Намалената доверба во институциите и зголемената воздржаност од инвестициски зафати се одрази и кај кредитната активност. На крајот од првото економско полугодие, вкупната кредитна задолженост на компаниите изнесувала 2,5 милијарди евра. Ако референдумот успее ќе имаме друга слика веднаш.
АНЕТА ДОДЕВСКА
Претстојниот референдум ќе биде пресуден за идните економски движења во земјава, но дотогаш неизвесноста се уште е присутна и тоа се одрази врз инвестициската активност на домашните компанаии, што пак влијаеше и врз вкупните економски показатели, коментираат за „Порталб“ дел од економистите. Намалената доверба во институциите и зголемената воздржаност од инвестициски зафати се одрази и кај кредитната активност. На крајот од првото економско полугодие, вкупната кредитна задолженост на компаниите изнесувала 2,5 милијарди евра.
СИГУРНОСТ По потегот на банкарите да ја зголемат каматата на кредитите за фирмите за 0,05 отсто, со што таа достигна 4,64отсто, сега се најавува можно олеснување на кредитните услови, но со очекување дека побарувачката за кредити од страна на фирмите ќе забави. Според најновата Анкета за кредитна активност што ја објави Народната банка, сепак најголем дел од банкарите, односно 85% изјавиле дека условите за кредитирање на компаниите главно остануваат непроменети. Клучен фактор кој може да предизвика олеснување е меѓубанкраската конкуренција
ЗАОСТРЕНИ КРЕДИТНИ УСЛОВИ „Во однос на факторите коишто делуваат врз условите за одобрување корпоративни кредити, конкуренцијата од другите банки и натаму има најголем придонес кон олеснувањето на вкупните кредитни услови. Ризикот од неизвршување на обезбедувањето и натаму предизвикува заострување на кредитните услови, но умерено послабо во однос на претходната анкета“ – велат од НБМ.
Компаративната анализа на податоците покажува дека на крајот од јуни во споредба со јануари годинава, салдото на кредити за фирми е зголемено за 42,1 милиони евра.
Корпоративни кредити
Јуни 2018 година 2 милијарди 502 милиони евра
Јануари 2018 година 2 милијарди 460 милиони евра
Дел од економистите велат дека иако има пораст на кредитирањето, важно е прашањето на што се должи тој раст, односно дали зборуваме за инвестициски кредити или за кредити со кои се крепи ликвидноста.
„Сметам дека и граѓаните и компаниите покажаа конзервативност во услови на сеуште присутна неизвесност на политички план. Практично, клиентите немаат доверба во институциите, во смисла како ќе се истурка целиот процес околу референдумот. Секој сака сиугрност за својот капитал, за своите пари. Но ние имаме состојба во која се подгреваат некои политички, па дури и меѓуетнички прашања. Очекуване е дека поради ова граѓаните и фирмите ќе ги одложат своите инвестициските одлуки, и парите ќе ги чуваат “под перница“ се доека не се види исходот од рефрендумот кој несомнено ќе има големо влијание врз економијата. Би споменал дека една од причините за воздржаност се и регионалните случувања, особено оние на Косово“ – вели аналитичарот Висар Адеми и објаснува дека се ќе биде појасно по исходот од референдумот, а дотогаш не очекува позначајни економски поместувања.
Иако побарувачката за корпоративни кредити расте, тој пораст е со забавена динамика.
“Во второто тримесечје на 2018 година, се забележува нето-зголемување на вкупната побарувачка на корпоративни кредити, но послабо во однос на претходната анкета. Ваквата промена е резултат на умерено послабата побарувачка на кредити од страна на големите претпријатија“ – се наведува во анкетата на Народната Банка.
И граѓаните внимателни при кредитно задолжување …
Слична е состојбата и кај кредитирањето на населението, имено во вториот кавартал веќе е регистрирано намалување, пред се кај потрошувачките кредити.
“Во вториот квартал на 2018 година банките укажуваат на нето-намалување на побарувачката за кредити кај секторот „домаќинства“. Оценетото намалување на вкупната кредитна побарувачка, во најголем дел е резултат на нето-намалувањето на побарувачката за потрошувачки кредити, но послабо во однос на претходната анкета. Кај станбените кредити, забележано е значително послабо нето-зголемување на побарувачката, во однос на претходниот период. Сепак, и натаму најголемиот процент од банките, околу 92%, укажуваат на непроменета побарувачка на вкупните кредити од страна на домаќинствата“ – велат од Народната банка.
Податоците покажуваат дека граѓаните, на крајот од јуни, во банките должеле 2,4 милијарди евра што е за 113 милиони евра повеќе во однос на состојбата во јануари годинав
Кредитна задолженост на граѓаните
Потрошувачки кредити 953,7 милион евра
Станбени кредити 687,6 милион евра
Автомобилски кредити 4,9 милион евра
Кредитни картички 198,3 милион евра
Дел од банкарите коментираат дека моменталната политичка состојба влијае врз кредитната активност, односно врз зголемување на воздражаноста од побарувачка за кредити, но и врз зголемување на внимателноста при нивно одобрување. Сепак, посочуваат дека сезонски, во летниот период очекувана е зголемна побарувачка, особено на домаќинствата .
Кредитирањето е само еден од сегментите во економијата во кој се почуствува влијанието од случувањата на политичката сцена. Зголемената внимателност при одборување и реализација на проектите влијаеше врз намалување и на јавните инвестции, кои на крајот од првото економско полугодие се остварија со 16,6 отсто во однос на проекцијата. Во услови коа земјата ги исцртува контурите на евроатланската иднина, условена со успешноста на претстојниот референдум, неизвесноста е очекувана, коментираат аналитичарите, но притоа посочуваат и на придобивките од членството во Нато и во ЕУ.
„Отворањето кон европските интеграции ќе отвори и нова перспектива за земјава, еден од проблемите со кои би се соочиле е миграцијата што ќе влијае на внатрешната економија, но мора да се каже дека и сега со глобализацијата, не можеме да го спречиме овој процес – а тоа е протокот производи и на луѓе. Мора да го видиме ефектот во различни сектори“ – оцени Фатмир Битиќи, економист и советник во кабинетот на премиерот.
Првиот економски квартал од годинава заврши со раст на Бруто домашниот призвод од 0,1 отсто..
—