Еден од лекарите кои учествуваа во овој потфат, Винфред Вилијамс, истакна дека „обилното снабдување со органи, како резултат на овој технолошки напредок, конечно може да постигне здравствена еднаквост“.
Ричард Слејман, кому неодамна му беше трансплантиран генетски променет свински бубрег е пуште од Општата болница во Масачусетс. Ова е прва ваква операција, која означува пресвртница во потрагата по подостапни органи за пациентите, се вели во соопштението на болницата.
Свинскиот бубрег, модифициран во фармацевтската компанија Кембриџ I Genesis со отстранување на „штетните свински гени“ и додавање на „човечко компатибилни“ гени, бил трансплантиран за време на четиричасовна операција на Ричард Слејман, кој имал бубрежна болест во краен стадиум.
Тоа е прва ваква операција и „означува голема пресвртница во потрагата по најдостапни органи за пациентите“, се вели во соопштението на болницата.
Претходно му беше трансплантиран бубрег од починат донор на органи, но тој престана да работи во 2023 година, поради што лекарите предложија трансплантација на бубрег од свиња.
„Го гледав тоа не само како начин да си помогнам, туку и да им дадам надеж на илјадниците луѓе на кои им е потребна трансплантација за да преживеат“, рече Слејман.
Секој ден во САД умираат 17 луѓе додека чекаат орган
Еден од лекарите кои учествуваа во овој потфат, Винфред Вилијамс, истакна дека „обилното снабдување со органи, како резултат на овој технолошки напредок, конечно може да постигне здравствена еднаквост“.
Според американската невладина организација Обединета мрежа за споделување органи, трансплантации на органи се потребни за да се спасат над 100.000 американски животи годишно, но, на пример, во 2023 година, бројот на донатори достигна само 23.500.
Се проценува дека во САД дневно умираат 17 луѓе додека чекаат нов орган, а најчесто тоа е бубрег, пренесува Танјуг.
Десетици милиони Американци имаат хронична бубрежна болест, што може да доведе до откажување на овој витален орган.
Пред две недели, кога беше трансплантиран бубрегот, Винфред Вилијамс, помошник началник за нефрологија во Општата болница во Масачусетс и нефролог, рече дека новиот извор на бубрези „може да реши нерешлив проблем на теренот – несоодветниот пристап на малцинските пациенти до бубрезите трансплантации