Време е за солидарност, пакет од економски мерки од 200 милиони евра за помош на работниците, фирмите и стопанството, сметаат оцијал-демократите, додека проив скокна Мицковски и Синдикатот кој секогаш бил близок до ставовите на сегашната опозиција
Социјал-демократкиот сојуз и понуди на Владата мерки со кои смета дека ќе го внеесе елементот на солидарност во сетот од мерките кои се прземени или се пеземаат да се избгне економскиот и социјален колапс што се заканува со пандемија од коронавирусот на земјава и населението. Шефот на оваа партија во неделата јавно ги објави соназнака дека нивната реализација, во текот на април и мај би одзела од буџетот околу 200 милиони евра. Како што знаеме Министерството за финансии ќе се задолжи кај надворешни кредитори со сума која е три пати поголема од оваа што е превидена со пакетот од Бихачка.
Најважна мерка која ја нуди СДСМ е обезбедување на минимална плата од 14.500 денри за април и мај, од страна на државата, за секој работник во приватните фирми погодени од кризата. При тоа, фирмите треба сами да си ги платат придонесите за плати, како и персоналниот данок, а оваа мерка ќе можат да ја користат сите фирми кои нема да даваат дивиденди и бонуси за менаџментот и вработените до крајот на 2020 година и нема сега, за време на кризата, да повлекуваат дивиденди и бонуси на основ на добивка од 2019 година. Потоа,нема да се пресметува помошта за бројот на вработени кои имаат поголема нето плата од 39.900 денари а сите под таа плата ќе спаѓаат во пресметката за помошта и фирмите кои ќе аплицираат мораат во моментот на аплицирањето да имаат најмалку ист број на вработени како пред корона кризата.
Целта на овие мерки, според Заев, е да нема отпуштање на вработени, како и сочувување на стабилноста на фирмите. За оваа мерка државата ќе одвои околу 120 милиони евра.
Потоа, како втора мерка СДСМ предлага, месечна плата и за граѓаните што останале без работа поради кризата, во висина од 50% од просечната плата на работникот.
Следна мерка е и исплата од 7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформална економија.
Ќе им се помогне и на медиумите, спортските клубови и слободните уметници Така, за сите информативни дејности, медиумски куќи, Владата ќе обезбеди помош, по една минимална плата од 14.500 денари по вработен за месеците април и мај. Помош има и за спортистите и за 141 регистриран слободен уметник со минимална плата од 14.500 денари за април и мај. Овој пакет мерки е насочен кон граѓаните, кон работниците, кон сите граѓани кои чесно си ја заработуваат платата, а сега поради големата неочекувана здравствена криза се наоѓааат пред неизвесност за својата егзистенција.
СДСМ и претседателот Зоран Заев потсетуваат дека македонската економија во изминатите 2,5 години е зајакната, и дадовме стабилност и раст, па таа од -1.8% БДП стигна до до +3.6% БДП, што сега добра основа за справување со кризата пред нас.
При ова се потстува дека од 99 шифри на дејности безмалку половина се погодени од кризата директно или индиректно, но секако се знае и кои не се погодени од кризата, односно имаат мали последици и тие секако не се опфатени
Солидарноста пред се е насочена кон јавниот сектор ама особено кон избраните и именуваните функционери и раководители на државно и на локално ниво, пратеници, премиер, вицепремиери, министри, градоначалници, директори, раководители, судии и обвинители, ќе земаат минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај. А сите вработени во јавен сектор одат на минимална плата. Оваа мерка не се однесува на вработените лекари и медицинскиот и помошен персонал, полицајците и војниците и тие што работат со нив и околу нив, за помагање за справувањето со Корона вирусот. Претседателите и членовите на советите во општините, управни и надзорни одбори на јавни институции ќе работат без надоместок.
Вкупниот проценет фискален ефект за два месеци за двете мерки изнесува 389 милиони денари или над 6,3 милиони евра.
Воедно се запира Законот за извршување до крајот на јуни
Како што се очекуваше протв оваа мерка веднаш скокна политичкиот опонент и синдикатот кој е нјсериозно врзан за партијата ВМРО ДПМНБЕ СОНК.
Значи, мерката за драстично кратење на платите, која вчера ја престави лидерот на СДСМ, за ВМРО-ДПМНЕ преставува сериозен удар за стандардот на вработените. Ова кратење, како што рече на денешната прес-конференција лидерот на партијата Христијан Мицкоски, требало првенствено да започне од министрите, замениците министри, директорите, градоначалниците, именуваните функционери, а не во ист кош да се ставаат кога треба да има кратење на платите функционерите и работниците.
„Вработените во администрацијата ги немаат привилегиите на функционерите на власта, ама сега со предлогот на Заев ќе ја имаат истата плата од 14.500 денари. Голем дел од овие луѓе имаат кредити, и не може да зависат од милоста на банките и несериозноста на Заев. Ништо не сме постигнале ако се скратат нивните плати, а се надеваме банките да ги замрзнат ратите. Практично се руши нивниот стандард и нема да излеземе од криза ако ги казниме работниците“, рече Мицкоски.
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) не се согласува со предлогот на СДСМ за намалување на платите на вработените во јавната администрација и бара од Владата да одбие таков предлог доколку и биде доставен. Според СОНК, ваквиот предлог е радикален и директно ќе влијае врз работниците кои се најмалку платени. Затоа бара итно да се воспостави социјалниот дијалог и да се слушнат мислењата и на синдикатите и на економските експерти.