Во една телефонска анкета на ТВ 24 Вести во декември 2017 година овој полицаец од Шестата управа
Кога непосредно откако се случија оние најмрачни настани од 27 април 2017 година, обидот за изведување на класичен полициски пуч во земјава, се сретнав со тогашниот генерален секретар на СДСМ а претходно и еден период времен министер за внатрешни работи – Оливер Спаовски, прашањето за големиот политички земјотрес беше неизбежно. Го запрашав Спасовски која е таа точка кога планот за полицискиот удар едноставно се „прекрши“ и кога колата на пучистите тргна надолу.
Без многу размислување Спасовски рече дека тоа е мигот кога полицаецот Тасевски го извадил револверот и пукал во воздух, по што јунаците влезени во салата каде биле луѓето од врвот на СДСМ и од некои други партиии беа собрани и каде требаше да бидат личнувани. Генералниот секретар а денес премиер на Времената влада влегол во Собранието со своите двајца телохраниели кога почнале гужвите, бидејќи би лнадвор. Вели дека ги имал најдобрите од сите можни телохранители во тој миг и тоа многу значело. Тоа што го сторил Тасевски јасно покажќало дека нападнатите нема да бидат небранети и дека без жртви кај напаѓачите планот нема да мине, што многу сторило во насока на „свиткување на опашот“ на толпата. Целта била да се обезглави Собранието, да загинат некои видни политилчки личноти и Иванов да прогласи вонедна состојба за полицијата во поголем број и армијата потоа да се дигнат н нозе и власта да остане во рацете на оние кои не можеа да состават парламентарно мнозинство. Своја улога во сето тоа имаше и незадоволството на граѓаните кои не сакаа ваков расплет на кризата па беа можни граѓански немири а секако и притисок на меѓународниот фактор, посебно врз Груевски кој настание ги следеше „од балконот“ во Виена.
Потстувајќи се деновиве на тие моменти, Спасовски повтори дека според него, упадот и обидот за окупација на домот на македонската демократија бил агресија против секој граѓанин на Република Северна Македонија и на темелите на парламентаризмот.
– Нивните постапки не беа само организиран криминал, туку беа предавство на идеалите и принципите на слободата и демократијата. Денес сѐ уште се чини неверојатно дека безумието отиде до таму што некои од насилниците, за да го реализираат нивниот монструозен план и намера, биле подготвени и за ликвидации нa некои од членовите на Собранието. За да не се случи голема трагедија и најлошото, помогнаа разумот и присебноста на мнозинството од пратениците, храброста на поединците и силниот порив кај секој од нив безумието да заврши без трагични последици, напиша Спасовски. Инаку, во разговорот тој истакна дека кога ги бирал своите бодигарди се наслонил на совети на стручњаци. И не погрешил во изборот. Глобус го предложи Спасовски за човек на годината во една емисија на ТВ 24 во декември 2017 година, но тој го доби само тој глас. Колку бргу се забораваат вистинските херои!
Владата на РМ на својата 84. редовна седница одржана во август 2018 година донесе одлука Сашо Тасевски да биде назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност.
Сашо Тасевски инаку e магистер по безбедност и докторанд на Факултетот за безбедност. Во МВР работи од 2001 година. Тасевски на местото директор на Бирото за јавна безбедност доаѓа од Управата за обезбедување личности и објекти на МВР, со која раководеше.
Тасевски во својата досегашна кариера работел како обезбедување кај поранешниот претседател Бранко Црвенковски, како и кај техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, како што споменавме. На почетокот на кариерата Сашо Тасевски бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“.
Бирото за јавна безбедност е орган во состав на Министерството за внатрешни работи, кој ги врши полициските работи во Министерството и чија организација и надлежност е уредена со Законот за полиција. Со работата на Бирото раководи директор кој на предлог на министерот го именува и го разрешува Владата на Република Македонија за време од четири години.
Неодамна го видовме овој искусен безбедњак како дел од акцијата за заплена на големи количества на опојни дроги, што се случи на 23 април. По налог на обвинителите од Кавадарци екипата на Тасевски го пронајде магазинот, влезе во него и одзеде 12 дрвени палети со 1.240 килограми марихуана. Дрогата е во октомври лани садена на подрачјето на селото Сопот , на површина од 30 хектари.