Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СДСМ: ШЕМА СО СТАНОВИ НА КУМАНОВСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК

May 27, 2025 Filed Under: Македонија

Општина Куманово е само алатка за остварување на приватните бизнис интереси на градоначалникот Максим Димитриевски и неговиот кум Драган Митевски

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ Кој вели дека становите биле скапи?

По скандалот со продажбата на земјиштето кај поранешен ЧИК, излегува нов сомнителен случај – нов скандал, шеми со станови, велат во СДСМ, вредни околу 140.000 евра.

Во 2010 година, Максим Димитриевски купува 10.000 м² земјиште за 10.000 евра.  Односно по едно евро за квадрат.

Тогаш не е градоначалник, но токму ова земјиште подоцна, кога станува градоначалник, е клучна алатка за оваа сомнителна шема. Во меѓувреме компанијата „Евгенија план ДОО увоз-извоз Куманово, добива дозвола за градење и гради зграда. Но, подолг период од непознати причини, оваа компанија не можела да добие технички прием.

Димитиевски станува градоначалник, компанијата не добива дозвола за технички прием, сè до моментот кога кумот на Димитриевски купува два стана во зградата од по 97 кавдрати. Потоа, техничкиот прием е одобрен.

(покажан е купопродажниот договор за двата стана од по 97 квадрати на кумот на Максим од август 2022 година).

Само неколку месеци потоа, истата 2022, еден од тие станови кумот му го префрла на Масксим Димитриевски со размена на недвижност. Ама не за реалната цена од околу 70.000 евра, туку за 2.500 евра. Како е можно стан во Куманово од 97метри кавдартни да го добие Димитриевски за само 2.500 евра? Значи Димитриевски се стекнал со стан во Куманово од 97 кавдарти вреден 70,000 евра за само 2.500 евра.

Овој скандал отвора сериозни прашања за можна корупција, перење пари и судир на интереси кои мора да бидат расчистени целосно.

-Дали станува збор за перење пари?

-Дали е ова дел од коруптивна шема поврзана и со техничкиот прием на згрдата?

-Дали градоначалничката функција е злоупотребена за приватен профит?

СДСМ бара итна истрага од надлежните институции. Куманово заслужува чесно раководство, а не станбени афери и злоупотреби!

Јасно е дека Димитриевски не работи за Куманово, туку за себе и за блискиот фамилијарен круг. Но, Куманово не е негова семејна компанија.

Правдата никако да стигне до нашиот град – Куманово. Тоа мора да се промени.

Скандалите поврзани со работата на градоначалникот од ЗНАМ, Максим Димитриевски никако да добијат институционална разрешница.

Станува збор за основани сомнежи кои мора до крај да бидат расчистени, сомнежи за судир на интереси, перење пари и коруптивни шеми, злоупотреба на функцијата и институциите во Општина Куманово.

Сомнежи за систем кој наместо на граѓаните им служи на личните бизнис интереси и кумовски врски предводен лично од градоначалникот Максим Димитриевски.

1.Мора да се истражи најголемиот коруптивен скандал во општина Куманово со земјиште, во организација на Максим Димитриевски и неговиот кум и бизнис партнер Драган Митевски.

Кумот на Димитриевски купува земјиште од семејството на Димитриевски за 248.000 евра а само месец дена подоцна тоа исто земјиште го препродава на ЛИДЛ за 600.000 евра.

За ова земјиште се менува и ДУП-от за кој гласа братот на Митевски кој е координатор на советничката група на ЗНАМ.

Кој повеќе е заглавен во конфликт на интереси во овој скандал?

Како Димитриевски и неговиот кум заработиле 350.000 евра? Институциите мора да дадат одговор.

Понатаму, мора да се истражат и другите скандали.

  1. Како тоа Димитриевски добива стан од 97 метри квадратни во центарот на Куманово вреден 70.000 евра за само 2.500 евра? Каква е таа размена на земјиште од својот кум?

Има ли тука грам пазарна логика? На што личи ова освен како уредено сценарио за прикриен профит и перење пари?

Значи кумот купува, продава, заменува препродава и најважно од се профитира. А сето тоа е индеиректно овозможено од Димитриевски.

Овие случаи не се изолирани инциденти – туку дел од системски образец: користење на политичката функција за лично и семејно богатење на Димитриевски.

Институциите не смеат да замижуваат пред овие криминали, кумовски шеми за големи профити.

СДСМ јавно повикува:

Антикорупциска комисија да отвори предмет за скандалите со Димитриевски.

Финансиска полиција и Јавното обвинителство да постапат по допрен глас.

Конечно, правдата да стигне и до Куманово.

 

Filed Under: Македонија

ПАДНАВМЕ ПРЕД ЦЕЛТА
ХЈУМАН РАЈТС ВОЧ: БАЛКАНОТ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ТРЕТИРА КАКО ПАРКИНГ ЗА МИГРАНТИТЕ
ОД ДЕЈТОН ДО НОН-ПЕЈПЕР: КАДЕ Е БИХ 30 ГОДИНИ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ВОЈНАТА
НАБИТА СУБИОТО: СО РАБОТА И ЉУБОВ 40 ГОДИНИ ЈА ОДРЖУВАМЕ МАКЕДОНИСТИКАТА  ВО СЛОВЕНИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (130): МОСКОВСКИТЕ ШПИОНИ ОДАТ СЕ ПОДАЛЕКУ

Најново

  • ПАДНАВМЕ ПРЕД ЦЕЛТА
  • ХЈУМАН РАЈТС ВОЧ: БАЛКАНОТ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ТРЕТИРА КАКО ПАРКИНГ ЗА МИГРАНТИТЕ
  • ОД ДЕЈТОН ДО НОН-ПЕЈПЕР: КАДЕ Е БИХ 30 ГОДИНИ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ВОЈНАТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet