Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

САМОВОЛНОТО ОДНЕСУВАЊЕ НА РАКОВОДНИТЕ ОРГАНИ НА М-НАВ ПРЕДИЗВИКУВААТ РЕВОЛТ ВО ЈАВНОСТА

November 15, 2022 Filed Under: Македонија

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Ги повикувам членовите на УО и на НО на М-НАВ да дадат одговор дали го загрозуваат конкурсот на контролори на штета на квалитетните кадри и на штета на безбедноста на сите нас. Одговорност мора да има, напиша вицепремиерката Грковска на Фејсбук

КОНТРОЛА НА ЛЕТАЊЕ Многу важна и одговорна функција на вработените, партиските книшки не помагаат

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Гарковска денеска ги повика членовите на Управниот одбор и на Надзорниот одбор на М-НАВ да дадат одговори дали го загрозуваат конкурсот на контролори на летање на штета на квалитетни кадри и на безбедноста на сите

Според Грковска, како што напишаа таа на својот фејсбук-профил, информациите за евентуално самоволно однесување на членови на Управниот одбор на М-НАВ со право предизвикуваат револт во јавноста.

„Информациите за евентуално самоволно однесување на членови на УО на М-НАВ, спротивно на сите принципи на добро владеење, вклучително и одговорно и совесно вршење на функцијата во заштита на интересите на граѓаните, со право предизвикуваат голем револт во јавноста. Затоа, ги повикувам членовите на УО и на НО на М-НАВ да дадат одговор дали го загрозуваат конкурсот на контролори на штета на квалитетните кадри и на штета на безбедноста на сите нас. Одговорност мора да има“, вели Грковска.

За сомнежите за местење на огласот вчера објави порталот „Сакам да кажам“. Станува збор за конкурс за обука на кандидати за контролори за летање во М-НАВ, на којшто во селекцијата биле избрани осум од 250 апликанти. За изборот на кандидати беше задолжена „Гејт авиејшн тренинг“ – лиценцирана фирма од Данска, меѓутоа иако селекцијата заврши обуката не е почната. Како што вчера објави порталот „Сакам да кажам“, тројцата членови на управниот одбор на М-НАВ, на чело со претседателот Фахрудин Хамиди, сакаат да го пропаднат огласот бидејќи меѓу осумте кандидати што го положиле испитот и биле селектирани за обуката од страна на данската фирма, не се децата на членовите на УО и на функционери од ДУИ кои конкурирале.

Претседателот на Струковиот синдикат на контролори за летање (ССКЛ), Александар Тасевски денеска порача целосно да се спроведе конкурсот за контролори на летање во М-НАВ – давателот на услуги на воздухопловна навигација.

Тој потврди дека бидејќи сè уште не е почната обуката на најдобрите кандидати, вчера до менаџментот на М-НАВ е доставено писмо со кое раководните лица од пониско ниво – помошници директори, раководители на сектори, главни инструктори, експерти, побарале да бидат разрешени. Станува збор за лица кои се вклучиле во процесот на избор, за да бидат набљудувачи со цел да се изберат квалитетни кандидати.

Тасевски вели дека веќе имале разговори со раководството на М-НАВ од кое побарале да почне обуката на избраните кандидати и укажале на последиците доколку таа не биде спроведена.

ГРКОВСКА Јавноста е вознемиорена за однесувањето на раководните тела на М-НАВ во врска со конкурсот

Од Владата, пак, на прашање за коментар на случувањата во М-НАВ по објавите за оставки и за оспорување на конкурсот за контролори на летање и дали ќе преземат нешто со оглед на сензитивноста на областа во поглед на безбедноста на авиосообраќајот, портпаролот Душко Арсовски вели дека М-НАВ е институција која има сопствени тела за менаџирање, програма за работа, начин на одлучување и буџет.

„Во однос на вашите прашања според информациите кои ги има Владата, постапката за избор на обука на кандидати за контролори на летање е сè уште во тек. Согласно со меѓународните стандарди, М-НАВ е обврзана во своето работење да ги следи строгите правила на Евроконтрол и на Меѓународниот систем за управување со воздушен сообраќај на којшто е членка“, рече Арсовски.

Националниот давател на услуги за воздухопловна навигација, М-НАВ пак тврди дека постапката за избор на кандидати за обука за контролори за летање се одвива нормално според акцискиот план, како и дека Управниот одбор не ја оспорува селекцијата на кандидати.

„Не се точни тврдењата и шпекулациите дека ние како институција не им веруваме на данските експерти, напротив имаме одлична соработка со нив и нивното меѓународно реноме. Исто така, не се точни тврдењата дека Управниот одбор има дадено изјава дека го оспорува изборот на 8-те кандидати или дека кандидатите не се вистинскиот избор, напротив процесот не е едноставен и се спроведува според акцискиот план на М-НАВ“,

 

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Filed Under: Македонија

KАРАНФИЛОВА ПАНОВСКА: ВМРО-ДПМНЕ НЕ ИСПОРАЧА НИКАКВИ РЕЗУЛТАТИ, ЖИВОТНИОТ СТАНДАРДОТ ПАДНА ЗА 20 ОТСТО
КОЈ ЈА ПРИЗНАВА ДРЖАВАТА ПАЛЕСТИНА И ЗОШТО НИЕ НЕ ЈА ПРИЗНАВАМЕ
СВЕДОШТВА : КОЈ ЈА ИСПРАТИ ПРВАТА ВЕСТ ЗА ЗЕМЈОТРЕСОТ?
МАЛА РЕЧИЦА: ЛОКАЛЦИТЕ СЕ ПРЕТСОБЈЕ ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ НАПРОЛЕТ
ОСТАВЕНИ СМЕ НА СВОЈАТА СУДБИНА

Најново

  • KАРАНФИЛОВА ПАНОВСКА: ВМРО-ДПМНЕ НЕ ИСПОРАЧА НИКАКВИ РЕЗУЛТАТИ, ЖИВОТНИОТ СТАНДАРДОТ ПАДНА ЗА 20 ОТСТО
  • КОЈ ЈА ПРИЗНАВА ДРЖАВАТА ПАЛЕСТИНА И ЗОШТО НИЕ НЕ ЈА ПРИЗНАВАМЕ
  • СВЕДОШТВА : КОЈ ЈА ИСПРАТИ ПРВАТА ВЕСТ ЗА ЗЕМЈОТРЕСОТ?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet