Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РУСКИ СКИЈАЧКИ ВО БИКИНИ СЕ БОРЕА ЗА ГИНИСОВИОТ РЕКОРД

April 23, 2018 Filed Under: Ревија

Во рускиот Сочи викендов се одржа ткн. „Скијачки карневал“, а главната цел беше уривањето на Гинисовиот рекорд. Над 1.800 „сскржаво“ облечени учесници ги покажаа своите скијачки … и други квалитети

ВЕСЕЛО Натпреварот за Гинисов рекорд за овие руски деовјки бше и можност за добра забава

Дури 1.800 учесници годинава, овој април, беа присутни на традиционалното скијање во бикини. Рускиот туристички центар Сочи ја има таа привилегија да овозможува лете да се капете на море а зиме со ски лифтови да заминете на некои од скијачките патеки. Впрочем, Сочи беше домаќин на Зимскит олимписки игри!

Учесниците односно учесничките се скијаа во бикини а пред две години беше срушен рекордот кога полуголи скијаа 1.008 учеснички. Сега се очекува известување од компанијата која го држи правото да прогласува Гинисови рекорди дали „се важи“ последната пријавена бројка, односно потврдата дека е поставен нов рекорд.

Да се потсетиме дека во сега далечната 1946 година еден инженер од Париз го креираше „скандалозното“ парче облека за дами: бикини-костимот за капење кој повеќе открива отколку што покрива. И, тој влезе во легендите.

Професионална манекенка која ќе го промовира тогаш не можеше да најде. Затоа, за презентацијата на првиот бикини-костим на 5 јули 1946 година инженерот Луи Реар ја ангажираше стриптиз-танчерката Мишелин Бернардини. Тоа не беше случајно. Американската армија само што спроведе нуклеарен тест на атолот Бикини во Тихиот Океан и со тоа предизвика големо внимание во светот. Слична експлозија требаше да биде презентирањето на новиот костим за капење од Париз. Реар добро предвиде. Толку многу кожа беше премногу за тогашните прилики. Чуварите на моралот беа вџашени. Жената во повоените години требаше да биде облечена во здолниште и да има долга престилка, а не да се соблекува на таков бесрамен начин, сметаше јавноста.

МИШЕЛИН БЕРНАРДИНИ Оваа танчерка е првата која го проба бикинито во 1946 година

Бикини-костимот беше долги години изолиран од јавноста, дури и познатиот „Вог“ го одби да ги пропагира. Сепак, филмски ѕвезди како Мерилин Монро и Брижит Бардо се држеа до своите бикини и редовно се фотографираа во нив.

Пречките беа урнати со филмот „Доктор Но“ во 1962 година. Моделот што Урсула Андрес го носеше во филмот за Џејмс Бонд, влезе во историјата. Победничкиот поход на бикини-костимот не можеше да се запре.

Историјата на бикинито има многу интересни епизоди . Една е врзана за чешкиот оператор ЧЕЗ, кој лани мораше да се извинува откако ги бираше своите идни вработени преку фото сесија во бикини. Така, десет кандидатки за вработување позираа во една од кулите на нуклеарката во Темелин, која привремено беше затворена. Потоа, компанијата побара од нејзините следбеници на Фејсбук да ги рангираат нивните фаворити, а онаа со најмногу гласови доби 14 дневна пракса во централата.
Во соопштение за медиумите, ЧЕЗ го спореди фотографирањето со претходните програми за културно збогатување, како гостувањето на Филхармонијата во нуклеарната централа во јужна Бохемија. Во соопштението се вели дека девојките уживале во искуството. Од нив било побарано да носат и заштитни капи и затворени чевли.
Локалната ТВ станица Јихочешке објави и репортажа од настанот, покажувајќи ги девојките за време на фотосесијата во нуклеарната централа на западот на Чешка.

ЅВЕЗДИ Облекувањето на бикини им ја одреди кариерата – Урсула Андерс и Хали Бери

Но, настанот предизвика жестоки реакции во останатите медиуми во Чешка и на социјалните медиуми.
„Ова натпреварување е целосно надвор од било каква етика. Во 2017, сметам дека е неверојатно некој да добива професионална предност поради тоа што изгледа добро“, изјави Петра Хавликова, адвокат за заштита на човековите права.
„Соблечи се и добиј пракса- ова не може да биде сериозно, туку деградирачки, одвратно и примитивно“, напиша еден корисник на интернет.
„Знаењето очигледно не значи ништо“, коментираше друг.
Компанијата ЧЕЗ подоцна се извини за скандалот и соопшти дека им понудила пракса на сите девојки кои се пријавиле на конкурсот.

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet