Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СЕКОЈ ЧЕТВРТИ УЧЕНИК СЕ КОЦКАЛ ЗА ПАРИ

March 3, 2026 Filed Under: Македонија

Лани уплатени 2,8 милијарди евра во казина, обложувалници и автомат клубови – анализираше Телма

СВЕТЛАНА КАРБЕВСКА Игрите на среќа се предостапни со својата многубројност – вли активистката од „Шанса за Центар“

МИРЈАНА ЈОВЕСКА

Минатата година во казината, автомат клубовите и спортските обложувалници во Македонија, македонските граѓани и странските државјани уплатиле вкупно 2,83 милијарди евра. Податоците што Телма ги доби од Управата за јавни приходи (УЈП) покажуваат дека најмногу пари играчите оставиле на автомати.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) неодамна презентираше резултати од истражувањето спроведено во Македонија во 2024 година од европската иницијатива ЕСПАД, која ги следи трендовите кај адолесцентите. Опфатени биле 2.831 ученик од 96 средни училишта.

Истражувањето покажа дека во последната година секој четврти ученик се коцкал за пари, при што со физичко присуство се коцкале 21 отсто од испитаните ученици, додека онлајн тоа го правеле 15 отсто од нив. При тоа, алармантно е што проблематичното коцкање кај тие што го прават тоа се зголемило од 4,5 проценти во 2019 година на 7,6 проценти во 2024 година.

Од ИЈЗ посочија дека добиените податоци се одраз на секојдневието на младите, нивниот избор и средината во која растат.

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ ги оцени ваквите бројки како поразителни и катастрофални, а преку „Гугл“ ги мапираше обложувалниците, казината и слот-клубовите во Општина Центар, каде нивната бројка изнесува околу 60.

„Како иницијатива „Шанса за Центар“ сметаме дека главниот проблем е сериозната загрозеност на здравјето на граѓаните кое што директно потекнува од големата бројност и достапност на овие објекти до живеалиштата, работата и средината во која што живееме. Тука е и истражувањето на ХОПС во 2024 година според кое се испитувала зависноста од коцкањето. Биле опфатени три земји: Македонија, Косово и Србија, каде што испитаниците биле помлади од 25 години. И во овие испитувања се видело дека 75 отсто од испитаните млади имале веќе искуство со игрите на среќа, а 25 отсто веќе пројавувале симптоми на зависност. Овие истражувања се важни, според кои би требало да се носат политики базирани на докази. Значи, претстојните промени на законите и правилата треба да се базираат на овие истраживања кои што доаѓаат баш од нашиот терен“, вели Светлана Карбевска, членка на иницијативата „Шанса за Центар“.

Од Владата информираат дека се работи на донесување на нов Закон за игри на среќа, што би требало појасно да ги регулира состојбите и односите во областа на игрите на среќа и да обезбеди поголема заштита на граѓаните.

„Новиот Предлог-закон за игри на среќа и забавни игри е предвидено да воспостави појасно регулирање на состојбите и односите во областа на игрите на среќа и забавните игри, како и поголема заштита на граѓаните. Со ова законско решение дополнително се разгледува опцијата за воведување на дистанца на деловните простории за приредување на игри на среќа од основни и средни училишта и да се зајакнат механизмите за контрола на приредување и ширењето на игри на среќа. Дополнително, се предвидува да се зголемат сите давачки и надоместоци за игрите на среќа, да се воведуваат дополнителни процедури во насока на добро корпоративно управување“, ни одговорија од Владата.

Filed Under: Македонија

ИМАМЕ БЕЗБЕДЕН ГРАД А ДАЛИ ИМАМЕ БЕЗБЕДНА ДРЖАВА?
КОМПАРИРАЈЌИ ГИ ЕВРОПСКИТЕ ЛИНИИ И СИГНАЛИ ОД СЕВЕР
ИРАН: НАЈВЕРОЈАТНИТЕ СЦЕНАРИЈА ПО СМРТТА НА ХАМНЕИ
СИЛЕН МЕЃУНАРОДЕН ОДЕК ЗА „17“
ВОЈНАТА Е ОПИУМ ЗА ИЗРАЕЛСКИОТ НАРОД

Најново

  • ИМАМЕ БЕЗБЕДЕН ГРАД А ДАЛИ ИМАМЕ БЕЗБЕДНА ДРЖАВА?
  • КОМПАРИРАЈЌИ ГИ ЕВРОПСКИТЕ ЛИНИИ И СИГНАЛИ ОД СЕВЕР
  • ИРАН: НАЈВЕРОЈАТНИТЕ СЦЕНАРИЈА ПО СМРТТА НА ХАМНЕИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet