Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СВИРКАЧИТЕ ЗА „БОМБИТЕ“ СЕ БЕЗ РАБОТА И ОСАМЕНИ И НАПУШТЕНИ

April 10, 2018 Filed Under: Македонија

Објавувањето на дел од прислушуваните разговори во 2015 година резултирше со нови избори во 2016 и формирање нова влада во 2017 година. Покрај тоа, разговорите се докази за обвиненијата на СЈО за стотици физички и правни лица. Всушност, СЈО е формирано и постои заради тие прислушувани разговори

ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ Среќен заради извршената заштита на општеството, но оставен сам на себе

,,Се чувствувам осамено и напуштено„! Ова го изјави поранешниот вработен во УБК, Ѓорѓи Лазаревски, при примањето на наградата за слобода на говорот од Коалицијата за заштита на укажувачи на Југоисточна Европа и европскиот центар на правата на укажувачите. ,,Тоа што го чувствувам како придонес за општествената свест и свеста на народот за слободата, за мене е доволно и сум среќен“-рече Лазаревски.

Ѕвонко Костовски, вториот свиркач не присуствуваше на доделување на  наградата. ,,Зошто е потребно толку време свиркачите да добијат признание и правда? Зошто има одложување во лекување на нашите рани? Би рекол тоа е намерно одложување. Што е проблемот? Зошто сме игнорирани и напуштени? Иако ги претпоставувам одговорите, не сум оптимист дека некогаш ќе добијам официјално објаснување. Ова само покажува дека на системот и на општеството им е тешко да се справат и да ги прифатат луѓето што им ја кажуваат вистината“-изјави Лазаревски при примањето на наградата пред неколку дена во Приштина.

„Ми недостига овде Ѕвонко Костовски, но знам дека се гордее колку и јас“, изјави укажувачот од УБК, кој го откри скандалот со прислушувањето.

Лазаревски и Костовски како вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање три години ги документирале нелегално прислушуваните разговори.

СВИРКАЧИТЕ Не се сите присутни, некои не дојдоа…

Објавувањето на дел од прислушуваните разговори во 2015 година резултирше со нови избори во 2016 и формирање нова влада во 2017 година. Покрај тоа, разговорите се докази за обвиненијата на СЈО за стотици физички и правни лица. Всушност, СЈО е формирано и постои заради тие прислушувани разговори.

На 25 февруари 2015 година, со пресуда на Основниот суд Скопје 1, поранешниот вработен во УБК, Ѕвонко Костовски, беше прогласен за виновен, со образложение дека како службено лице во МВР од 2010 година неовластено ја користел опремата на МВР за следење на комуникациите и во неа внесувал телефонски броеви на политичари и други јавни личности. Пресудата беше резултат на спогодбата што Костовски ја постигнал со Јавното Обвинителство, со која ја „признал“ вината и се согласил за издржување на затворска казна од 3 години.

„Прибавените содржини од следените комуникации обвинетиот З.К. ги предавал на обвинетиот Ѓ.Л. кој му ги предавал на обвинетиот З.В., со намера  тој да ги соопшти и предаде на странска држава, организација и лице кое им служи, со што обвинетите Ѓ.Л. и З. К. на обвинетиот З.В., за паричен надоместок му ставиле средства за располагање за извршување на кривичното дело, и со тоа со умисла му помогнале на обвинетиот З.В. во извршување на кривичното дело шпионажа од чл. 316 од КЗ“, се вели во судската пресуда.

ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ЗАТВОР : Ѕвонко и Горан Грујовски кога беа авболирани од Иванов

СЈО откако го презеде предметот Пуч, минатата година се откажа од понатамошно гонење на обвинетите , заради спротивност на доказите во обвинението и оние со кои располага како доказен материјал од прислушуваните разговори.

Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски, двајцата најзаслужни за откривањето на најголемата афера во поновата македонска историја со чија помош опозицијата и Заев преку  т.н. ,,БОМБИ“ ја урнаа владата на Никола Груевски и дојдоа на власт, повеќе од три години се НЕВРАБОТЕНИ.

АКО.мк – изборот на фотографиите на Глобус

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet