Третина од Германците се психички болни, во САД уште повеќе. Во Македонија воперидотот од 2010 до 2017 имавме скок на население кое било во прересија за 40 отсто!
Македонија покажа со последното истражување на Индексот на среќата дека напредувала 17 места! Дел осд проопозиционите емдиуми – а тие се мнозинство кај нас – се обидоа ова да го сокријат, задржувајќи се на позицијата на земјата (на средина од табелата), без да забележаѕт дека ситуацијата се подобрува, особено по падот забележан во перисдот 20111 – 2017 година!
Менталните болести како депресија или фобии мачат сè поголем број луѓе во светот. Во Германија, третина од населението е погодено, во САД, Турција или Мексико уште повеќе, а тој број се зголемува, се вели во извештајот за ментално здравје на СЗО.
Во моментов, 31 процент од населението во Германија е погодено од ментална болест. Има толку многу погодени и во Кина. Во САД, дури 40 отсто од населението страда од ментални болести како депресија, анксиозност или нарушувања во исхраната.
Ова е резултат од репрезентативното истражување на меѓународниот институт за истражување на јавното мислење Ипсос. Истражувањето е нарачано од германската осигурителна компанија AXA, а резултатите се објавени во извештајот за менталното здравје за 2024 година.
Истражувањето опфатило 1.000 луѓе од секоја од 16 земји во Европа, Азија и Северна Америка за нивното ментално здравје. Споредено со 2023 година, забележливо е дека во повеќето земји состојбата се влошила во 2024 година.
Во Франција, Ирска и Мексико бројот на лица со ментални болести е зголемен за шест до седум отсто, во Турција за дури осум. Само на Филипините во 2024 година има помалку пациенти отколку една година порано.
Дополнително, се чини дека менталното здравје е генерациски проблем. Особено често, младите на возраст од 18 до 34 години велат дека страдаат од ментална болест. Во Ирска, Турција и САД првенствено се погодени младите на возраст од 18 до 24 години. Меѓутоа, во возрасната група од 25 до 34 години, САД и Турција предничат по бројот на ментално болни лица.
Според Извештајот, 43 отсто од сите испитаници на возраст од 18 до 24 години изјавиле дека се ментално болни. Најчести болести се депресијата, од која страдаат 22 отсто од испитаниците, а потоа анксиозноста, фобиите или посттрауматското стресно растројство, од кое страдаат и 22 отсто од испитаниците.
Колку се постари испитаниците, толку поретки се менталните болести. Само 14 отсто од испитаниците на возраст меѓу 65 и 75 години изјавиле дека страдаат од некое психолошко нарушување, како депресија, фобии и слично, пренесува ДВ.
Но, постојат разлики не само во однос на возраста, туку и во однос на полот. Жените пријавуваат дека се ментално болни почесто од мажите. Ова се однесува на сите 16 земји во кои е спроведено истражувањето.
Ова истражување јасно покажува колку е важна стручната помош во случај на ментална болест. Мнозинството од испитаниците во Германија (57 проценти) велат дека благодарение на стручната помош успешно се опоравиле од болеста.
Но, дури и во Германија четвртина од испитаниците (24 проценти) не прифаќаат професионален третман од психолози или психијатри. Само во Јапонија повеќе луѓе (25 проценти) не прифаќаат стручна помош во случај на ментална болест..
Дополнително, се чини дека менталното здравје е генерациски проблем. Особено често, младите на возраст од 18 до 34 години велат дека страдаат од ментална болест. Во Ирска, Турција и САД првенствено се погодени младите на возраст од 18 до 24 години. Меѓутоа, во возрасната група од 25 до 34 години, САД и Турција предничат по бројот на ментално болни лица.
Каква е состојбата кај нас? Дел од психијатрите посочуваат дека напливот на лоши вести ја влошуваат состојбата. Граѓаните мора да сфатат дека не е се така црно, иако социјалните мрежи и медиумите им нудат само негативни вести
По политичката и економската криза, како светот така и Северна Македонија ја тресе ментална криза која што може и најдолго да трае. По повеќе од две години пандемија, отуѓеност, социјална дистанца и стравови, неизвесноста беше продлабочена и со економска криза чии последици особено се чувствуваат во овој период.
„Очекувано е ова што се случува и на кое што укажувавме веќе подолго време дека следи пандемија со менталното здравје. Тоа не е нешто непознато, туку напротив се случува по сите светски економски, војни и здравствени кризи, по кои следува епидемија на болести од менталното здравје. Оттука и се поголем број насилство во домот, убиства и самоубиства на лица за кои сите велат дека претходно не покажувале знаци дека може нешто лошо да се случи“, вели д-р Стојан Бајрактаров, од Клиниката за психијатрија.
Според него, кризата поттикна психички проблеми во општата популација која условно се смета за нормална или психички здрава, но и кај лицата кои веќе имале одредени проблеми со менталното здравје. „Кај младите се позачестено е агресивното однесување и употребата на дрога. Амбулантите се преполни со млади лица кои бараат лекарска помош. Драматично е влошено менталното здравје кај адолесцентите“, вели психијатарот, посочувајќи дека изминатиот период била направена правена пообемна студија на оваа тема, чии резултатите наскоро се очекува да бидат објавени.
Лекарите секојдневно се соочуваат со случаи на зголемена анксиозност и депресија и кај младите и кај постарите лица. Политичките и економските кризи придонесуваат граѓаните да се чувствуваат како да се во тунел од кој не можат да излезат. Кризите само се надоврзуваат една на друга и се чини дека не им се гледа крајот.
„Кризата и од пандемијата и од економските потреси се’ уште не е стабилизирана. Менталната криза која што следи се очекува да трае колку што траела пандемијата 2 до 3 години или подолго“, вели доктор Бајрактаров.
Тој повеќепати за време на пандемијата укажуваше дека се наоѓаме во средиштето на една бура од ризици за анксиозни и депресивни растројства. Кризите кај повеќето граѓани предизвикуваат состојба на вознемиреност, напнатост, опаѓање на расположението, загриженост и неизвесност. Има ли крај на кризите, не очекува ли нешто подобро утре? – е дилемата која што ја имаат многумина, притиснати од секојдневните црни вести и насилство со коешто се преполни полициските билтени.
„Не е се така црно“, вели за ДВ проф. д-р Викторија Вујовиќ, психијатар. Но, преголемото медиумско актуелизирање на само црните настани, убиства, самоубиства, неповолно влијае врз психата на луѓето. „На тој начин само се актуелизираат стравови кај нив. Кога слушаат за тоа дека родител убил дете, или дете нападнало родител стравуваат и на нив да не им се случи нешто слично“, вели доктор Вујовиќ. Социјалните мрежи се преплавени само со негативни информации. Се споделуваат нефилтрирани содржини за насилства во домот, за луѓе кои посегнале по сопствениот живот, но и по животот на своите најмили. „Па така слушаме дека некој ја убил мајка си и бабата, а имал и цела листа на роднини по кои сакал да посегне, што укажува на шизофренија. Во позадината на сите тие проблеми се душевните болести“, укажува психијатарот.
Таа вели дека неопходно е што помалку вакви вести да има во медиумите и на социјалните мрежи и тие да не бидат толку лесно достапни за читателите. „Како вешто лице имам видено многу работи, се случувале и многу пострашни работи од овие, но останувале зад судските врати“, вели таа. Што помалку се пишува за насилството, или доколку таквите вести се објавуваат на соодветни места за тоа, што помалку ќе се копира тој „модел“ на однесување и од други.
(Р.Г.)