Неодамна е објавена студија на Дојче банк која предвидува дека глобалната економија нема да се врати на нивото од пред пандемијата уште долго време. Се говори, секако, и во таа студија за некаков почеток на „структурален супер циклус“ кој опфаќа се – од економијата и цените, се до сопственоста и политичките цели кои ќе го осмислуваат животот на луѓето
Нашите медиуми и онака главно завртени против политиките на оваа влада речиси целосно, барем тоа е толку видливо, ретко ѕирнуваат низ прозорецот и нашата јавност малку знае колкава мака имаат и најголемите економии. Неодамна е објавена студија на Дојче банк која предвидува дека глобалната економија нема да се врати на нивото од пред пандемијата уште долго време. Се говори, секако, и во таа студија за некако за почеток на „структурален супер циклус“ кој опфаќа се – од економијата и цените, се до сопственоста и политичките цели кои ќе го осмислуваат живтото на луѓето.
„Ако мислевте дека светот ќе се врати во„ нормалното“ кога ќе помине Ковид-19, можеби е време да размислите повторно“, пишува „Ајриш тајмс“, кој го претставува најновото истражување на финансискиот историчар на Дојче банк АГ од нивната лондонска филијала – Џими Рид.
И други мдиуми пишуваат за оваа студија. Белградски НИН се повокува на текст во „Блумберг“, кој во анализата на споменатата студија (Студија за долгорочно враќање на средствата на Дојче банк 2020) сугерира дека оваа година означува почеток на нов „структурен супер-циклус“. Доаѓа „Ера на нарушувања“ што „формира сè, од економии до цени на недвижнини, политика и наш општ начин на живот“. Таа промена исто така ќе има големи импликации врз градовите, транспортот, станбениот и трговскиот имот, работниците и многу услужни сектори, како и општите активности што ги зедовме здраво за готово во последните неколку децении “.
Тимот предводен од стратегот Џим Рид смета дека доаѓањето на „Ерата на нарушувања“ е забрзана во доаѓањето, но дека тоа не е предизвикано од вирусот корона, кој само го катализира распаѓањето на довербата во постојниот поредок.
Рид покажува дека проблемот е во тоа што во последните две децении, владејачката политика бараше поголемо потпирање на долговите. Проценките на Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека долговите како процент од БДП може да се зголемат на нивоа што претходно биле забележани во Втората светска војна.
Високо задолжените развиени земји, исто така, ќе додадат 15 до 20 проценти на нивниот однос долг- БДП оваа година, за да можат да се справат со „ковид-19“. Дополнителни 10 проценти ќе следат во 2021 година доколку нема реално закрепнување од пандемијата – што може да резултира со финансиски шокови.
Цитирајќи ја студијата на Дојче банк, „Ајриш тајмс“ пишува дека бруто долгот на Ирска изнесувал 233 проценти од годишниот приход дури и пред ирската влада да донесе одлука да позајми милијарди за да го покрие непредвидениот буџетски дефицит од 30 милијарди евра поради „Ковида-19“. Фирмата за кредитен рејтинг „Фич“ истакна овој месец дека е далеку над просечниот сооднос од 118 проценти забележан меѓу земјите кои имаат рејтинг сличен на Ирска.
Пандемијата ги принуди владите ширум светот да водат експанзивна фискална политика. Ако потрошувачката се комбинира со огромно зголемување на понудата на пари што трае цела деценија, инфлацијата конечно ќе биде „подготвена да полета“, пишува Рид, кој се чини дека презеде многу вакви трендови во последната деценија, можеби премногу предалеку.
Уредникот на Блумберг и автор на „Страшниот пораст на пазарот“, Отон Отерс, потсетува дека владејачкиот поредок беше финансиски изграден околу независните централни банки и агресивната глобализација под водство на Маргарет Тачер, Роналд Реган и неговиот шеф на американските резерви, Пол Вокер, надгледувајќи го импресивниот раст за две децении. Потоа следуваа уште две децении обележани со повторени кризи и продлабочување на нееднаквостите и незадоволството.
Во периодот на глобализацијата, кој ја објавија Реган и Тачер, имаше дерегулација на финансиските пазари, колапс на комунизмот на истокот и проширување на производствените алки низ целата планета. Во времето кога претседателот Никсон ја прекина приврзаноста на Бретон Вудс кон златото, пред 50 години, трговијата како удел во светската економија не беше поголема отколку во пресрет на Првата светска војна се вели во оваа анализа. Сега прави приближно двојно поголем удел. Падот на Берлинскиот ѕид а потоа и влегувањето на Кина во Светската трговска организација, навистина ја сменија ситуацијата.
