Факт е дека размислувањата што пристигнуваат преку „Фејсбук” откриваат многу за тоа што не е во ред со американскиот капитализам во 21-от век
ЏОЗЕФ СТИГЛИЦ
Фејсбук и некои од нејзините корпоративни сојузници дојдоа до заклучок дека она што навистина му е потребен на светот е уште една криптовалута, и дека неговото лансирање е најдобриот начин да ги искористите огромните таленти на луѓето што ви стојат на располагање. Фактот во кој верува Фејсбук, на тој начин открива многу за тоа што не е во ред со американскиот капитализам во 21-от век. капитализам во 21-от век.
Вистинскиот проблем со постојните валути и со нив врзаните финансиски аранжмани каде тие служат како средство за плаќање и воедно како место каде се чува вредноста на постојниот имот, е недостатокот на конкуренција меѓу компаниите што ги контролираат трансакциите, како и недоволната регулација на тој сектор. Последиците на тоа е дека потрошувачите – особено во САД – плажќаат значително повеќе отколку пто е потребно, така што повеќе отколкушто тоа треба ги полнат џебовите на Виза, Американ експорес, Мастеркард и многу банки и на нив им создаваат десеттици и десеттици милијарди долари екстрапрофит.
Дарбиновиот амандман на Дол-Франковиот закон за финансиски трансакции од 2011 година за претераната провизии за плаќања со кредитна картичка влијае во многу ограничена мерка, а со ништо не влијае на се поголемиот профит создаван со кредитните картички.
Другите земји, како Австралија, остваруваат многу подобри резултати бидејќи на компанијата кои издаваат крдитни картички не им дозволуваат да прават договори во кои ја ограничуваат конкуренцијата. Од друига страна Врховниот суд на САД со одлука донесена со пет гласови „за“ и со четири „против“ би се рекло замижа пред антиконкуретските импликации на таквите договорни обврски. Нодури и ако САД се одлучат да овозможат постоење на воведување на второкласен некокнурентен систем, Европа и другите пазари тоа нема да го прифатат: не е антиамерикански да се залагаш за конкуренција, како што тоа произлеува од Трамповите неодамнешни критики на европската комесарка за конкуренција Маргарет Вестагер.
Тоа може да биде прашање на она што е деловен модел на Фејсбук и зошто впечатокот е дека многумина се заинтересирани за неговиот нов потфат. Можно е да се преправаат дека се дел од добивката што ги прави платформите преку кои се извршуваат такви трансакции. Фактот дека тие веруваат дека зголемената конкуренција на нивниот профит нема да доведе до нула, ќе потврди дека корпоративниот сектор е убеден во сопствената способност да демонстрира пазарна моќ – и преку политичката моќ да осигура дека државата не се меша со цел да ги спречи таквите ексцеси
Со оглед на обновената посветеност на Врховниот суд на поткопување на американската демократија, Фејсбук и неговите пријатели може да веруваат дека немаат страв. Но, регулаторите, кои не само што имаат доверба во одржувањето на стабилноста, туку и обезбедуваат услови за зачувување на конкуренцијата во финансискиот сектор, треба да бидат оние кои ќе интервенираат. И на други места во светот има се помалку ентузијазам за американската технолошка доминација придружена со антиконкурентни практики.Вредноста на новата валута, Librа, наводно треба да биде фиксна во однос на глобалната валута кошничка и со покриеност од 100% – се претпоставува во форма на микс на државни хартии од вредност. Но, зошто некој би сакал да депонира нула каматни стапки ако може да ги инвестира своите пари во уште посигурни хартии од вредност на американското Министерство за финансии или да ги продава на средствата што се вложени во хартии од вредност со краток рок на доспевање?Постојат два очевидни одговори на пршањето за изборот на ваквиот деловен модел: едниот дека луѓето вмшани во незаконитите активности (каде би влегол и актуелниот американски претседател) подготвени да платат за да нивните активности од сферата на корупцијата, криминалот, дрогата, едноставно останат незабележани. Но со оглед на големиот напредок во областа на спречување на злоупотреби на финансискиот систем, зошто некој, а особено не државата или финансискиот регулатор, би го толерирале механизмот ако тој содржи некаква етикета на „технологија“. Ако е ова деловен модел кој би се извел со либрата, треба веднаш да се спречи нејзиното воведување. Или за либрата најмалку што може да важи е и за неа да важат мерките за транспарентност како и за другите во финансискиот сектор. Ама тогаш тоа не би била криптовалута!Но тука е и прашањето на довербата. Секоја валута почива на довербата – она што е стекнато со тешка мака, како долари на пример, некој ги става во банка со надеж дека кога ќе му затребаат парите, ќе ги подигне во еднаква вреднст како шпто била кога таму ги ставал. Осамна се виделина дека на приватниот банкарски сектор не може секогаш да му се верува, што е причина за пориигорозни регулации на тој сектор.
И Фејсбук во изминатите години ја потроши довербата во голема мерка а банкарскиот сектор ако ја изгуби довербата му треба многу време потоа истата да ја врати. Иако само неразумен би доверил пари на Фејсбук, треба да се има во вид дека Фејсбук има 2, 4 милијарди лиц акои му веруваат и му ги даваат своите лични податоци.