И демократите и републиканците во Вашингтон со мног остри замерки за срвилниот однос на Трамп кон Путин, особено во поглед на вмешаноста на Москва во изборите одржани во 2016 година
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неодамнешниот самит со претседателот на САД, Доналд Трамп во Хелсинки го оценува како успешен и рече дека Трамп противници ќе сакаат да се минимизираат резултатите од оваа средба.
Путин на дипломатски состанок во Москва изјави дека на средбата се постигнале неколку „корисни спогодби” меѓу САД и Русија и дека двете страни започнале „позитивна промена”. Сепак, Путин верува дека одредени политички струи во Америка сакаат да се мешаат во овој процес. „Гледаме дека има некои сили во САД кои сакаат да ги жртвуваат американско-руските односи за нивните амбиции и внатрешни политички борби”, рече Путин.
Путин предупреди дека договорот за намалување на стратешкото оружје истекува за година и половина, па двете страни треба да продолжат да работат на неговото продолжување.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на Твитер, рече дека „самитот со Русија беше многу успешен, но дека непријателите на народот и лажните вести тоа не гогледаат”.
„Со нетрпение очекуваме да уште една средба со Путин во која ние може да почнемет да применуваме некои од дделовите на оговорите: за запирање на тероризмот, за безбедноста на Израел, за ширењето на нуклеарното оружје, за сајбер-нападите, за светската трговија, Украина, мирот на Блискиот Исток, Северна Кореја… Постојат многу одговори на овие прашања, некои се тешки, некои се полесни, но сите проблеми може да се решат! “, напиша Трамп.
Состанокот на Трамп и на Путин беше критикуван во САД, бидејќи американскиот претседател одби да ја обвини Русија за вмешувањето во претседателските избори во 2016 година и покрај американските разузнавачки извештаи. После тоа, Трамп ја негираше неговата изјава.
Во извештајот објавен во средата, на 18 јули, „Њујорк тајмс“ откри дека претседателот на САД, Доналд Трамп на здобил со широк спектар на други разузнавачки информации за директна улога на претседателот на Русија Владимир Путин во мешање на оваа земја во претседателските избори во САД во 2016 година.
Извештај за осветлување на доследни напори на претседателот Трамп да се тргне фокусот од било која улога на Москва, пред се спречување на победата на демократите, односно на Хилари Клинтон, вклучувајќи ги и изјавите дадени наназад значат одбивање на таква улога на Русија. Но потоа истите констатации на локалните известувачи беа одново прифатени од негова страна како дел од работата на американската разузнавачка заедница.
„Тајмс“ пишува дека Трамп прв дознал за рускиот мешање на 6 јануари 2017 година, две недели пред неговата инаугурација, за време на состанокот во Њујорк во Трамп кулата со тогашниот директор на ЦИА Џон Бренан, Џејмс Клапер, тогашниот директор на Националната разузнавачка агенција, потоа со тогашниот директор на ФБИ Џејмс Коми и адмиралот Мајкл Роџерс, тогашниот директор на Агенцијата за национална безбедност.
Високи официјални претставници му покажале на тогаш новоизбраниот претседател Трамп доверливи информации според кои Путин лично го наредил хакирањето и дезинформационата кампања, вклучувајќи текстови и пораки на руски воени офицери и строго доверливи информации од извори блиски до Путин лично, според „Тајмс“.
Доказите вклучуваат и e-mail пораки украдењни од Националниот комитет на демократите, кои беа клучни во однос на намалувањето на гласачите од Клинтон.
Но, по брифингот, Трамп издаде соопштение во кое се шири вината на „Русија, Кина и многу други земји, надворешни групи и земји”.
Претседателот рутински ја отфрли истрагата за руските сајбер-напади како измама подготвена од демократите и како „лов на вештерки” со цел да го поткопа неговото претседателствување.
Американските политичари беа шокирани кога претседателот Доналд Трамп одби да се согласи со заклучоците на американските разузнавачки агенции дека Русија интервенирала на претседателските избори во 2016 година и рече дека претседателот Путин „многу силно” ја осудил идејата за вмешаноста на Москва.
На прес-конференцијата во Хелсинки, стоејќи веднаш до рускиот водач, американскиот претседател ја опиша 14-месечната истрага за руските врски на специјалниот обвинител Роберт Милер за кампањата „Трамп” како „катастрофа за земјата”.
Во САД, следеа брзи реакции на коментарите на Трамп.
Републиканскиот сенатор Линдзи Греам, кој вообичаено го поддржува Трамп, напиша на Твитер „Претседателот ја пропушти шансата да ја подбере Русија за вината за мешањето во изборите во 2016 година и да испрати силно предупредување за идните избори.” Овој одговор од претседателот Трамп ќе биде протолкуван од Русија како знак на слабост и тоа ќе создаде многу повеќе проблеми отколку што се решени”.
Уште еден истакнат републикански сенатор, Џон Мекејн, беше уште поостар: „Денешната прес-конференција во Хелсинки беше една од најсрамните претстави на американски претседател во историјата. Тешко е да се процени штетата предизвикана од наивност, егоизам, лажно изедначување и сочувство за автократите”.
Пол Рајан, републиканскиот претседател на Претставничкиот дом, изјави: „Не постои сомнеж дека Русија се мешала во нашите избори и ќе продолжи со обидите за поткопување на демократијата тука и во целиот свет.” Тој додаде: „Не постои морална еквивалентност меѓу САД и Русија, која и натаму е непријателски расположена кон нашите најголеми основните вредности и идеали.”
Републиканскиот сенаторот од Аризона Џон Флејк, кој се пензионираше и познат е како критичар на Трамп изјави: „Никогаш не мислев дека ќе го видам денот кога претседателот на САД ќе застане на сцената со рускиот претседател и ќе ги обвини САД за руската агресија Ова е срамота.”
Републиканскиот конгресмен Адам Кисинџер од Илиноис напиша на Твитер: „Американскиот народ ја заслужуваат вистината и занемарување на легитимноста на нашите разузнавачи наосува штета на мажите и жените кои и служат на нашата земја Ова е време на будење и соочување со реалноста – Путин не е наш пријател, тој е непријател на нашите слободи. ”
Демократските законодавци беа подеднакво горчливи за тврдењата на Трамп.
Сенаторот Марк Ворнер, член на Одборот за разузнавачки прашања веќе се согласи со наодите на американската разузнавачка заедница дека Русија преку агитатори помагала Трамп да ги победи демократите, па рече: „Ова е срам за претседателот кој застана на страната на Путин наместо зад сопствените разузнавачи и што ги обвини САД за рускиот напад врз нашата демократија”.
Сенаторката Елизабет Ворен, потенцијален кандидат на изборите во 2020 година, објави дека Трамп „замина на меѓународната сцена за да ја срами Америка, да ги поткопа нашите институции, да ги ослабува сојузите и да прифаќа диктатор. Русија се вмеша во нашите избори и ја нападна нашата демократија. Треба да се повикува на одговорност, а не да се наградува. Срамота. ”
Сенаторот Тим Кејн од Вирџинија, потпретседател Хилари Клинтон, пред две години, рече: “Ова е тажен, срамный момент за нашата голема земја”.
Демократскиот сенатор Бил Нелсон од Флорида соопшти дека постои закана дека Путин ќе се меша со изборите на конгресните избори во ноември.
„Одбивањето на претседателот да го признае мешањето на Путин на нашите избори треба да нѐ налути”, рече Нелсон. „Неподготвеноста на претседателот да му се спротивстави и да ја брани нашата земја е неприфатливо”.