Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СДСМ И ОРБАНОВАТА МЕДИУМСКА МРЕЖА ВО СЛУЖБА НА МИЦКОВСКИ

April 21, 2026 Filed Under: Македонија

Паниката поради падот на Орбан и почетокот на истрагите во рамките на медиумската мрежа во Унгарија, како и запирањето на финансиите од Будимпешта, влегува во последна фаза – хистерија. Со падот на Орбан, сметка на телевизијата е веќе блокирана за 100.000 евра – се вели на Бихаќка

ПРИЈАТЕЛСКИ МУАБЕТИ Тројка од која е произлезено финасирање на македонски медиуми – Орбан, Јанша и Груевски

Ивона Талеска и Драган Павловиќ-Латас повторно се на сцената – како во најцрните времиња на Груевски – се вели во едно од последните соопштенија на раководството на СДСМ. И се вели дека тие се директно задолжени за уредувачката политика на целата Орбанова медиумска мрежа во Македонија и за кампањата на ВМРО-ОКГ.

Потоа се поаѓа и од констатација дека Латас е посебно задолжен за анти-ЕУ кампањата и за ширење на дезинформации против европскиот пат на земјата. Уште од поранешните денови, овој соработник на тогашната УДБА беше задолжен за палење на Американската амбасада, а денес соработува со БИА и е задолжен за промоција на руските интереси и создавање на меѓуетнички тензии.

Ивона Талевска, која уште од врската со него има задача јавно да настапува преку Орбановата телевизија и нивното приватно здружение, ги штити интересите на своите соработници во рамките на ВМРО -системот.

Оттаму, сметаат од овој извор „паниката поради падот на Орбан и почетокот на истрагите во рамките на медиумската мрежа во Унгарија, како и запирањето на финансиите од Будимпешта, влегува во последна фаза – хистерија. Со падот на Орбан, сметка на телевизијата е веќе блокирана за 100.000 евра, а се очекува дека наскоро и останатите фирми во рамките на медиумскиот октопод ќе бидат опфатени.

Мицкоски сега е принуден самиот да го финансира медиумскиот систем со пари од буџетот на државата, со пари на граѓаните на Македонија“.

Затоа, сметаат на Бихаќка и во 2024 година го изменија Законот за медиуми, за да можат легално да префрлаат пари од буџетот до медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ и притоа да вршат притисок врз независните медиуми. Оваа нервоза ја натера Ивона Талеска јавно да се однесува како ПР на Христијан Мицкоски и криминалната организација ВМРО, иако неофицијално тоа и е.

Така, на пример, како еден интересен момент се наведува дека Ивона Талеска веќе знае што пишува во кривичната пријава што СДСМ ја поднесе, а истата сè уште не излегла од архивата на обвинителството за да се упати до надлежен обвинител. Како Талеска ја знае содржината на кривичната пријава пред Обвинителството воопшто да ја види?

Дали и таа, како  премиерот Христијан Мицкоски, „има чувство“ што се наоѓа во кривичните пријави пред тие да стигнат до обвинителите?

Или некој однапред Ви ги доставува информациите? – стои во соопштението.

Слободата на медиумите не значи слобода за перење пари, и никако не значи слобода да се уништуваат судбините на граѓаните на Македонија.

Не значи слобода за анти-европска пропаганда, изолација на земјата и злоупотреба на новинарската професија за тесно-партиски цели.

Во слободата на медиумите е убавината на демократијата, но вие автократите иако тоа многу добро го знаете, воопшто не го сакате.

СДСМ ќе продолжи да инсистира на вистината, на независното правосудство и на европскиот пат на Македонија.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

ПЕТАР ШАЦ Официјално тој е крунскиот човек во тв „Алфа“

Инаку, СДСМ поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство против повеќе физички и правни лица поврзани со сопственичката и управувачката структура на ТВ Алфа, тврдејќи дека постојат сериозни сомнежи за организирана шема на перење пари, даночно затајување и фалсификување деловни книги. Пријавата, според партијата, ги опфаќа и мнозинскиот сопственик Питер Шац, како и управителите на „Таргет Медиа“ и „Алфа Скоп“ ДОО.

Со овој потег, спорот што со денови се водеше преку прес-конференции и политички обвинувања сега се префрла во институционална фаза. Од СДСМ тврдат дека не станува збор само за медиумска сопственост, туку за сомневање дека преку поврзани компании бил граден поширок финансиски и политички модел на влијание. Во оваа фаза, меѓутоа, останува суштинската правна разлика: станува збор за поднесена кривична пријава, а не за утврдена вина, што значи дека натамошниот тек ќе зависи од тоа дали Обвинителството ќе отвори постапка и што ќе утврди.

Достапните официјални податоци покажуваат дека унгарската врска во сопственоста на телевизијата одамна е јавна. Според објавената сопственичка структура на АВМУ од февруари 2026 година, ТВ Алфа е во стопроцентна сопственост на „Алфа Скоп“, а во таа фирма доминантен удел има CHS Invest Group, зад која како краен сопственик се наведува Питер Шац од Унгарија.

Во истите податоци се гледа и врската со „Таргет Медиа“, што значи дека барем формалниот дел од сопственичката поставеност не е непознат за јавноста, туку веќе е евидентиран во официјални регистри.

Токму затоа, денешната пријава не ја отвора првпат темата за тоа кој стои зад Алфа, туку ја крева на повисоко ниво: од политичко обвинување за медиумско влијание кон сомнеж за финансиско и деловно незаконито работење.

Filed Under: Македонија

АНАЛИЗА: ИНФЛАЦИЈАТА САМО КАЈ ХРАНАТА СКОРО 7 ОТСТО
ФИЛИПЧЕ: ПЕНЗИОНЕРИТЕ СЕ ИЗЛАЖАНИ ОД ОВАА ВЛАСТ
ДАЛИ Е РАДЕВ УМЕРЕН ОРБАН? – КАКО ГО ОЦЕНУВААТ СТРАНСКИТЕ МЕДИУМИ ПОБЕДНИКОТ НА ИЗБОРИТЕ
ТЕО УШЕВ: НАЈМНОГУ СТРАДАМЕ ОД МОДЕЛОТ НА СИЛНИОТ ПРОСТАК
НОВО ЗАOСТРУВАЊЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК: ПРИМИРЈЕТО ТОНЕ ВО ВОДИТЕ НА ОРМУЗ

Најново

  • АНАЛИЗА: ИНФЛАЦИЈАТА САМО КАЈ ХРАНАТА СКОРО 7 ОТСТО
  • ФИЛИПЧЕ: ПЕНЗИОНЕРИТЕ СЕ ИЗЛАЖАНИ ОД ОВАА ВЛАСТ
  • ДАЛИ Е РАДЕВ УМЕРЕН ОРБАН? – КАКО ГО ОЦЕНУВААТ СТРАНСКИТЕ МЕДИУМИ ПОБЕДНИКОТ НА ИЗБОРИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet