Трамп се закани со затворање на границата со Мексико. Работодавците се жалат дека немаат работна сила, вклучувајќи и квалификувана, која ја држи ИТ индустријата и болниците!
Претседателот на САД Доналд Трамп се закани со воена блокада на јужната граница ако Мексико не ги спречи групите мигранти од Централна Америка да преминат кон САД. Неодамна тој преку Твитер исто така ги обвини демократите дека го помагаат „нападот“ врз САД кој го спроведуваат мигрантите. Трамп дел од мигрантите ги нарече „криминалци“ и додаде дека ќе прекине со финансиската помош за државите од Централна Америка, ако Мексико не го „прекине нападот“ врз САД.
Намалување на имиграцијата и изградбата на ѕид на границата со Мексико се едни од приоритетите на неговата имиграциона политика.
Заканите на Трамп доаѓаат на само неколку дена откако караван од неколку илјади мигранти од Хондурас помина низ Гватемала во Мексико со надеж да стаса во САД.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денес ќе отпатува за Панама, а утре ќе го посети Мексико Сити каде ќе се сретне со мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието.
Официјален Мексико веднаш не одговори на најновите коментари на Трамп за имиграцијата од Централна Америка.
Како резултат на одлуките на Трамп? Звучи чудно ама тие се дека Америка останува без странски работници. Работодавците велат дека им е потешко да обезбедат деловни визи за работниците поради зголемената бирократија.
Администрацијата на Трамп користи широка и нејасна имигрантска бирократија за да го спречи приливот на странски работници во САД со создавање нови бариери кои го ограничуваат влезот на луѓе во земјата.
Владата издава помалку и помалку работни визи и бара дополнителни информации од апликантите, а истовремено го одложува одобрението пред повеќе од една година. Болниците, хотелите, технолошките компании и други бизниси велат дека се борат со недостатокот на странски работници што им се потребни.
Во лабораторијата за патологија на Нотвел Хелта во Њујорк, медицинската канцеларија е празна, микроскопот и компјутерот се непроменети. Други специјалисти започнаа да работат на 1-ви јули, но се заглавени во Пенџаб во Индија, поради неочекувани проблеми со влзните визи.
Американските работодавци се загрижени дека ќе останат без талентирани инженери и програмери кои ќе одат во земји како Канада, кои ги поздравуваат странските работници. Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна објави дека планира да го намали бројот на бегалци на кои им е дозволено да влезат во САД на 30.000, што е рекордно ниско ниво. Минатата година потпиша извршна наредба за „купување американски стоки и вработување американски работници”.
Службата за имиграција вели дека администрацијата ги спроведува реформите базирани на системот за „заслуги”. Но, работодавците велат дека им е потешко да обезбедат бизнис визи поради зголемената бирократија.
Анализата на невладината истражувачка група Национална фондација за американска политика покажа дека стапката на одбиени барања за виза поднесена од квалификувани странски работници се зголеми за 41 отсто во четвртиот квартал од фискалната 2017 година во споредба со третиот квартал.
Болниците тврдат дека им требаат повеќе странски лекари, кои се поподготвени од Американците да прават работни места кои се помалку платени отколку старател или семеен лекар.
Странските работници се фрустрирани. Удеј Верма останал 12 години во Ајова, каде што добил диплома по компјутерски науки и работел за технолошка компанија. Верма (37), кој емигрирал од Индија, ја обнови визата додека чека на статус на постојан жител познат како зелена карта. Тој, неговата сопруга и нивниот деветгодишен син планираат да се преселат во Торонто, каде што планира да ја искористи глобалната иницијатива за талент, иницирана од канадската влада минатата година.
Иницијативата им овозможува на компаниите да обезбедат виза за работниците со витални вештини. Верма доби виза за две недели и може да добие статус на постојан жител шест месеци. Неговиот работодавец, произвдувач на софтвер Киа системс има 115 вработени. Ноа Вајсберг, коосновач на фирамата , вели дека половина од фирмата му доаѓа од Кина, Индија и Русија. Треба ли тој да ја затвори компанијата?
(крај)