Во Берлин ги бранев македонските интереси, го повикувам ВМРО-ДПМНЕ заедно да се бориме амандманот да не помине – коментираше Филипче

Филипче иомаше ниоз а контакти со највлијателни политичари во Германија и во УНијата
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на неоденешната прес-конференција, во одговор на новинарско прашање, посочи дека посетата во Берлин ја искористил како можност да лобира и да разговара со присутните европратеници за да остане неутралната дефиниција за македонскиот јазик – а не, како што е наведено во амандманот на извештајот на Европскиот парламент за Македонија, каде се предлага зборот „современ“ да се додаде како квалификација за македонскиот јазик.
Тој потенцираше дека со неактивноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, се влошува преговарачката позиција на Македонија во однос на ЕУ.
„Јас лично лобирав и во име на партијата, меѓутоа и во име на државата. Жал ми е што не гледам дека тоа го прави Владата, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ го прави – да остане неутралната дефиниција за македонскиот јазик. Сметам дека со оваа неактивност и со сè што Владата прави, практично нашата преговарачка ситуација и позиција во рамки на ЕУ се влошуваат. И еве сега, овие работи што се наведени во извештајот, практично укажуваат и го отвораат прашањето, зошто е тоа така, и зошто Владата навистина не сака видливо да лобира тоа да не се случи“, рече Филипче.
Притоа, тој ја посочи дека констатацијата на европратениците кои биле присутни во Берлин е дека ваквите додавки во однос на македонскиот јазик се резултат на провокациите од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сите констатираат една работа – дека таквите додавки на македонскиот јазик доаѓаат како резултат на провокациите што доаѓаат од нашата Влада. Тоа е сериозно влошување на нашата положба во ЕУ“, изјави Филипче.
Во одговорот на прашањето, Филипче ги повика ВМРО-ДПМНЕ да лобираат заеднички за амандманот да не помине.
„Сакам да упатам уште една директна порака,апелирам до ВМРО-ДПМНЕ заеднички да лобираме тоа да не се случи, да нема таков амандман во ЕП, туку да помине неутралната дефиниција македонски јазик, без никакви додавки. Затоа што тоа е и заслуга на политиките на нашата Влада изминативе седум години- јасен, чист македонски јазик, потпишан на македонски јазик со сите земји членки на ЕУ. Не гледам ниту една причина, освен тие провокации, зошто сега таа позиција би била загрозена“, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

МАКЕДОНИЈА – ЗАЛОЖНИК НА ТУЃИ АГЕНДИ „Во извештајот јасно стои дека Северна Македонија е тешко погодена од странско мешање и дезинформациски кампањи, вклучувајќи хибридни закани, стратешка корупција, сомнителни финансиски текови и принудни инвестициски практики – особено со потекло од Русија и Кина“, истакна, меѓу другото, говорејќи за меѓународните релации претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Оценувајќи го извештајот на ЕУ кој го доби Македонија тој рече дека надворешната политика на ВМРО-ДПМНЕ ја изолираше земјава од неочекуваното застранување на македонската Влада од усогласувањето на македонската надворешна политика и онаа на ЕУ.
„Владата исто така ја изолираше Македонија која единствена се воздржа од гласање за европската резолуција за Украина. Тоа е дипломатски срам и политичка пониженост кој го нотираат сите стратешки партнери, а сега и извештајот. Јасно укажавме дека за прв пат Македонија гласа надвор од контекстот на заедничка безбедносна и надворешна политика со ЕУ. Понатаму, се говори дека Европската Унија е алармирана за улогите на Унгарија и Србија во унапредување и ширење на геополитичките цели на Русија и Кина на Балканот. Во кој контекст, во извештајот се забележува ризик од зависност од Кина преку асиметрични заеми, како што е последниот заем од Унгарија – за кој се чини дека набавен од Кина“, рече Филипче.
Според претседателот на СДСМ ВМРО- ДПМНЕ знаејќи ги овие сериозни критики од Европската Унија, ги реактуелизираше националистичките теми со цел да ги поклопи овие критики од Европската Унија.
„На ВМРО ДПМНЕ му одговара 24/7 меѓу народот и во медиумите да се полемизира за македонскиот идентитет и јазик и да се игра пинг-понг со бугарските власти – нешто што можеби им одговара и на двете страни за зацврстување на своите позиции на домашен терен“, оцени Филипче.
Според него ако до вчера единствен услов за продолжување на европскиот пат беа добрососедските односи и затворање на прашањата со соседите, сега на површина излегуваат многу посериозни теми и Македонија веќе во очите на многу држави во Европската Унија е перцепирана држава која поддржува геополитички и регионални интереси на држави како Србија, Унгарија, Русија и Кина.

ЗА ПОПИСОТ „Постојат насоки од ООН како се прави попис. Тие насоки важат за сите земји во светот, не само во Европа. Ако на луѓето не им се даде можност да се регистрираат како нерезиденти, а не се резиденти, односно се смета дека се нерезиденти затоа што живеат во друга земја, ако живеат повеќе од една година и тоа важи како критериум во цел свет, тогаш тие ќе направат се’ да се регистрираат тука поради тоа што не сакаат да си ги скратат своите права. И тоа е зошто има резиденти и нерезиденти. Нерезидентите се дел од пописот од земјите каде што живеат повеќе од една година. Меѓутоа што е проблемот и предизвикот со електронскиот попис? Прво, многу луѓе имаат лични карти коишто се водат на друга дреса, имаат повеќе имот, и голем е тој процент, над 25-26%. Значи дека првиот предизвик на електронскиот попис е дека нема да има вистинска мапа на населението, односно нема да бидат луѓето регистрирани вистински каде што живеат туку само по личната карта е во многу случаи на друго место. И втората работа што е предизвик за електронскиот попис, ја нема националноста во ниту една електронска база. И кога се вкрстуваат податоците со базите на Фондот за здравствено, со ПИОМ, УЈП, со цел тие податоци да се проверат од направениот попис, како што во наше време за време на пописот се вкрстени податоците од шест електронски бази за да се провери каде работното место име, презиме итн, ја нема графата за националност. Тие тие две работи сметам дека се сериозен предизвик кога станува збор за тоа дали да се прави или не електронски попис.“