Засега не се забележува никаква сериозна промена во погледите на уредништвото кон актуелните собитија во земјата и покрај промената на главниот уредник
На денешната седница, Советот на агенцијата за медиуми даде зелено светло од сопственоста да излезе Австриецот Јирген Мајкснер, кој беше газда на телевизијата преку двете негови компании „ЈМ-Дата“, која е основач на инвестициската компанија (Cable 24) „Кејбл 24“, регистрирана во австрискиот град Линц.
Советот попладнево донесе одлука со која дозволува промена на сопственичката структура на медиумот.
На место на Мајкснер влегува скопјанецот Зоран Киш, поранешен директор на кабелскиот оператор „Телекабел“. Тој, лани во септември ја основал фирмата „Комнет 328“ во Белград, со дејност „производство и емитување телевизиска програма“.
„Истапува првиот сопственик од Австрија, сега имаме домашен граѓанин, од Македонија, со регистрирана компанија од Србија“, рече претседателот на Советот на Агенцијата, Лазо Петрушевски.
Од стручната служба на АВМУ изнесоа податоци дека во Централниот регистар, ниту фирмата, ниту Киш не се јавуваат како основачи на други трговски друштва. Новиот сопственик не се јавува како основач на ниедна друга фирма во Македонија.
Согласноста што ја дава Агенцијата за медиуми е поради тоа што Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги забранува медиумска концентрација, односно сопственици на телевизии, радија и весници да може во исто време да поседуваат други медиуми, телекомуникациски оператори, маркетинг-фирми и сл.
Телевизијата со години се обидува да добие национална концесија, меѓутоа сите нејзини обиди досега биле неуспешни.
Телевизијата неодамна доби и нов главен и одговорен уредник на местото од Анета Додевска беше назначена Мирјана Трпчевска.
Сосема е јасно дека ова телевизија направи сериозен „рез“ во својата уредувачка политика во текот на изминатите години. Првите години, се некаде до изборите во 2016 година оваа телевизија имаше професионална поставеност кон политичкиот живот. Постоеше надеж кај основачот кој сега при одењето јасно се легитимира пред јавноста дека ќе добие национална фрекфенција, но тоа не се случи. Зошто? Затоа што влијанието напартијата ВМРО ДПМНЕ и тогаши сега е подедбнакво моќна, вклучително и членовите на Советот на АВМУ од поранешните коалициони патнери кои останаа замрзнати по функцијата нан некои порабнешни времиња и сојузи. Тоа беше сватено во телевизијата како приклонување кон новата опозиција, но таа има толкав број на мдиуми во својата зона на влијание што никаков „плус-минус“ не и игра улога..
Промената во сопственичката структура од најнов датум засега не покажува промена во уредувачката концепција.