ЉУБИША НИКОЛОВСКИ
Последната прес конференција на лидерот на оваа сега опозициска партија Венко Филипче може по неколку работи да се нарече и пресвртница во јавниот дискурс на СДСМ
Ако е непишано но востановено правило секоја нова Влада да се оценува по изминатите сто дена од доаѓањето на власт, може да се примени и правилото опозицијата да се преиспита по изминати 300 дена живот надвор од Илинденска бб. Ова секако најмногу се однесува на СДСМ, партија која на последните избори беше тресната од земја и едвај се созема од тој удар.
Последиците од тој пад сеуште се видливи во политичкото однесување на партијата во сите ешалони, од врвот, преку Парламентраната група па сѐ до општнските организации.
Но сето тоа не би било интересно само по себе ако последиците од слаба опозиција не ги чуствуваат и граѓаните.
Па сепак старо правило вели „можеш да станеш од она место од кај што си паднал за да продолжиш понатаму“.
Се чини СДСМ со низа обиди низ дебата и амндмани да „пробие“ во јавноста, полека се враќа на политичката сцена-и тоа повеќе „однадвор“. Имено, очигледно е дека партијата својот препород го старува од онаму од каде е и родена идеолошката матрица-од Бихаќка.
Серијата прес конференции и соопштенија по актуелни теми од секојдневието на граѓаните говори дека СДСМ му се враќа на народот, иако овој термин со децении беше „страно тело“ во вокабуларот на социјалдемократите, ви за ви „граѓаните“.
Оваа медиумска акција сѐ уште е далеку зад пропагандната машинрија на ВМРО ДПМНЕ и не и е ни до колениниците, но важно е дека нешто се движи напред.
Последната прес конференција на лидерот на оваа сега опозициска партија Венко Филипче може по неколку работи да се нарече и пресвртница во јавниот дискурс на СДСМ.
Претседателот на Социјалдемократите на вчерашната прес-конференција разобличи голем скандал поврзан со случајот за биолошката терапија на Клиниката за Онкологија, од страна на власта и вистината излезе на виделина.
Со објавувањето на извештаите за Онкологија му зададе сериозен удар на ВМРО ДПМНЕ и неговите долгогодишни манипулации како партија.
Филипче посочи дека вистината за Клиниката за онкологија која треба да ја знае јавноста е директно поврзана со анкетната комисија за Клинката за онкологија која ја побара ВМРО-ДПМНЕ, а ја водеше Рашела Мизрахи и сите тврдења дека не постојат извештаи за работењето се чиста лага.
Министерството за здравство во времето кога го водеше Фатмир Меџити, до Јавното обвинителство Скопје во истрагата за случајот Онкологија доставило допис во кој навеле дека „не постојат шестмесечни извештаи кои што Клиниката за онкологија по закон требало да ги испраќа до Министерството за здравство, а во кои стојат информации за приходи и расходи за потрошени буџети“, иако тие извештаи постојат и постоеле години наназад за што информирашше Филипче
Откако Филипче ги набавил извештаите преку пријателски врски, тој му ги доставил на Обвинителството од кое на прес-конференција побара да анализира зошто досега биле криени. Филипче јавно праша дали намерата е тој да биде вовлечен во предметот.
Освен за озвештаите поранешниот министер за здравство Венко Филипче потсети дека „дури и во најтешките ковид времиња, кога имаше рестрикции во движења ниту еден онколошки пациент и тоа пациентите го знаат, не беше оставен без терапија, сето тоа било редовно соработувано во министерството за здравство“, рече Филипче.
Но, на таа прес конференција на која имаше безброј новинарски прашања Филипче успеа не само да се брани туку да потсети и на успешни потези и проекти на партијата додека била на власта а кои беа прогласени за ништовни и заради што во предизборието беше наметнато мнението дека Владата на СДСМ не направила ништо за време на нејзиното владеење.
„Свечените пуштања“ на неколку патни правци од страна на ВМРО ДПМНЕ беа демаскирани како китења со туѓи перја, затоа што тие беа направени токму во времето на СДСМ. И со тоа треба еднаш да се престане како што тоа своевремено го правеше и СДСМ, затоа што треба да биде јасно дека ниту една Влада не може да заврши се самата во својот мандат. Затоа има една стара српска поговорка „Где ја стадох ти продужи.“
Да се вратиме на пресот на Филипче. Откао се „изми“ за Онкологија тој упати и сериозни забелепки и со аргументи констатираше за реформската агенда на Владата на ВМРО ДПМНЕ за дека доцни.
Уште еднаш јасно и гласно расчисти со заедничкото минато со ДУИ, а потоа го повика премиерот да почне разговори со новоизбраната легитимна Влада на Бугарија за европските перспективи на Македонија.
До крајот на денот Мицкоски искажа подготвеност да го стори тоа.
На крајот Филипче побара и што поскоро постигнување консензус за нациионалние интереси на Македонија за кои рече дека не мора да се однесуваат само на наворешната полтикка туку дека потсојат многу други теми кои се од непосреден инатерес за граѓаните како што е животнот стандард на граѓаните, платите н аработниците, здравството и образобванието.
Со некоку зборови, СДСМ почна да заличува на партија која сеуште има што да даде на политичката сцена во Македонија и да ја врати довербата кај народот.
(racin.mk)