Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

САД ЈА ПОДДРЖАЛЕ НАШАТА АРМИЈА СО СРЕДСТВА КОИ СЕ КОЛКУ ПОЛОВИНА ОД ДОМАШНИОТ БУЏЕТ ЗА ВОЈСКАТА

March 14, 2023 Filed Under: Македонија

Криволак е тренинг центар на македонската армија, но задоволна сум од фактот што особено во изминатиот период тој се користи од страна на армиите на сојузничките земји и на нашите партнери – вели американската амбасадорка

ПОДДРШКА Од полиготонот криволак имаат корист сите НАТО партнери – вежби на американски хеликоптери

За една година САД ја поддржале македонската армија со 137 милиони долари. За споредба, тоа претставува речиси една половина од буџетот на министерството и на армијата, рече министерката Славјанка Петровска при neodamne[nata посета на Криволак, заедно со амбасадорката на САД

Со вкупно 137 милиони долари САД во период од една година ја поддржале македонската армија и министерството за одбрана. Тоа на воениот полигон Криволак го соопшти министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Министерката воедно и лично ѝ се заблагодари на американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, за најновата сума од 31 милион долари поддршка во македонската одбрана.

„Заедно со претходно одобрените средства, тие претставуваат вкупно 137 милиони долари поддршка за проектите на македонската армија и на Министерството за одбрана. За споредба, тоа претставува речиси една половина од буџетот на министерството и на армијата“, рече министерката Петровска.

Петровска и амбасадорката Агелер беа во посета на воениот полигон каде се одржува неколкудневна вежба на американски воени хеликоптери од типот Black Hawk.

„Криволак е тренинг центар на македонската армија, но задоволна сум од фактот што особено во изминатиот период тој се користи од страна на армиите на сојузничките земји и на нашите партнери. Тоа се должи пред сe’ на одличните теренски услови што ги има Криволак. Но, се разбира и на капацитети кои се изградени и во кои во континуитет инвестираме со нашите партнери“, истакна министерката Петровска.

ГРАДЕЊЕ Се прават патишта во кругот на Криволак а се обновува и железничката инфраструктура кај неготино

Американската амбасадорка, пак, додаде дека припадниците на американската армија се исклучително задоволни од можностите за тренинг што ги нуди полигонот Криволак.

„Овие капацитети за обука и ресурси што ги имате на полигонот Криволак е навистина од клучно значење и претставува место за обука од светска класа. Ваквиот тип обуки ја покажуваат и ја утврдуваат силата на соработката и партнерството меѓу САД и Република Северна Македонија“, истакна амбасадорката Агелер.

Во текот на минатата година на Криволак се одржале 10 вежбовни активности во кои учествувале сојузнички армии. Своите редовни обуки на полигонот ги одржува и македонската армија.

Инженерскиот батаљон изгради и обиколница и патишта низ полигонот кои се протегаат во должина од 60 километри. Во близина на Криволак, се врши и интензивна обнова на железничката инфраструктура.

АМБАСАДОРКАТА СО МИНИСТЕРКАТА Најновата помош која ја доби нашата армиоја изнесува 31 милион долари

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet