Самитот на европската политичка заедница можност земјите од регионот да ги кажат своите ставови за важни прашања кои во моментов ја оптоваруваат Европа. Некои коментатори сметаат дека овој собир на највисоко ниво во Европа претставува „самит на сурогати“
Што се доби со последниот собир на земјите на ЕУ, како и земјите-кандидатки за прием во Унијата? Дали оваа средба, прва според новиот концепт на Макрон, требаше да го поправи евроскептиџизмот на Балканот. Се случи ли тоа? За ова пишуваат речиси сите медиуми а секако бројни се коментарите на оваа тема. И додека од една страна регионот повеќе не верува во никакви ветувања и донекаде ја губи надежта во блиското завршување на европската интеграција, расположението во ЕУ се менува кога станува збор за проширувањето.
Истражувањето од јуни годинава покажува дека поддршката за новите членки е 71 отсто на ниво на цела ЕУ, а дека во некои земји е над 80 отсто.
Очигледно, војната во Украина влијаела на ваквите резултати, а новинарот-ветеран Бошко Јакшиќ забележува дека „за жал, таквите резултати зависат од некој настан, а не од планираниот континуитет. Ќе бев посреќен ако тоа се случеше во мирно време, и војната во Украина да не беше катализатор за тоа позитивно расположение. Војната во Украина ќе помине, дали ова значи дека ќе се вратиме на старата апатија во однос на експанзијата од едната и од другата страна?“, прашува овој надворешнополитички коментатор
Земјите од Западен Балкан, покажуваат извесна замор со бројни иницијативи, кои на крајот само предизвикуваат зголемување на евроскептицизмот во регионот. Вака се гледа на оваа иницијатива како уште еден сурогат за полноправно членство на регионот во ЕУ.
Во оваа смисла, Бошко Јакшиќ забележува „дека сега имаме цело множење на тие сурогати, кои само се множат.
„Тогаш Отворениот Балкан или иницијативата Три мориња може да се смета како сурогат. Јас, се разбира, немам ништо против тие иницијативи, но мора да имаме и процес кој води кон јасно членство во ЕУ“, посочува Јакшиќ.
Овој новинар ја гледа иницијативата на францускиот претседател Макрон „како показател за одредена конфузија што владее во Европската унија (ЕУ), бидејќи, излегува дека ЕУ нема јасна визија или политика на проширување. Во таа смисла, оваа иницијатива повеќе се однесува на позицијата на Европа, а помалку на Западен Балкан“, изјави Јакшиќ за ДВ.
Адвокатот Милан Антонијевиќ, пак, смета дека оваа иницијатива е комплементарна на процесот на евроинтеграции, бидејќи, според него, „добро е било која земја кандидатка да биде на маса рамноправно“.. Воедно, смета тој, тоа е порака за европско единство. Ми се чини дека тоа е добар тест и за земјите од Западен Балкан, бидејќи начинот на функционирање во рамките на оваа политичка иницијатива е сличен на оној во самата Европска унија“, истакнува овој соговорник за ДВ.
.„Мислам дека не е правилно да се гледаат некои иницијативи, како оваа на францускиот претседател, или Отворениот Балкан, па дури и Берлинскиот процес, како некаква алтернатива на европската интеграција, бидејќи тоа беше јасно кажано“, забележува Милан. Антонијевиќ. „Секоја иницијатива од ваков тип треба да се искористи за, на пример, подобро да се објасни надворешнополитичката позиција на Србија, но и да се укаже на потенцијалот што постои и може да се реализира со поддршка на ЕУ. Многу е важна и дискусијата за енергетската стабилност, која може да даде некаков позитивен сигнал до граѓаните“, оценува Антонијевиќ. И додава – Европската унија е првенствено мировно движење и на неа требатака да се гледа, посочува Милан Антонијевиќ. „Тоа донесе мир во Европа и затоа поддршката на граѓаните на ЕУ за натамошно проширување е разбирлива. Со влезот на Западен Балкан во ЕУ, навистина би било бесмислено да се очекуваат некакви конфликти, бидејќи би имало некакви механизми што би го спречиле тоа“.
Антонијевиќ забележува и „дека војната во Украина не треба да се користи на некој начин за да се забрза европската интеграција, но во секој случај е позитивен факт што постои таква диспозиција кај граѓаните на Европската унија“. .
Енергијата беше важна тема во Прага, а не може да се занемари најновата пречка на Хрватска за увоз на руска нафта преку Јадранскиот гасовод до Србија.
Иако конечната одлука за ова е одложена за почетокот на декември, српското раководство е многу незадоволно од тој потег, а како што истакна претседателот на Србија, „не знам како ќе преживееме во Европа, ако го сопнеме секој некој сосед.” Колку обидите на одделни земји да ги остварат сопствените интереси во целата ситуација го отежнуваат процесот на европска интеграција на регионот?
Тоа е процес што постои и во ЕУ и на нејзината периферија, според Бошко Јакшиќ. „Секогаш има дежурен кочничар кој е глас против во ЕУ. Сегашниот потег на Хрватска само ќе придонесе за влошување на меѓусебните односи кои и онака беа замрзнати на ниско ниво. Можеби ќе биде поголем проблем ако остатокот од ЕУ на крајот ја прифати забраната, што ќе биде првиот чин на казнување на Србија затоа што не се приклучи кон западните санкции против Русија“, оценува Јакшиќ.
Секако, ниту еден потег не е добар
„Средбата ќе има за цел да создаде нов поредок без Русија. Ова не значи дека сакаме да ја исклучиме Русија засекогаш, но за оваа Русија, Русија на Путин, нема место“, изјави Борел во контекст на самитот на Европската политичка заедница
Лидерите на 44 европски земји денеска во Прага ќе испратат јасен сигнал за изолација на Русија и ќе се обидат да создадат нов поредок без неа, изјави шефот на надворешната политика на Европската Унија, Жозеп Борел.
„Средбата ќе има за цел да создаде нов поредок без Русија. Ова не значи дека сакаме да ја исклучиме Русија засекогаш, но за оваа Русија, Русија на Путин, нема место“, изјави потпретседателот на Европската комисија Жозеф Борел за новинарите во Прага. Сигналот што сакаме да го испратиме, додаде Борел, е дека не можеме да изградиме безбедносен поредок со Русија.
Петр Фијала, премиерот на Чешката Република која претседава со ЕУ го најави првиот самит на 44 шефа на држави во Европа, сите освен Русија и Белорусија, како можност за понеформални дискусии за прашањата на безбедноста и мирот, економската и енергетската криза, како и целите за заштита на животната средина.
„Чешкото претседателство со ЕУ е соочено со огромни предизвици и кризи низ кои поминува Европа и кои ќе бидат тема на првите разговори на европската политичка заедница, без разлика дали се работи за мирот и безбедноста, енергијата, животната средина или економијата. Целта не е да се дојде до никакви писмени заклучоци, туку да се разговара и да се создаде договор во однос на понатамошното дејствување на европските земји во тие области“, рече домаќинот на самитот Фијала.
Европската политичка заедница, која е идеја на францускиот претседател Емануел Макрон, треба да обезбеди платформа за политички дијалог и соработка со земјите кои сакаат да влезат во ЕУ и земјите кои немаат такви аспирации, но ги споделуваат демократските вредности на ЕУ.
Македонската делегација на состанокот на Европската политичка заедница во Прага ја предводи премиерот Димитар Ковачевски.
На состанокот е разговарано и за важноста од негување на социјалдемократските вредности како темел на демократските општества (Р.Г.)