Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РУСКОВСКА „ЌЕ СВИРИ“ КРАЈ НА ИСТРАГАТА!

October 7, 2019 Filed Under: Македонија

Истекува рокот за увид на обвинетите во доказите, „Рекет“ пред обвинение

РЕКЕТ ПРИ КРАЈ Изминуваат 90-те дена од почетокот на истрагата во Рекет и се олчекува Русковска да излезе со обвинение

Во понеделникот истекоа 15 дена – рок кој осомничените во случајот „Рекет“ го имаат за да направат увид во доказите од истрагата, по што обвинителката Вилма Русковска може да покрене обвинение.

На 23 септември Русковска ја затвори истрагата што се води против тројца осомничени – Бојан Јовановски и Зоран Милески, осомничени за тргување со влијание и за перење пари и за Катица Јанева за злоупотреба на службената положба како специјален јавен обвинител.

Апелација во петокот одлучи Боки 13 да остане во притвор поради опасност од бегство. Судиите не го прифатија  барањето на Боки, поради здравствените проблеми и неопходната медицинска нега да биде пуштен во домашен притвор.

Адвокатите на Јанева повторно поднеле жалба до  Апелација и таа да биде ослободена од притвор, бидејќи со завршување на истрагата се отстранети причините за таа да биде во притвор во истражниот затвор.

Јовановски и Јанева се уште немаат дадено искза пред Русковска откако се осомничени во Рекет.

Адвокатот на Јовановски Сашо Дуковски и на Јанева побараа прво да направат увид во доказаите, па потоа нивните клиенти да дадат исказ.

Искази протекоа во јавноста и се нудат на продажба

Случајот Рекет влегува во влегува во петтиот месец од покренување на истрагата.

ПРИТВОР Jовановски (од 15 јули) и Јанева (од 21 август) се во притвор во затворот Шутка, додека Милевски е во домашен притвор

За овој период истрагата се соочи со повеќе предизвици. Прво, во јавноста се појавија детали од исказот на сведокот Орце Камчев кој и го пријави случајот. Обвинителството досега поднесе обвинителен предлог за новинарот на интернет порталот „Инфомакс“ каде беше објавен исказот, но се уште не  утврди на кој начин записникот кој е дел од предметот бил изнесен во јавноста. Се уште не се знае ниту како сите искази кои била дадени во Обвинителството за гонење на организиран криминал завршиле кај претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски кој на прес конференција рече дека „свиркач“ ги доставил до партијата.

Подоцна во истиот портал се појавија детали и од исказ на друго лице во врска со истрагата.

Адвокатот на Боки 13 во петокот објави уште еден скандалозен момент, а тоа е дека непознато лице преку телефонски повик му го понудил на продажба исказот на второ осомничениот Зоран Милески.

Од Обвинителството и за овој случај рекоа дека се води истрага.

Исказот на Милевски не им беше презентиран ниту на Јовановски ниту на Јанева.

За протекувањето на службените белешки, следуваа меѓусебни обвинувања од судските институции.

На последниот брифинг во Кривичен, од овој суд тврдеа дека интерната истрага покажала дека доверливите документи за „Рекет“ не протекуваат од Кривичен. Се разговарало со сите лица кои имале контакт со документите, но не било утврдено дека документите биле изнесени од Судот.

-Исказот кој претходно цел месец беше во Кривичниот суд, протече во јавноста само ден  откако од Кривичен беше препратен во Апелација, велат извори од Кривичниот суд.

Во меѓувреме е зголемена безбедноста на пренесување на документи до Апелација. Документите се конвертираат и се става дополнителен селотејп, велат извори во Судот.

-Четири години ги чувавме сите документи за случаите од СЈО и досега во јавноста не излезе ниту еден документ од Судот, додаваат од Кривичен како аргумент на тврдењето дека тие не се институцијата од каде излегуваат доверливи списи.

Пораката на Помпео

Највисоките претставници на власта постојано повторуваат дека случајот „Рекет“ е круцијален тест за системот на правната држава и треба да се реши темелно до крај не заради Европа, туку пред се, заради нас самите.

КРИВИЧЕН Се „загреваат“ столчињата во Кривичен за актерите на аферата „Рекет“

Не смееме да ги толерираме евентуалните странични влијанија без разлика од која страна доаѓаат. Оваa порака ја испрати претседателот Стево Пендаровски на неодамна  одржаната Националната конвенција за Европската унија.

Според него, треба да им дадеме максимална поддршка на нашите институции во борбата против корупцијата со цел културата на неказнивост да стане минато. За успешно справување со криминалот и корупцијата, порача шефот на државата, потребно е обединување на сите, од власта опозицијата, бизнис секторот, граѓанските здруженија.

Премиерот Заев на вчерашната трибина „На прав пат“ во Штип истакна дека очекува „Рекет“ да финишира со обвинителен акт пред 15 октомври.

– Пред 15 завршуваат 90 дена од истрагата, по што очекувам да биде завршена со обвинителен акт и граѓаните да ги знаат сите вистини. Тоа ќе го охрабри правосудството и понатаму да одлучува исклучиво и по Устав и по Закон и по сопствено убедување и затоа што ветивме правна држава, владееИако не го спомена директно, за случајот „Рекет“ порака испрати и државниот секретар на САД во во петокот беше во Македонија.

-Ги поздравуваме чекорите што ги презема вашата Влада во борбата со корупцијата и сите оние кои ги прекршиле законите и ја злоупотребиле јавната доверба. Борбата со корупцијата е од клучна важност за вашата НАТО и ЕУ интеграција, но уште повеќе за вашата демократија и за граѓаните, изјави Помпео на прес конференцијата со Заев во Охрид.

Претходно и американскиот заменик помошник државен секретар Метју Палмер во интервју за Гласот на Америка на српски јазик изјави дека без решение за истрагата за случајот „Рекет“ во кој е вмешана и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, може да се поткопаат изгледите на Северна Македонија за почеток на пристапните преговори со Европската Унија.

ње на правото. Право еднакво за сите, еднакви граѓани пред правниот систем, рече Заев.

-Ова се сериозни обвинувања и таквите сериозни обвинувања бараат сериозен одговор. Ние поддржуваме целосна, темелна и транспарентна истрага на овие обвиненија и, ако има докази, и соодветно обвинение. Ова е навистина можност за властите во Северна Македонија да демонстрираат почитување на владеење на правото, вели Палмер во интервјуто, пренесе 360 степени.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар досега неколкупати го коментираше случајот. Според него, судството можеби ја има последната шанса да ја врати довербата кај граѓаните со независна, целосна и брза истрага на случајот „Рекет“, оценувајќи дека тој е трансформиран во риалити шоу, а лажните вести и доведувањето во прашање на се и сешто, станаа модус операнди во земјата.

Му порача на судството дека треба да најде сила да му даде отпор на притисокот, независно од каде тој доаѓа, и дека за тоа има целосна поддршка од ЕУ.

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet