Мицкоски судството го претворил во партиска филијала, со судии кои се сопружници на негови градоначалници и роднини на неговите коалициски партнери

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги блокираа реформите во судството а со тоа и правдата во Македонија. Мицкоски одби да ги донесе неопходните реформски закони и покажа дека нема никаква намера за независно судство туку само едно, заробено и послушно судство, под диктат на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.
За госинава биле предвидени во таа сфњера да се донесат вкупно 12 закони, од нив, во Собранието, не е поднесен ниту еден. Наместо реформи и независно судство, Мицкоски судството го претворил во партиска филијала, со судии кои се сопружници на негови градоначалници и роднини на неговите коалициски партнери. Без вистински реформи во судството и независни институции нема правда.
Затоа Мицкокси треба да молчи и да не го обвинува СДСМ за реформи кои самиот не ги прави. СДСМ подаде рака, понуди помош за реофрмите, понуди заеднички групи, ВМРО-ДПМНЕ одби се. Тоа е јасен показател дека ниту имаат интерес ниту сакаат независно и ефикасно судство.
Затоа од опозиционата партија порачаа да прекинат тие да глумат опозциција, за секоја своја неспособност крив да им е СДСМ. Ова е веќе дегутантно и граѓаните се смеат на нивните оправдувања.
„Ќе почнеме еден цел серијал како суделе поедини судии и како обвинувале поедини одредени обвинители. Јавноста нека суди дали тие заслужуваат да одат и да кодошат таму во Брисел и каде одат дека Владата не им ги зголемува платите. И тие во Брисел нека судат дали овие луѓе што се генератори на корупцијата во државата, дали ја заслужуваат оваа плата. Ние како Влада сме избрани 15 месеци и нема ниту еден скандал. Тоа е владеење на право“, изјави по тој повод премиерот Христијан Мицкоски, запрашан за платите на судиите и обвинителите.
Според него, јавноста нека суди дали 1,5% од БДП треба да има буџет за платите на судиите и обвинителите. Мицкоски не очекува од „тие кои што ги поставиле ваквите судии и обвинители да имаат поинаков став од тој што го имаат – заштитнички“. Премиерот вели дека „политичарите од Мала Речица и Бихаќка“ ги бранат.
-Тие се нивниот последен бастион за одбрана од криминалот и корупцијата во минатото. Свесни се и исплашени дека оној шверцерски закон со европско знаменце не е доволен за да се спасат. Со овие судии и обвинители, неколкумина, се последен бастион во одбрана на претходната влада. Мора да имаме судии кои што судат и обвинители кои што обвинуваат според закон и Устав, додаде Мицкоски.
Судскиот совет изјави дека нема да коментира политички оценки за третата власт.