БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Преговорите за СЈО се криминални акти, независно од исходот, односно акти на криминалот. По дефиниција.Никој нема право да преговара дали и под кои услови ќе се судат убиствата, очевидните пљачки и најдивите културоцидни злосторства! Ако, пак, преговара- ги легитимира!
Ништо од однародувачката апокалипса што ја најавуваа од Злосторничкото здружение на вмро-дпмне. Дури и скапите полилеи се тука, само што од бандитската централа се преместуваат во испоставите на една друга лоповска организаација која поради директните врски со Господ, е ослободена од инспекцискиот надзор на државата.
Милошоски мисли дека Антонијо, на кого јас му препорачав да умре за да можам да го чкртнам на некоја читуља и да го убијам како мртовец, па да го разбудам како будала, е тој. Сите домашни и странски политички и правни инстанци ги возбуди со приказната дека неговото синче може да страда ако разбере дека Тричковски ја загрозува безбедноста на Антонијо.
И сега што!?
Колку пати помалку или повеќе глуп може да биде човекот ако ја прекрстиме Република Македонија во Северна Каролина Гочева!?
Или во Јужна Југославија!?
Јас мислам- ич!
Ах колку се луѓето разочарани.
Не без причини, се разбира.
Промената на името не смени ништо во нивните идентитети. Корените им се тука, имињата им се тие што ги имаат во матичните книги на родените, не се помалку глупави од порано, паметта не им доаѓа по истите патеки како и во Република Македонија, зборуваат на ист јазик, со исто име, јадат бурек за појадок и ќебапчиња за ручек, пијат лозова ракија и александрија куве, ги гледаат истите срања по телевизиите….
Логично би било сметките за разочарувањето да им се испостават на катастрофичарите. Тоа е така нормално. Освен тоа луѓето овој пат се во ситуација да реагираат благовремено и да избегнат уште едно разочарување, така што ќе се запрашаат: а за кој ѓавол да го враќаме старото име, ако со новото ниту најголемите противници на промената не можат да најдат ниту една негативна честичка.
А позитивни има и тие не се мали.
Огромни се.
Тие две работи ја уриваат предизборната и воопшто политичката платформа на еден ретко ограничен тип што се води како земски претставник на задграничниот лидер од Будимпешта. Неговата кампања против промената на името се покажа како лажна и луѓето ги имаат сите основи да веруваат дека и кампањата за враќање на старото име е таква. Уште повеќе: освен што е лажна таа кампања е и опасна затоа што носи сигурна конфронтација и изолација, носи жртви, бесмислени, се разбира, и ја исправа државата и нацијата пред можен комплетен крах.
Тажната судбина на Асанж покажува дека функционалните системи на светскиот поредок не можат да се урнат со моралната диверзија на нешто што е некаква форма на истражувачко новинарство, независно колку голема неправда, па и неморал има во тие системи и колку е силна на прв поглед диверзијата или нејзината морална димензија.
Не придавам никаква вредносна квалификација на ваквиот исход.
Тоа е просто така.
Мицко и Гога звана Јога, под диригентската палка на еден на чиста пљачка обогатен глупак од Унгарија, мислат дека под паролата “Правда за Македонија” можат да извршат морална диверзија врз возот на европската надворешна политика, кој е ставен во геополитичките шини во кои Преспанскиот договор е важен праг.
Треба ли посебно да се нагласува како ќе заврши таа бесмислена операција!?
Македонија нема други инструменти да покаже дека ги препознава овие ситуации освен изборите. И по некоја шарена револуција. Победата на Пендаровски ќе има две клучни значења: прво, дека граѓаните ја препознаваат исправноста и безалтернативноста и безрезервната, генерална отиентација на државата кон НАТО и ЕУ и, второ, дека тоа исто граѓанство е спремно да ги совлада и отстрани последните блокади на злосторничкото здружение на вмро-дпмне кое нема никакви други функции по темелната пљачка и обезличувањето на Македонија. Која цело време се бори против вмро. Ние немаме други непријатели, противници, кочничари. Така што ќе постави еден разумен, нормален, проевропски ориентиран, спремен човек за шеф на државата на местото на досегашниот лудак од таа инсталација и така што ќе отвори простор за промена на собраниската конфигурација во насока на маргинализирање на структурите што самата политичка еволуција полека ги отпаѓа од телото на нацијата. Вмро е опашка која Македонецот се уште не сака да ја скине туку со неа парадира како некаков мајмун.
Ме разочара последната колумна на Ордановски.
Мислам, не текстот, стилот или авторот, туку стравот дека во тоа што го пишува, има одредена доза на вистина.
Власта и опозицијата, се разбира, можат да се договорат да го поделат опљачканото богатство, да го ликвидираат СЈО или да го интегрираат во својот криминален проект, но, големо прашање е дали имаат таква контрола над ситуацијата, над разјебаните институции и над јавноста и, второ, дали и колку таквиот исход ќе го загрози дилот и нивниот интерес. Особено ако се знае дека неминовната имплозија на Македонија во тој случај би го изложила на опасност опљачканото благо до нивото да го преполови или скроз да го сјебе и да ги прати главните актери да си ја ебат мајката со своите милиони.
Јас не сум толкав песимист.
Собраниската конфигурација ги фаворизира бандитите, можеби се точни претпоставките дека власта внимава да не се оддалечи премногу од неподносливата глупост, ригидност и примитивност на опозицијата. Дека и самата се глупира и забавува како велосипедист кој сака да го повлече пријателот кој паднал во криза на угорницата во политичките Алпи. Па, као, се расправа со политичкото крило на злосторничката инсталација за јавното обвинителство. За претседателските избори со онаа тага од жена со програма со која запнала да го убедува светот да го сопре вртењето на Земјата зашто тоа еднолично движење многу негативно влијае врз психичката кондиција на Македонците.
Точно е дека Европа и САД имаат други приоритети, но, тие своите ставови ги изнесоа: СЈО мора да остане независен и кредибилен фактор на правдата.
Основниот кримен на СЈО е во тоа што води кон закономерен растур на констелацијата која го оневозможува и, во перспектива, кон крај на актуелниот систем на акционерските друштва за пљачка на народот и на државата, официјално регистрирани како политички партии.
Специјалното обвинителство е нормален орган, другите правосудни органи во поголем дел се специјални испостави на политички спонзорираниот криминал.
Преговорите за СЈО се криминални акти, независно од исходот, односно акти на криминалот.
По дефиниција.
Никој нема право да преговара дали и под кои услови ќе се судат убиствата, очевидните пљачки и најдивите културоцидни злосторства!
Ако, пак, преговара- ги легитимира!
(Бесплатна колумна)