Берни Сандерс како лидер во демократската трка им пречи на сите. Што ќе се случи на супер вторникот, на 3 март? Смената во разузнавачкиот сектор што ја прави Трамп е заради фактот дека токму разузнавачите тврдат дека Русија сака да победи актуелниот претседател и работи на тоа
Последната,10-та претседателска дебата на демократите се одржа во Чарлстон. Демократските претседателски кандидати го нападнаа водечкиот во анкетите, но и на досегашните примарни избори, сенаторот од Вермонт Берни Сандерс, истакнувајќи дека самонаречениот демократски социјалист ќе загуби од републиканецот Доналд Трамп на изборите во ноември, ако стане партиска номинација.
„Берни ќе загуби од Трамп и Претставничкиот дом и Сенатот ќе бидат со републиканско мнозинство“, изјави поранешниот градоначалник на Њујорк Мајкл Блумберг во Чарлстон, на 10-тата дебата на демократите, на четири дена пред одржувањето на примарните избори во ова сојузна држава.
Сандерс, пак, аргументирајќи зошто е најдобар кандидат, истакна дека во националните истражувања, во најмалку 50 хипотетички соочувања во Трамп, Берни би победил во 47.
Друг претседателски кандидат, сенаторката од Масачусетс Елизабет Ворен, долгогодишна сојузничка на Сандерс, изјави дека би била подобра претседателска од Берни и оти ќе турка прогресивна агенда, ако победи во трката за Белата куќа.
Поранешниот потпретседател Џо Бајден има тесна предност пред Сандерс во најновите анкети спроти гласањето во Јужна Каролина, а во залог е освојување на 54 делегати.
На синоќешната дебата на демократските кандидати за претседател во Јужна Каролина најмногу удари прими независниот сенатор од Вермонт, Берни Сандерс, кој како фаворит, со победите во Њу Хемпшир и Ајова, засега има најголеми шанси за победа на прелиминарното гласање во оваа сојузна држава.
Берни има добри шанси да ја добие и Јужна Каролина, се дознава од најновата анкета на агенцијата „Ројтерс“ и консултантите „Ипсос“.
Изборите за тоа кого демократите во сојузната држава ќе номинираат за претседателски кандидат се во сабота (во недела по наше време). На досегашните анкети Сандерс беше изедначен со поранешниот потпретседател Џо Бајден, но најновата анкета укажува дека неговата позиција се засилува поради тоа што гласовите од Бајден можат да се одлеат кај уште еден учесник во трката, Том Стајер.
Милијардерот Стајер потроши десетици милиони долари за да ја зголеми својата популарност кај афроамериканската заедница, околу половина од демокарсткиот електорат во Јужна Каролина.
Според набљудувачите, ова може да му помогне на Сандерс во трката со Бајден. Така истражувањето на јавното мнение на Ројтерс-Ипсос укажува дека Сандерс за прват достигнал поголема популарност кај афроамериканската заедница од Бајден.
Според истражвањето, спроведено 19-25 февруари, 26 отсто од регистрираните демократи и независните укажале дека на изборите во сабота ќе гласаат за Сандерс, 15 отсто од нив укажале дека ќе гласаат за милијардерот Мајкл Блумберг, додека 14 отсто за Бајден.
Со ова, Сандерс за првпат во изминатите три недели се оддалечи од останатите сериозни конкуренти и постигна двоцифрена популарност.
За демократите, важна карактеристика за претседателскиот кандидат е тој да заслужува да биде избран. Според анкетата, 26 отсто од демократите сметаат дека Сандерс има најмногу способности и заслуги да биде избран, по него е Блумберг со 20 отсто, а на трето место е Бајден со 17 отсто.
Во хипотетичка трка Сандерс-Трамп, води сенаторот од Вермонт. Од сите регистрирани гласачи, вклучувајќи ги и републиканците, 47 отсто одговориле дека би гласале за Сандерс, додека 40 отсто би гласале за актуелниот претседател.
Во слична хипотетичка трка, според анкетата, победа би однеле и други против кандидати на Трамп, како Бајден и Блумберг. Бајден би победил со седум процентна предност, како Сандерс, а Блумберг со четири.
Затоа, аналитичарите не исклучија Сандерс да победи во Јужна Каролина. Следното гласање е на 3-ти март, таканаречениот супер-вторник, кога се гласа во 14 сојузни држави, а во игра се 1357 делегати. Разузнавачки претставници ги предупредиле законодавците дека Русија се меша во изборната кампања 2020 за да му помогне на претседателот Доналд Трамп да биде реизбран, тројца претставници блиски на брифингот зад затворени врати кажаа во четвртокот.
Предупредувањето покренува прашања за интегритетот на претседателската кампања и дали администрацијата на Трамп презема соодветни чекори за борба против мешањето какво што беше видено во 2016-та.
Еден ден по брифингот на 13-ти февруари пред Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом, Трамп бил лут на тогашниот директор за национално разузнување, Џозеф Мегвајар, и неделава објави дека Мегвајар ќе биде заменет со Ричард Гренел, кој е лојален на Трамп.