Каква е иднината на меѓународните економски односи?
Сепак, се предупредува дека тензиите меѓу САД и Кина може да означат пресврт на непречена глобализација. Се укажува на можното разгорување на конфликтите на културите и интересите кога Кина се приближува да стане најголема економија во светот и додека продолжува по својот пат кон враќање на својата историска улога како глобална економска моќ, истовремено претпочитајќи свои вредности различни од западниот либерализам.
Геополитички гледано, според таа спомената анализа на Дојче банк, нестабилните американско-кинески односи ќе продолжат да се мешаат. Судирите на Трамп со Кина се забрзаа пред изборите во ноември, со закани и „кинеска конкуренција“ во изборната кампања. Кандидатот на демократите Џо Бајден вети дека ќе биде уште построг кон Пекинг, нарекувајќи го кинескиот претседател Си Jinинпинг „силеџија“. Без оглед кој ќе победи на претседателските избори во 2020 година во САД, расколот меѓу двете суперсили ќе расте.
Во прегледот на истражувањето на Дојче банк, „Раша тудеј“ (интернационале руски канал) подвлекува дека, за среќа, тешко дека овој економски ќорсокак ќе се претвбори во воен конфликт меѓу двете земји, како што се случи во 12 од 500 анализирани случаи кога растечката моќ се обидува да ја предизвика владејачката моќ. Економската војна – со тарифи, санкции и напади во технолошката сфера – ќе продолжи наместо со својата жестокост, сметаат аналитичарите. Иако Европа во голема мерка зазеде ласе–фер пристап кон Кина, тензиите со Пекинг најверојатно ќе се зголемат во следната деценија, се вели во извештајот на Дојче банк.
Втората недела од септември донесе забавување на берзите, иако корекцијата на технолошките акции продолжи. Пандемијата се смири во САД и Јужна Америка, каде се прават помалку испитувања отколку во минатото, а бројот на заразени лица во Европа достигнува рекордно ниво при рекордни нивоа на тестирање, но смртноста и хоспитализациите остануваат значително помали отколку во пролетта. Со подобро запознавање на вирусот, имаме подобар одговор, но сепак постои страв од тоа што ќе донесе доцната есен и зима, кога ќе се појави периодот на настинка и грип. Земјите силно избегнуваат заострување на обемот на ограничувања и карантини бидејќи тие имаат големо негативно влијание врз економиите, но неизвесноста во некои сегменти особено во услужниот сектор е значителна и предвидувањата за економската активност се прилично несигурни. Туризмот, авионската индустрија и сродните услуги продолжуваат да се намалуваат, а есенската сезона во Европа е сериозно ограничена и зависна главно од локални (домашни) гости. Економската активност продолжува да се зајакнува, но останува далеку под нивото пред корона кризата. Најновите кинески економски податоци покажуваат солидна слика за извозот и за увозот, а Кина е една од првите земји каде аналитичарите за нијанса ги подобрија своите прогнози за раст на БДП, особено за 2021 година. Претстои потешкиот дел од закрепнувањето, бидејќи треба да се задржат позитивните летни трендови, а централните банки и владите продолжуваат да делуваат стимулативно. Каматните стапки ќе останат многу ниски уште долго време (се зборува за пет години и повеќе). Земјите продолжуваат со некои мерки преземени во пролетта за да им помогнат на економиите, но на овие мерки полека им истекува времето. Компаниите кои изминатиот период не го прилагодија своето работење на новонастанатата ситуација, имаат мрачна иднина. Негативната реторика меѓу САД и Кина продолжува, сега веќе видлива главно преку притисокот врз апликацијата TikTok, а најновиот деловен партнер изгледа дека ќе биде компанијата Oracle. Солидната позиција на европската економија и затишјето на политичката сцена, продолжуваат да го зајакнуваат еврото во однос на доларот, што сè повеќе ја загрижува ЕЦБ, а преговорите за Брегзит кои не само што се во застој, туку очигледно назадуваат со заострената реторика и ќе го задушат растот на еврото во споредба со доларот.
(Љ.К.)