Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ

May 13, 2025 Filed Under: Македонија

СДСМ предложи закон за финансиски надомест за семејствата кои изгубиле член, за повредените со различен степен на инвалидитет, како и поволности во образовниот систем за децата кои губат часови поради лекување. Во истиот предлог се опфатени и семејствата од трагедиите во Тетово, Ласкарци и Беса Транс

ГОСТУВАЊЕ ВО „ПОЛИТИКАНТИ“ СДСМ има јасен и аргументиран став зошто смета дека истрагата за трагедијата во Кочани се води селективно – рече Филипче

Предлог-законот за поддршка на настраданите од трагедијата во Кочани и за членовите на нивните семејства го поднесовме затоа што сметаме дека мора да се покаже солидарност и да им се даде поддршка, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на гостувањето во Дневникот на Сител телевизија.

Тој појасни дека станува збор за законско решение што ќе ги дефинира сите форми на поддршка – здравствена, социјална, психосоцијална и друга.

„Во вакви моменти мора да покажеме солидарност, визија и да им дадеме до знаење на граѓаните дека имаат на кого да се потпрат“, рече Спасовски и повика на заемна соработка на сите политички партии за да се усвои ова законско решение.

Спасовски се осврна и на истрагата за трагедијата која треба да биде транспарентна и неселективна и да лоцира одговорност кај сите.

„Обвинителството треба да ја води истрагата, а МВР треба да соработува и да ги преземе сите потребни активности. Очекуваме транспарентна и неселективна истрага и одговорност за сите инволвирани“, истакна Спасовски.

Тој додаде дека за жал и по несреќата се бележат негативни безбедносни трендови, инциденти и институционални пропусти, потенцирајќи дека граѓаните очекуваат системски промени.

Во исто време претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во подкастот „Политиканти“ посочи повеќе клучни ставови и прашања во врска со трагедијата во Кочани и општествената и политичка одговорност што произлегува од неа.

СДСМ има јасен и аргументиран став зошто смета дека истрагата за трагедијата во Кочани се води селективно.

„Прашањата се многу конкретни, и сè уште никој не дава одговор на нашите прашања во однос на тоа што се случи во Кочани. За трагедијата во Кочани, не се повикани на одговорност припадниците на Министерството за внатрешни работи, коишто вечерта биле присутни таму неколку часа после полноќ, а во објектот имало малолетници коишто не смееле да бидат таму. Очигледно се консумирало алкохол и се користеле пиротехнички средства. Овие прашања не ги политизираме. Ние тие прашања ги поставуваме после консултација, координација со правници коишто работат на таа проблематика. Но, во исто време кажуваме – добро, истрагата сè уште трае, ќе почекаме“, истакна Филипче.

Истовремено, додаде Филипче, граѓанските реакции и протестите по трагедијата, како и гласот на родителите кои изгубија деца, покажуваат дека постои потреба од суштинска промена во системот.

„Очигледно е дека сите партии коишто ја воделе државата во изминатите повеќе од три децении, а тоа се сите политички партии коишто досега, на еден или на друг начин, биле активни во политичкиот простор, партиципирале во било која влада во изминатиот период имаат одговорност за тоа што се случило. И оттаму, нашиот став и пристап дека во ниту еден момент нема да ја политизираме трагедијата“, повтори Филипче.

Претседателот на СДСМ укажа и на лошата состојба на дебатата во Собранието, каде владејачкото мнозинство системски ги отфрла предлозите од опозицијата. Според него, дискусијата за трагедијата лесно можела да се претвори во политички циркус, што би било срамота за државата и навреда за погодените семејства.

„Владејачкото мнозинство, за жал, ги отфрла на некој начин ’на сила’ сите наши предлози од опозицијата. Не ни стигнуваат да бидат дебатирани. Меѓутоа сум апсолутно уверен дека сите политички чинители треба вистински да направиме нешто за да се смени нешто во државата, затоа и ги иницирав тие средби. Ајде да најдеме начин, макар тоа била анкетна, надзорна или било каква комисија“, повика Филипче, иако како што додаде, многу чинители се обиделе да го одвлечат вниманието од таква можна расправа. Не се тоа само политички фактори коишто имаа интерес да го одвлечат вниманието од трагедијата во Кочани, смета Филипче.

Тој потенцираше дека апсолутно никој од СДСМ нема проблем да се разговара на соодветен начин, без да се политизира, на било која тема.

„Но, ако инструментите што ги нуди Собранието или било кое друго тело се злоупотребуваат, апсолутно сметам дека нема потреба да правиме политички циркус“, рече претседателот на СДСМ.

СДСМ предложи закон за финансиски надомест за семејствата кои изгубиле член, за повредените со различен степен на инвалидитет, како и поволности во образовниот систем за децата кои губат часови поради лекување. Во истиот предлог се опфатени и семејствата од трагедиите во Тетово, Ласкарци и Беса Транс.

Законот е подготвен, и во следните денови лично претседателот на СДСМ ќе разговара со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од другите партии за поддршка на овој закон кој е во интерес на семејствата, а не во политички интерес.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во подкастот „Политиканти“ посочи повеќе клучни ставови и прашања во врска со трагедијата во Кочани и општествената и политичка одговорност што произлегува од неа.

Истовремено, додаде Филипче, граѓанските реакции и протестите по трагедијата, како и гласот на родителите кои изгубија деца, покажуваат дека постои потреба од суштинска промена во системот.

„Очигледно е дека сите партии коишто ја воделе државата во изминатите повеќе од три децении, а тоа се сите политички партии коишто досега, на еден или на друг начин, биле активни во политичкиот простор, партиципирале во било која влада во изминатиот период имаат одговорност за тоа што се случило. И оттаму, нашиот став и пристап дека во ниту еден момент нема да ја политизираме трагедијата“, повтори Филипче.

„Владејачкото мнозинство, за жал, ги отфрла на некој начин „на сила“ сите наши предлози од опозицијата. Не ни стигнуваат да бидат дебатирани. Меѓутоа сум апсолутно уверен дека сите политички чинители треба вистински да направиме нешто за да се смени нешто во државата, затоа и ги иницирав тие средби. Ајде да најдеме начин, макар тоа била анкетна, надзорна или било каква комисија“, повика Филипче, иако како што додаде, многу чинители се обиделе да го одвлечат вниманието од таква можна расправа. Не се тоа само политички фактори коишто имаа интерес да го одвлечат вниманието од трагедијата во Кочани, смета Филипче.

СПАСОВСКИ ВО СИТЕЛ Во вакви моменти мора да покажеме солидарност, визија и да им дадеме до знаење на граѓаните дека имаат на кого да се потпрат

Тој потенцираше дека апсолутно никој од СДСМ нема проблем да се разговара на соодветен начин, без да се политизира, на било која тема.

„Но, ако инструментите што ги нуди Собранието или било кое друго тело се злоупотребуваат, апсолутно сметам дека нема потреба да правиме политички циркус“, рече претседателот на СДСМ.

СДСМ предложи закон за финансиски надомест за семејствата кои изгубиле член, за повредените со различен степен на инвалидитет, како и поволности во образовниот систем за децата кои губат часови поради лекување. Во истиот предлог се опфатени и семејствата од трагедиите во Тетово, Ласкарци и Беса Транс.

Законот е подготвен, и во следните денови лично претседателот на СДСМ ќе разговара со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од другите партии за поддршка на овој закон кој е во интерес на семејствата, а не во политички интерес.

 

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet