Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

РУСОФИЛИТЕ ВО ЗЕМЈАВА ПРОТИВ ЧЛНСТВОТО ВО ЗАПАДНИТЕ СОЈУЗИ

June 19, 2018 Filed Under: Македонија

„Тезите за руско влијание се далеку од вистината“ изјави пратеникот Иван Стоиљковиќ, по најавата на постојаната претставничка на САД во НАТО, амбасадорката Кеј Бејли Хачинсон дека Алијансата ќе направи „сe` што е возможно за да ѝ помогне на земјата да се спротивстави на погубното влијание од Русија“

КОМУНИКАЦИЈА Јанко Бачев со професорот од Москва Леонид Савин ќе ги обуичуваат Македонците да ги сакаат Русите

„Тезите за руско влијание се далеку од вистината“ изјави пратеникот Иван Стоиљковиќ, по најавата на постојаната претставничка на САД во НАТО, амбасадорката Кеј Бејли Хачинсон дека Алијансата ќе направи „сe` што е возможно за да ѝ помогне на земјата да се спротивстави на погубното влијание од Русија“

„Воздухот што го дишеме во Македонија е под контрола на НАТО и ЕУ. Сè она што се случува е под директно влијание на нашите западни пријатели. Какво руско влијание? Што има руско во Македонија, па се загрижени дека ќе ја нападнат. Кој ќе ја нападне Македонија?“, праша за време на својот настап на една ТВ емисија, пратеникот Иван Стоиљковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.

Изјавата на Стоиљковиќ, доаѓа по изјавата на постојаната претставничка на САД во НАТО, амбасадорката Кеј Бејли Хачинсон, која ја пренесоа македонските медиуми, цитирајќи го рускиот извор „Новости“, дека и покрај незапочнатата процедурата за прием на Македонија во НАТО, поради спорот со Грција за името, Алијансата ќе направи сe` што е можно за да ја заштити Македонија од евентуалното „погубно влијание“ од Русија.

„Ако спорот за името не биде решен до средбата на врвот на членките на НАТО и не биде започната процедурата за нејзин прием, ќе продолжиме да работиме за заштита на земјата од штетните влијанија. Имаме блиски работни односи со Македонија, и во НАТО ќе направиме сe` што е возможно за да ѝ помогнеме на земјата да се спротивстави на погубното влијание од Русија, било да е хибридна војна или каква била друга дејност“, изјавила Хачинсон.

Стоиљковиќ пак тврди дека во Македонија нема руско влијание и дека политичките процеси во земјата се под директно влијание на Запад, негирајќи дека е тој еден од политичарите кои наводно вршат руско влијание.

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА Не оставаат никаква сомнеж „за кого навиваат“

„Македонија е држава која се граничи со НАТО-сојузници. Кој ќе ја нападне ако однатре не ја руинираат? Тезите за руско влијание се далеку од вистината и вршат поделби во Македонија“, изјави пратеникот.

Како претседател на Демократската партија на Србите, Стоиљковиќ пред две години во Москва, со партијата Единствена Русија, ја потпиша таканаречената Ловќенска декларација, со претставниците на две црногорски опозициски партии, и помали партии од Србија, БиX и Бугарија, како „модел за идните односи меѓу Балканот и Руската Федерација“. Потписниците на документот се залагаат за формирање воено неутрална територија на Балканот, низ проект чија цел е воведување регионална доктрина која во иднина би била разгледувана во евентуалната „нова континентална архитектура на безбедноста“. Во декларацијата се предвидува и развојна соработка на балканските држави со земји од Евроазискиот економски сојуз.

Неговата посета во Москва, Стоилковиќ ја објаснува со изместените приоритети во Македонија и со желбата да испрати сигнал за сè што се подготвува во Македонија преку Тиранската платформа.

И челниците на партијата која се ребрендираше во Единствена Македонија за да ја покаже поддршката и сличноста со партијата на Владимир Путин, претседателот и заменик-претседателот Јанко Бачев и Стефан Влахов Мицов, на средбата со францускиот заменик-амбасадор во Скопје, повторно потенцирале дека опстанокот на Македонија и просперитетот на македонскиот народ се обезбедува во сојуз со Русија и со членство на Македонија во Евроазиската економска унија.

Во тој контекст, Единствена Македонија низ соопштение го изрази задоволството од „успешно завршената прва школа за обука на кадри за потребите на новата легална власт на Единствена Македонија“, теоретска и практична обука на 50 посетители, утврдени според строги критериуми, под менторство на професорот Леонид Савин од Русија. Според партијата, школата на Единствена Македонија за обука на кадри ќе функционира засилено во иднина, „земајќи предвид дека нè чека тешка работа, бидејќи, државата е уништена на политички, безбедносен, економски и социјален план“.

ПИОНЕР Иван Стојиљковиќ е пионер во поблиското поврзување на Македонија со Москва

Досега главно маргиналната партија Единствена Македонија соопшти и дека е подготвена за преземање на власта во Македонија, најави нов Устав и нови закони: „Во следниот период Единствена Македонија ќе ги победи погубните политики на партијата ‘Погреб за Македонија“, составена од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ“

Оваа партија во март издаде проглас за радикален пресврт во македонската политика порачувајќи дека „иднината им припаѓа на Русија, Кина и останатите држави од БРИКС и дека Република Македонија мора да се вклопи во таа иднина“, и им беше домаќин на руските професори Александар Дугин, тогаш најавен како „првиот советник на претседателот на Русија, Владимир Путин“ и Леонид Савин, како организатор на панел-дискусијата на тема: „Република Македонија во стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија“.

„Најважно е словенските народи да бидат обединети, словенските народи имаат заедничка историја, судбина, корени…, и во Новиот поредок имаме многу опасности кои го загрозуваат нашиот идентитет… Дури и големите словенски држави, како што е Русија, се загрозени… Секој балкански народ, секој словенски народ има свои предизвици“, изјави тогаш Дугин.

(VOA newa)

Filed Under: Македонија

КАКО ЗАВРШИЈА ПОСЛЕДНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: НИЗОК ОДЅИВ КАКО ОДРАЗ НА АПАТИЈА, СО МНОГУ НЕДОСТАТОЦИ КОНСТАТИРАНИ ОД НАБЉУДУВАЧИТЕ
КОЈ ЗА ШТО, ВО СДСМ ЗА ОСТАВКИ
ВО ПОДГОРИЦА СЕ СЛУЧУВА ФАШИСТИЧКА ЦРНА КОМЕДИЈА
НИКОЛА РИСТАНОВСКИ: ГНЕВОТ НЕ Е ДОВОЛЕН
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025: ГЕНЕРАЛНО МИРЕН ПРОЦЕС СО СЕРИОЗНИ СИСТЕМСКИ И ИНСТИТУЦИОНАЛНИ СЛАБОСТИ

Најново

  • КАКО ЗАВРШИЈА ПОСЛЕДНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: НИЗОК ОДЅИВ КАКО ОДРАЗ НА АПАТИЈА, СО МНОГУ НЕДОСТАТОЦИ КОНСТАТИРАНИ ОД НАБЉУДУВАЧИТЕ
  • КОЈ ЗА ШТО, ВО СДСМ ЗА ОСТАВКИ
  • ВО ПОДГОРИЦА СЕ СЛУЧУВА ФАШИСТИЧКА ЦРНА КОМЕДИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet