Андонов  „РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)“, објавена на ЦИВИЛ Медиа на 11 август 2025 година. Илустрацијата е на Глобус).

Filed Under: Македонија

ТРЕНЧЕВСКА: БУЏЕТОТ ЗА ГОДИНАВА Е ИНДИКАТОР ДЕКА ЌЕ ИМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
И ЛАНИ ПИШУВАЧИТЕ НА РОМАНИ БЕА АКТИВНИ
НЕУСПЕШНИОТ „САМИТ“  ВО КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ АКТИВИРА ОБВИНИТЕЛСКИ АМБИЦИИ КАЈ ВЛАСТА
ЦРНА ПРОГНОЗА АКО САД ГО ЗАЗЕМАТ ГРЕНЛАНД
ЕВРОПСКИ ОСКАР: ГЛАВНИТЕ НАГРАДИ ЗА НОРВЕШКИ ФИЛМ

Најново

  • ТРЕНЧЕВСКА: БУЏЕТОТ ЗА ГОДИНАВА Е ИНДИКАТОР ДЕКА ЌЕ ИМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
  • И ЛАНИ ПИШУВАЧИТЕ НА РОМАНИ БЕА АКТИВНИ
  • НЕУСПЕШНИОТ „САМИТ“ ВО КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ АКТИВИРА ОБВИНИТЕЛСКИ АМБИЦИИ КАЈ ВЛАСТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet