Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РУСКИ ПОЛИТИЧАР ЛАЖНО ПРЕТСТАВЕН КАКО КАКО МЕДИЦИНСКИ ПРОФЕСОР ОД СКОПЈЕ

March 30, 2021 Filed Under: Македонија

Целта на лагата е да се продава лажен препарат против висок притисок

ПОДМЕТНАТА ФОТОГРАФИЈА На сликата не е македонски професор, туку Аолексеј Константинович Пушков, ексрпратеник од Москва

ЕКИПА НА ВИСТИНОМЕР

Фотографија на јавна личност од Русија се претставува како да е на професор по медицина од Северна Македонија, со цел да се измами публиката и да поверува дека медицински професионалец им препорачува и одобрува препарат за кој е наведено дека ги чисти крвните садови и следствено ќе го намали високиот крвен притисок кај пациентите со хипертензија. Рецензираме рекламен материјал кој не само што користи непостоечки професорски препораки, туку и го модифицира нивното име, во надеж дека ќе звучи повеќе како име и презиме на професор кој е од Македонија, со цел да се таргетира токму целната група на потрошувачи во земјава.

Во рекламата се вели:

Како да се спасите и да си го сочувате здравјето? Зошто токму од крвните садови зависи 90% од здравјето? Кои се јавните симптоми на оштетените крвни садови, а кои се латентните? На овие прашања одговори раководителот на одделението за васкуларна хирургија при Универзитетската клиника во Скопје, професорот Миодраг Атанасовски.

Како начин на претставување на производот кој е наречен Кардиол, се користи цело измислено исфабрикувано интервју со наводен професор кој не постои.

Фотографијата со која се илустрира ова интервју не е на професор Миодраг Атанасовски од одделението за васкуларна хирургија при универзитетската клиника во Скопје. Професор со такво име и презиме не постои во Македонија, на ниедна универзитетска клиника. Со пребарување во листата на специјалисти кои имаат дозвола за работа од Лекарската комора, на сајтот на Фондот за здравствено осигурување, исто така, името Миодраг Атанасовски не може да се пронајде. Станува збор за измислен идентитет, на кого му е накалемена измислена изјава, односно самата содржина на рекламниот материјал и маркетинг стратегијата за продавање на препарат против висок крвен притисок. Лажната фотографија е поставена за да се максимизира и оптимизира кредибилноста на изјавите пренесени во текстот, за да му се даде „лице“ на зборот, односно за изјавите да се поврзат со личност која е бел мантил, односно лекар кој треба да предизвика поголема доверба во кажаното за медицинската состојба хипертензија и запушување на крвните садови.

ЧИСТАЧ Крвните садови се компликувани, вели пропагандниот материјал, па им треба добар чистач

Кој се наоѓа на фотографијата што е злоупотребена?

На неа е претставен рускиот политичар Алексеј Константинович Пушков, роден на 10 август 1954 година, поранешен сенатор во рускиот парламент. 

Не е првпат името Миодраг Атанасовски да биде користено како мамец за продавање на препарати против хипертензија. Како што Вистиномер претходно пишуваше, истото име се користеше како параван за наводен професор, ама тогаш наместо фотографијата на Константинович Пушков, се користеше фотографијата на проминентниот руски адвокат Хенри Резник.

Под исфабрикуваната реклама која ја рецензираме, има и фотошопирани коментари од наводни задоволни корисници. Дадена е и бизарна причина зошто препаратот Кардиол не се продава во аптеките туку само со онлајн нарачка, а тоа било наводно, што сите произведени количини веднаш се продавале и тоа во болниците. Во македонските болници Кардиол не се користи. Ова е лага.

Исто така, лага е дека препаратот ги поминал сите испитувања во македонскиот Институт за кардиологија, каде наводно била потврдена неговата ефикасност. Институт за кардиологија во Македонија нема.

Без да навлегуваме во тоа дали препаратот Кардиол е ефикасен, констатираме дека е искористен неетички маркетинг за неговата промоција, односно маркетинг стратегија која е базирана на измамнички наративи и лажно претставување на фактите како да доаѓаат од врвни медицински стручњаци. Лага е дека постои професор Миодраг Атанасовски кој препорачува Кардиол, кој бил потврден како ефикасен на Институтот за кардиологија.

 

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet