Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РУСКИ РУЛЕТ ЗА КУПУВАЧИТЕ НА МЕБЕЛ

June 4, 2019 Filed Under: Македонија

Деловниот рецепт на фирмата Нофа е направен токму таков за да му овозможи на инвеститорот да побегне без последици во било кој миг, не оставајќи зад себе било што освен долгови

ЗГРАДАТА НА НЕФА ВО ВРАЊЕ Се работи за изнајмен ростор од поранешниот гигант Јумко

Додека во Србија и Македонија има обиди да се се соберат ненаплатените                     побарувања на работниците на компанијата Спилит и купувачите на мебел од Нефа, рускиот државјанин Андреј Ходасевич, наводниот иннвеститор во проектот Нефа, се огласи на интернет страницата на пртпријатието и порача дека купувачите и работниците а не вруваат на медиумските написи за измама, односно дека истите ќе бидат обесштетени. Најновије информације се дека споменатиот Рус планира да го продаде своето претпријатие, но дека стока има доволно да се надомести штетата на вработените и на купувачите, што претходните месеци го платиле мебелоит ама н го добиле бидејќи овој инвеститор ненадејно побегнал и ги затворил погоните.
Намештајот инаку се произведувал во погоните на Јумко во Врање, односно во Застава аутомобили во Сомбору, што се изнајмљени, токму како што се очекувало во деловните простории и продавници кои припаѓале на Јумко ама станале дел од Нефа мебел. Са друге стране, податоците на српскиот АПР (српскиот Централен регистер)    зборуваат дека фирмата Нефа мебелј д.о.о, во стопроцентна сопственост на фирмата Холодекс зад која стои рускиот држављанин Виталиј Сергеев. Холодекс исто така е единствен сопственик на фирмата Спилит са седиште во Врање, основана е во 2017. кога е регистритн и Нефа мебел. Деловниот комплекс на фабриката во Врање изнесува 8.000 квадратни метри а биле вработувани меѓу 300 и 400 работници.

Кој е всушност инвеститорот Ходасевич, кој на купувачите и врабиотените им ветува обесштетување а медиумите ги обвинув а дека за него пишуваат лаги, се уште не е познато. ЗЗато се, пак, се знае дека инвеститорот нема имот во Србији, погоните,, магацините и деловните простории исклучиво ги закупуваше, токму како што и мнозинството на работницитр ги ангажираше преко лизинг агенции. Деловниот рецепт е направен токму таков за да му овозможи на инвеститорот да побегне без последици во било кој миг, не оставајќи зад себе било што освен долгови.

ПРАЗНО Типична продавница на Нефа – нема мебел, нема продавачи, нема ни сопственици

Кја нас не е голема засега штетата на муштериите ама се смета дека тоа не е конечна бројка – цените на мебелот била многу поволна и ибла мамка. Откако пред една недела од салоните почнале да добиваат одговори дека газдите не се тука и дека фирмата ќе се затвора, дел од оштетените граѓани лично се упатиле во салоните и магацините на Нефа и со дозвола на вработните подигнале мебел сличен на оној што го платиле, ни раскажаа дел од оштетените.

Таксано е и единственото парче мебел останато во овој салон.

Оштетен граѓанин кој задоцнил и дошол вчера оставил порака на врата – доколку некој го отвори повторно салонот да му се јави за да дојде и да го земе креветот.

За разлика од Скопје продавницата во Струмица се уште има мебел. Но Рокасана Петковска наиде на затворена врата.

Голем дел од оштетените што ги сретнавме пред салоните или пак контактиравме по телефон не сакаа јавно да говорат но велат немале причина да се сомневаат дека ке останат со празни раце и покрај тоа што мебелот на Нефа биле доста поефтин.

Провериле и во централниот регистар и виделе дека фирмата не е блокирана и функционира без проблеми.

Ја платиле цела сума однапред, потпишале и договор и чекале да поминат 35-те дена за испорака.

ЗАСЕГА Ова е сумата која се должи на македонските купувачи

Но во очи на продолжениот викенд се става клуч на врата во Нефа. Затворени продавници, исклучени телефони, вработени без одговори и оштетени граѓани на кои не им се знае број.

Телефоните за контакт се недостапни, исто како и веб страната и фејсбук профилот на оваа фирма кои се исклучени.

Институциите во земјава со штури информации. Од МВР велат вчера добиле две пријави од граѓани а од пазарниот инспекторат пак постапуваат по 5 претставки поднесени последниот месец.

„Инспекторите беа на терен направија контрола и подготвиле записник. Констатирале дека мебелот не е испорачан и задолжена е фирмата во рок од 30 дена да постапи. Но доколку во меѓувреме навистина ги затвориле продавниците на оштетените им останува да тужат” – посочува директорот на државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски

За тужба советуваат и од организацијата на потрошувачи

„Со оглед дека а настаната ваква ситуација во која сопствениците затвориле и се во бегство граѓаните мораат да интервенираа во Државен пазарен инспекторат каде ќе ги доставата веродостојните документи (доказ за купување и плаќање) Граѓаните треба да бараат да им одговорат дали се во можност да интервенираат. Договорот се раскинува поради неисполнување на обврската но оштетените граѓани треба да консултираат адвокат поради неисполнување на обврската” – велат од организацијата на потрошувачи.

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet