Двајца ветерани во новинарството со децении се спореа околу она „Кој прв објави“ за тоа што го снајде Скопје на 26 јули 1963 година. Всушност, прв секако беше пилотот на една холандска компанија кој јави во Центарот за контрола за летање во Белград дека таму под мене се случува нешто чудно…

Со децении после земјотресот во Скопје траеше спорот меѓу двајца угледни новинари – дописници на големи новинарски куќи кој прв јавил за настаноит тоа утро..Ѓорѓе Јанковиќ,како дописник на Радио Белград искористил возило на некој кој одел за Куманово и од тамошната пошта испратил извештај. Јован Поповски, дописник на Политика издириктирал извештај преку еден поштар пред Женска гимназија (Јосип Броз) кој се качил на телефонска бандера и му спуштил врска …Индикативо е дека за ралика од нивната кавга за приматот, во некои публикации нив ги нема сспоменато, што се разбира е доказ за неточни наводи во нив можеби и за други факти за земјотрессот.
Но првиот кој јавил за настанот е пилотот на еден холандски авион кој од воздух го прашал Централот за контрола на летањето во Белхград колку жители има Скопје, кое бил под него. Му одговориле – 220 илјади, инаку точна бројка. Рекол дека не знае точно што се случило во тој град ама огромна печурка од чад се дига до 10 илјади метри. „Ова е како во Хирошима“ и дека треба да сметаат дека долу има најмалку 70 илјади мртви! Оваа е првата вест која го обиколи светот. Почетникиот шок беше тој го го заврте погледот на светот кон нашиот град. За среќа не беше тична ама е резулктат на лилчна перцепција и на онаа сличност со Хиртошима заради огромниот облек над градот во форма на печурка.
Втората брза вест е значајна во визуелен поглед и е секако посилна од било каков текст напиушан на коилено или вфрз нечиј грб со молив! Таа е врзана за фотографиите што ги направил фотограф од позната новинарска агенција кој успеал да излезе од хотел Македонија птред тој да падне комплетно, без да има преживеани. Бил само во она со што спиел ама го зел фотоапаратот (каков преофесионален инстинкт) и ги фатил првите глетки во кои гои нема само срушените објекти, туѕку болката и шокот кај граѓаните. Оваа слика е една од нив и е направена на улица Орце Никоолов пред спојот со Плоштадот (некаде кај некогашниот дуѓан на масјјстор Кенан), практично веднаш пред очите на фоторепортерот. Гледамде дечиња се во гаќички, како што спиеле во тие жешки, како сега ноќи а мајките веројатно се вратиле, страв не страв, да се „покријат“ во она што се викаше „роба“, Мојата покојна колешка Лилјана Дирјан, која живееше во зградите во населбата „Пролет“ ми кажуваше дека семејството успеало да се симне пред зградарта. Но дека нивната мајка се срамела дека била во неглиже, мислела дека погледите на мажите одат кон неа и одново се вратила дома за да се облече!
Тие први фотографии – авторот сликал додека имал филм во апаратот, ги однел исто така во поштата во Куманово и ги испратил до својата агенција. Тие сведоштва, ги имаше и други следните денови, се „најголемите виновници“ што градот потоа доби огромна помош. Излегле и првите вонредни весници на 4 страници со истата фотографија на насловната во некогашна Југославија.
Како се вика тој фотограф? И дали можеби не беа двајца колеги? Не знам. Ние сме колнати – барем да имаше некоја улица со негово/нивното име: Па и онаа улица која ја имаше Тафталиџе позната како Мексичка (или Мексиканска) ја заменија со име на некој комитас во времето вмроовските кумови – преименувачи. А сопругата на мексиканскиот претседател Лопес Матеус шест пати доаѓаше во Скопје (со воз) носејќи помош за градот! Има и многу други такви настани кои отсликуваат неблагодарност на „градот на солидарноста“.
(Во една публикација за земјотресот дополнително открив дека се работи за тоа дека прввите фотографии ги направил американскиот фото-репортер Сам Ноцела. Фотографиите ги објавиле „ПариМач” и потоа оделе на француската телевизија. Службениците на Радио-телевизија Скопје Драги Новаковиќ и Перо Стојановски низ скршениот прозорец на згарадата која се наоѓше на „Марксова“ извлекле две камери и почнале да снимаат.)