СБ има Фонд во кој се наоѓаат 750 милијарди евра за санирање на економииите погодени од пандемијата.
Претседателката на Европска централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард изјави дека Европа не треба да ја одложува распределбата на 750 милијарди евра од фондот за санирање на економијата погодена од пандемијата.
– Европска комисија планира да ги распредели средствата на почетокот од 2021 година и треба да се придржува до рокот, истакна Лагард за францускито весник Монд.
Таа додаде дека исто така се надева оти ќе се дискутира за за создавање на трајна фискална алатка за еврозоната.
Мерките за поддршка треба да останат на сила онолку колку што е потребно за да се избегне колапс на економијата и зголемена нееднаквост. Сепак, мора да ги препознаеме постојаните промени што се случуваат и, за да го извлечеме максимумот од нив, да започнеме со трансформација на економијата сега, рече Лагард на економски форум.
Таа истакна дека мерките за фискална политика мора да останат на сила.
„Во спротивно, ризикуваме хистерија на пазарот на трудот, непотребно губење на одржливи бизниси и зголемување на нееднаквоста“, предупреди претседателот на Европската централна банка.
Таа посочи дека економското закрепнување на еврозоната останува неизвесно заради новите бранови на инфекција со Ковид-19, што може да предизвика воведување на построги мерки за социјално дистанцирање.
Како што изјави таа, сектори како што се угостителство, храна и транспорт може да бидат загрозени, а во еврозоната, подвлече таа, тие сектори создадоа скоро една петтина од работните места од 2013 година.
„Значи, не само што треба да ги заштитиме постојните бизниси, туку исто така мора да создадеме и нови, кои одразуваат нови модели на побарувачка по пандемијата“, рече Лагард.
Швеѓанка по националност, Ана Бјерде на 1-ви мај, 2020 година стана новата потпретседатлка на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија. Таа ќе ги предводи стратешките, аналитички, оперативни и истражувачки активности во регионот.
Госпоѓа Бјерде го презема водството на регионот на Европа и Централна Азија во период на исклучителни предизвици за земјите клиенти на Банката. Многу земји се соочуваат со сериозни здравствени, социјални и економски последици како резултат од КОВИД-19 пандемијата. Во услови на континуирана неизвесност, најновото економско ажурирање на Светска банка во Европа и Централна Азија предвидува различни сценарија за негативен раст за регионот, вклучително и голема рецесија во 2020 година, со раст кој се движи помеѓу -4,4 и- 2,8 проценти.
„Како потпретседателка за Европа и Централна Азија, ќе соработувам со владите во земјите клиенти за да им помогнам во постигнување на силни развојни резултати, но нашиот сегашен фокус е насочен кон решавање на последиците од КОВИД -19 пандемијата врз здравството и економијата“, вели Ана Бјерде , потпретседателка на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија. „ На краток рок, обезбедуваме брзо финансирање и алатки за политики за да помогнеме во заштита на човечките животи и приходите на граѓаните. На среден рок, ќе им помогнеме на државите да ги ублажат економските и фискални последици од кризата преку соодветни мерки на политики и финансирање.“
До сега, Светската банка обезбеди повеќе од 1,4 милијарди долари за да им помогне на земјите во Европа и Централна Азија да ги ублажат последиците од КОВИД-19. Од 2-ри април 2020 година, околу 490 милиони долари се одобрени преку нови проекти за итен одговор. Покрај тоа, 925 милиони долари се распределуваат, користат или се ставаат на располагање од постојните проекти и заеми, вклучително и дополнително финансирање, за да им се помогне на земјите да одговорат на КОВИД -19.
Финансирањето овозможува набавка на медицинска опрема, вклучително дијагностички комплети, респиратори и вентилатори, и зајакнување на капацитетите на здравствените системи, во што спаѓа и обука на здравствените работници, како и за поддршката во социјалната заштита за најранливите погодени од КОВИД -19. Моментално, неколку земји од регионот разговараат со Светска банка за идни проекти и поддршка за да им помогнат во справувањето со влијанијата од пандемијата.
Госпоѓа Бјерде во текот на нејзината дваесет и петгодишна кариера била на повеќе високи функции во Светска банка. Таа е признат лидер во областа на економскиот развој, со фокус на инклузивен раст и одржлив развој. Госпоѓа Бјерде доаѓа на местото на Сирил Мулер, кој беше потпретседател за регионот на Европа и Централна Азија од јули 2015 година.
Групација Светска банка и одговор на КОВИД-19
Групацијата Светска банка, еден од најголемите извори на финансирање и знаења за земјите во развој презема широки и брзи активности за да им помогне на земјите во развој да го зајакнат својот одговор на пандемијата. Го подобруваме следењето на болестите, ги подобруваме интервенциите на јавното здравство и му помагаме на приватниот сектор да продолжи да работи и да ги задржи работните места. Во следните 15 месеци ќе распоредиме до 160 милијарди долари финансиска поддршка за да им помогнеме на земјите да ги заштитат сиромашните и ранливите, да ги поддржат бизнисите и да го поттикнат економското закрепнување, вклучувајќи и 50 милијарди долари нови ресурси на ИДА во вид на грантови или заеми со многу поволни услови.