Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РУСКОСКА НАЈАВУВА ПРОЦЕС ПРОТИВ „ФАСАДЕРОТ“

March 25, 2022 Filed Under: Македонија

Јавната обвинителката за организиран криминал, Вилма Русковска, вечерва најави дека ќе биде отворена истрага за еден дел од мегаломанскиот проект „Скопје 2014“, за кој кривичната постапка засега е во фаза на предистрага

РУСКОСКА Неделавата ќе имаме резултат во форма на покренување на истрага за новата фазада на Владата

„Нацрт-наредбата за истрага е веќе подготвена. Ја прегледав и очекувам во понеделник-вторник да биде потпишана“, рече Русковска во гостувањето во „360 степени“ на ТВ Алсат.

Таа не сакаше да открие други детали за случајот, освен дека во истрaта завршува.. Според „360 степени“, непотврдени информации велат дека станува збор за начинот на кој е спроведена набавката за неокласичната фасада на зградата на Владата. Тој зафат, според базата на „Призма“ (БИРН), чинел 17,6 милиони евра. Во објаснувањето на БИРН се потсетува дека „за промена на фасадата, Владата употреби еден специфичен метод што во самиот старт беше критикуван“.

Имено, Владата на својата интернет-страница спроведе онлајн анкета во чија автентичност веднаш се посомневаа критичарите на проектот „Скопје 2014“.

Нивните аргументи беа дека со таквата онлајн анкета, практично, јавноста се става пред свршен чин – да избира меѓу понудените решенија и на тој начин да ја легитимира одлуката за измена на авторското дело на архитектот Петар Муличковски.

БАРОКЕН ИЗГЛЕД Чаушевски во изглед оприкладен на добата која ја воведува во архитектурата – изработка на арх.студио „Мен-ге-ле“

На интернет анкетата со 32% гласови победи идејното решение на Филип Богатинов и Жарко Чаушевски, кој е автор на повеќе објекти изградени во рамките на проектот, сите во препознатлив барокен стил.

Конкурсот е затворен на 27 јануари 2012 г. Девет дена подоцна, на 5 март фирмата „Архитектоника“ на Чаушевски, по пат на преговарање, без претходно објавување оглас, го склучува договорот за изработка на основен проект за реконструкцијата, пишува БИРН.

Шест месеци по овој, фирмата на Чаушевски склучува и договор за изработка на идеен и ревидиран основен проект. Во договорот е наведено дека фирмата „Архитектоника“ е избрана меѓу седум понуди, по пат на електронска аукција.Во истрагата ќе биде осомничен еден поранешен функционер., од не највисок ранг, истакна обвинителката.

 

Filed Under: Македонија

„ИГРИ НА ПРОШИРУВАЊЕТО“: ЕУ БАРА ЗАБРЗАН МОДЕЛ ЗА УКРАИНА А ЗАПАДЕН БАЛКАН СЕ ПЛАШИ ОД СТАТУСОТ НА „ВТОРА ЛИГА“
ИЗВЕЗЕНИ МАКЕДОНСКИ „КОРНИШОНИ“ СТАНАА ГЛАВНА АФЕРА ВО СРБИЈА
MЕТЕ ФРЕДРИКСЕН – ЖЕНАТА ШТО СТОИ МЕЃУ ТРАМП И ГРЕНЛАНД
KOЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ АНТЕ ГОТОВИНА И ДРАЖА МИХАЈЛОВИЌ, ВИДЕНА НИЗ ДВАТА ПОСЛЕДНИ ФИЛМОВИ ЗА НИВ?
КИНЕСКАТА СТАПИЦА: КАКО ТРГУВААТ ПЕКИНГ И МОСКВА

Најново

  • „ИГРИ НА ПРОШИРУВАЊЕТО“: ЕУ БАРА ЗАБРЗАН МОДЕЛ ЗА УКРАИНА А ЗАПАДЕН БАЛКАН СЕ ПЛАШИ ОД СТАТУСОТ НА „ВТОРА ЛИГА“
  • ИЗВЕЗЕНИ МАКЕДОНСКИ „КОРНИШОНИ“ СТАНАА ГЛАВНА АФЕРА ВО СРБИЈА
  • MЕТЕ ФРЕДРИКСЕН – ЖЕНАТА ШТО СТОИ МЕЃУ ТРАМП И ГРЕНЛАНД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet