Факт е дека социјал-демократите на овие избори направија нешто како „од готово – вересија“. За тоа има многу причини, пред се давањето на разно-разни „бонуси“ во изминатите години на својата опозоција само за да минат работи за кои беа потребни 80 гласа. Прертседателските избори беа показател дека сведени на традиционалните бирачи СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ќе имаат постојано трка за фото-финиш
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Дали Зоран Заев, јадејќи пити во Брајчино, знаел дека Ахмети ќе треба да оди во Хаг? И додека тој посегнува по пелистерското кисело млеко ни дава можност сега да ја согледуваме логиката на неговата упорност да нема ништо заедничко со ДУИ? При тоа, нели, мислиме дека неговите американски коридори пропуштиле некои сознанија кои дошле до социјал-деморкатите. Се знае кој диригира со Меѓународниот суд во Хаг а Ахмети поканата ја добил пред изборите, можеби и уште додека постоело загревање за кампањата?! Јасно е дека во тој миг Заев ја имал целата надворешно-политичка поткрепа (евентуално минус Франција) но сепак домашната кампања и изборите требал да си ја одработи сам. Дотука е се јасно, освен она дека кампањата треба да ја одработи сам, практично со носотелите на изборните листи, а дека голем дел од оние кадри кои тој ги исфрли и кои добија партиски крилја за да управуваат со некои ресори едноставно не се видоа. Ова особено важи за коалиционите партнери, да речеме оние од НСДП или ЛДП. За партијата на Павле Трајанов да не говориме. А посебна приказна се градоначалниците кои треба да напшрават анализа и да објават зошто во некои општини имаат толку големи осцилации и зошто ним им се поважни изборите што треба да се одржат следната година (локалните) отколку овие?
Факт е дека во мигот прашањата за идната Влада се компликувани и се предмет на разно-разни комбинации, небаре некој јуноша треба да најде решение кај Рубиковата коцка.
Анализите во мигот најчесто поаѓаат од тоа дека Македонците не биле мотивирани Однопсно етнички македонски корпус бил многу помалку мотивиран да излезе и да гласа во споредба со изборите од декември 2016 година. Односно дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, загубиле вкупно над 250 илјади гласови во однос на последните пшарламентарни избори. Речиси во сите општини, двете најмоќни македонски партии, имаат пад на бројот на дадените за нив гласови, дури и онаку каде однеле победа!.
Од друга страна пак етничките Албанци биле расположени да гласаат, и тоа најмногу за етничките албански парти. Видливо е дека СДСМ, на пример, ја изгуб и својата потпора кај албанското гласачко тело што го имаше пред три и пол години. Иако потписникот на овие редови и тогаш сметаше дека социјал – демократите добија некои 30-тина илјади гласови кај Албаците ама изгубија исто толку од сопствениот корпус (добивката беше на друг план, но тоа е посебна приказна). Се виде кај колебливата поддршка за Пендаровски на претседателските избори дека има раслојување на оние кои не му ја мислат многу за прозападната опција и нејзината судбина.
Всушност, во СДСМ постоеше верување дека со склучување на предизборна коалиција со БЕСА, именувана како Можеме, се потврдува наднационалната позиција на левата коалиција. Има многумина кои би рекле дека е тоа потег кој е за поздравување, токму од тој ориентационен идеолошки ракурс. Секако е прашање дали кога албанските гласачи заокружувале за СДСМ ја прочиале таа порака? Ако се погледне, на пример, како во Арачиново на локалните избори пред три години победи СДСМ со своја градоначалнилчка – Албанка а деновиве мина многу лошо надевајќи се дека БЕСА ќе ја одработи теренската работа во оваа општина, се чини дека постои класична грешка: има Албанци кои не ги сакаат алабанските партии и сакаат да бидат на чисто кога стојат зад СДСМ, неа ја земаат како наднационална партија.
Дилемата е дали БЕСА навистина донела четири пратеници меѓу албанскиот електорат или направила некаде албанските гласови да се одлеат кон ДУИ, Алијанса а некои македонски гласови, заради идеолошката мимикрија на Апасиев да заминат за Левица?
Индикативно е секако ситуацијата со скопските општини, кога веќе го споменавме Арачимново. Кај сдсмовци секако боли загубата на Аеродром, бидејќи во 2016 таму победи со 23.220 гласови, наспроти 21.320 на ВМРО-ДПМНЕ. Сега освои само 13.026 гласачки ливчиња. ВМРО-ДПМНЕ доби 15.209 гласови, иако и тие се во загуба од над 6.000 гласови. Токму во оваа градска општина Левица си најде свои приврзеници добивајќи еден пратеник ш таму зема 3.809 гласа, наспроти 1.379 во 2016 година.
Левица има собрно гласови и во Карпош каде СДСМ изгубило над 8.500 Кисела Вода пак, која важи за традиционално вмровска, сега покажа дека двете големи партии изгубиле по околу 6 илјади гласови. Кураѓот го вратил Центар, каде листата на Никола Димитровм е со над 4.000 гласа разлика во однос на традиционалниот противник. Кај „кецот“Сопиште ВМРО-ДПМНЕ победува со двојна разлика. Чаир покажа дека БЕСА не успеа да добие значителни гласови во скопските општини. Па така, по број на гласови победник во Чаир е ДУИ, со освоени 6.933 гласови, или над 2.700 гласови повеќе од 2016 година, кога имале 4.228 гласови. Затоа, пак, Алијанса со Алтернатива во Чаир имаат најголема причина за славење, добивајќи 5.276 гласа во таа општина, наспроти само 826 колку што имала Алијанса во 2016 година, што е раст за повеќе од пет пати. Можеме, на овие избори во Чаир освои само 2.292 гласа, речиси двојно помалку од сама СДСМ во 2016 година, кога таа партија освоила 4.327 гласови. И ВМРО-ДПМНЕ во Чаир има двоен пад, од 1.958 гласови во 2016 година, на само 972 гласа на овие избори. Во Чаир се гледа и колку е во лоша позиција ДПА, бидејќи партијата на Мендух Тачи пред три и пол години имаше дури 1.517 гласови, а сега се сведе на минорни 197 гласачки ливчиња.
Иако во 2017 година СДСМ го прекина постојаниот пораз од ривалот и во Гази Баба и тоа често со разлика 1:3 или 1:4, сега за партијата на Христијан Мицкоски гласале 14.540 граѓани, наспроти 8.970 за СДСМ. Се враѓа ли традицијата? Во Ѓорче Петров ВМРО-ДПМНЕ на овие избори е во тесно водство, иако тоа било многу потесно во 2016 година. А во Шуто Оризари, убедлив победник е СДСМ, со 3.092 гласа, наспроти 2.632 гласа колку што имаше во 2016 година.
Општата оценка на аналитичарите е дека сите големи партии имале одлив на гласови, делумно и заради епидемијата, која влеа страв кај гласачите, поголем од оној кој го забележаа анкетите! Потоа, СДСММ често победува во големите градови а ВМРО во селата, па често победата се должела на бројот на „селаните“ во една општиона! Прилеп е таков пример. Чуден е преминот на Гевгелија во рацете на вмроовците, како и поразот на СДСМ во Неготино. Слично помина и гласањето во Битола, каде СДСМ победи во градот а загуби во некои поголеми села воПелагонија.
Необично внимание предизвикуваше Куманово, заради судирто меѓу премиерот на Привремената влада Спасовски и градоначалникот Максим Димитриевски. Сепак партијата на Зоран Заев таму го победи ВМРО-ДПМНЕ со безмалку четири илјади гласа разлика.
Борбата за Македонски Брод била тесна = партијата на Христијан Мицкоски освоила 1.746 гласа на овие избори, наспроти социјалдемократите, кои прокнижиле 1.457 гласачки ливчиња. Што велат бројките за Истокот, односно Третата изборна единица.
Во Велес СДСМ за малку загуби од ВМРО-ДПМНЕ, односно за нешто повеќе од илјада гласа и одново заради гласовите на селата. Партијата на Мицкоски таму освои 10.380 гласа, а СДСМ 9.279. Во Берово СДСМ го потврдиле победничкиот скор, Социјалдемократите во Делчево не само што победиле, туку и го зголемиле своето водство во однос на изборите во 2016 година. Сега имаат 4.428 гласа, што е раст во однос на 4.110 гласачки ливчиња пред три и пол години. ВМРО-ДПМНЕ, пак, тогаш биле победници, со 4.375 гласови, но сега не само што ја загубија општината, туку и безмалку илјада гласови, сведувајќи се на 3.427 гласачки ливчиња на овие избори. И во Кочани има значително прекршување на традицијата – партијата на лидерот Заев има причини за славење, бидејќи сега победила, иако тесно, Или, СДСМ таму има 7.660 гласа, наспроти 7.176 на ВМРО-ДПМНЕ.
За подбриот пласман на СДСМ во Источна Македонија аналитичарите тврдат дека е заслужехн генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. Тој триумфираше во неговата родна Крива Паланка. Таму социјалдемократите водат со две и пол илјади гласа, наспроти претходните избори кога загубиле од ВМРО-ДПМНЕ. Или, сега СДСМ има освоено 6.961 глас, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои имаат 4.495 гласови. Во 2016 година, пак, со 6.519 гласа воделе ВМРО-ДПМНЕ, наспроти СДСМ кои имале 5.881 глас.
Нема промени во Свети Николе – таа си била и останала „вмроовска“ а разликата сега е е над 1.000 гласови.
За влакно, односно со само 64 гласа ВМРО-ДПМНЕ победиле и во Штип, но со многу помала разлика од претходните избори. Сега таа партија има 10.141 глас, наспроти СДСМ кои имаат 10.077 гласа. Во Штип Левица има добиено уште ден пратеник и тоа секако влијаше што СДСМ во последен миг изгуби еден пратеник па ВМРО води со10:9.
На изненасдување повеќето кавадарчани, односно 9.109 граѓани, гласале за ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 8.474 колку што својот глас го дале за СДСМ. Радовиш, пак, може да се смета како „трофеј“ на СДСМ, со нешто над 700 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ. А лидерот на СДСМ Зоран Заев има причини да биде радосен што неговиот СДСМ ја однесе победата во родната му Струмица, поведувајќи со 14.606 гласа пред ВМРО-ДПМНЕ, кои таму имаат 10.886 ливчиња, што е безмалку четири илјади гласови разлика. Но и тука имало „левичарење“ па партијата на Апасиев избројала 1.158 гласови, наспроти 232 пред три и пол години.
Кичево остана вмровски бастион, додека СДСМ оствариле водство во Ресен, каде благо беа поразени на претходното парламентарно соочување.
Во Струга, пак, пресвртница, ДУИ ја презема оваа општина од Алијанса со Алтернатива.. СДСМ со многу мала разлика е пред ВМРО-ДПМНЕ во таа општина, а таа била поголема пред три и пол години.
А во шестата изборна единица, ако се набљудува Гостивар, таму Алијанса и Алтернатива целосно ја однеле победата над ДУИ, со 10.548 гласа спрема 6.917. Во 2016 година победници биле интегративците, со 8.444 гласа, додека Алијанса тогаш имале 6.275 гласа. Сега Алијанса со Алтернатива имаат голем раст на гласовите, наспроти ДУИ кои имаат минус. СДСМ во таа општина води пред ВМРО-ДПМНЕ, исто како и во 2016 година, но и двете партии имаат пад на гласовите. Затоа, ДПА и таму е во лоша позиција, од 2.468 гласа, паднала на 598 на овие избори.
А во Тетово, пак, повторно се гледа колку коалицијата со Беса не им донесе бенефит на СДСМ. Таму Беса на претходните избори имала 8.512 гласа, а СДСМ 7.252. На овие избори, пак, коалицијата можеме освои вкупно 7.417 гласа, што практично значи дека ниту еден од тогашните гласови на Беса, не отишле на контото на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ во Тетово изгубиле многу гласови, па сега имаат 5.483 гласа, што е голем минус во однос на 2016 година, кога освоија 8.040 гласа.
По овие куси укажувања за гласањето јасно е дека СДСМ, кој не влоѓи приговор на изборите, е задоволен со освоените 13 илјади гласови пред противникот. Факт е дека прогонозерите први паднаа на испитот 0 ниту СДСМ доби 5-6 отсто од гласачката мнаса, ниту пак ВМРО ДПМНЕ достигна победоносни врвови иако успеа претходно да ги добие сите бонуси од СДСМ. Бегаше, бегаше од поразот и конечно е пак поразена и многу тешко може да составуѕва влада, бидејќи нема коалиционен капацитет, на што мнораше порано да внимава.
Јадрото на водствто на црвено-црните е во паника. Се обидува да најде формула за спас на шефот – те се реформира Статутот на партија (со идеи стари три години), те се ветува дека се не е изгубено при формирањето на Влада, па после лошо прочитаната „победа“ односно „победа“ кај македонското гласачко тело, сега се прават обиди за разни коалициски гимнастики. Во меѓувреме во медиумите се изнаредија директни барања за отставка на „тренерот на екипата која губи“. Од видни вмроовци. Се говиори и за видлив расцеп на партијата на три сегменти.
Прашањето за ДУИ, идејата за „премиер Албанец“, која се разводне, особено откако Ахмети доби покана да оди во Хаг, силно ги стресе тие комбинаторики од Мала Речица.
Е, камо ли партиските борци од Бихаќка да беа сите свесни дека победите сепак треба да се истрчаат а не да чекаат да паднат во скутот како крушки. Затоа сите сме сега во ислчекување, како да сме во некаква кладилница.