ЕВН гради платформи за гнезда за овие птици кои екоилозите ги сметаат за доказ на чиста природа
Жителите на Стојаково од Општина Богданци ќе покренат иницијатива штрковите да им станат заштитен знак и бренд. На ова се одлучиле бидејќи последниве две години во ова село енормно се зголемил бројот на овие птици преселници, а почнале да доаѓаат и странци кои сакале да ги фотографираат и набљудуваат.
Селото се наоѓа во валандовската Котлина, на територијата на Општина Богданци, чиј атар на тесен дел се допира со државната граница со Грција. Всушност, селото лежи на левата страна на реката Вардар, недалеку од автопатот Скопје-Гевгелија, а на самиот локален пат кон Богданци.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 60 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 8 километри. Територијата на која лежи Стојаково била населена уште од античко време, а за тоа сведочат многубројните археолошки наоди пронајдени во негова близина. Првобитната локација на Стојаково се наоѓала крај месноста Шипков Дол, во близина на денешната населба. Старото име на оваа населба е Трнова. Но, пред неколку векови со пустошењето на болеста чума, жителите на ова место биле принудени да ги напуштат своите родни огништа и да побараат ново место на кое ќе подигнат нова населба. Местото на кое се населиле е всушност денешната територија на која се наоѓа Стојаково.
Името Стојаково било дадено подоцна, од причини што оваа населба се наоѓала на главниот пат, кој поврзувал важни региони (пат користен уште од антиката, Белград – Солун), па така тука во ановите останувале и отспивале голем број на трговци кои биле на пат. Првобитно бил нарекуван Стојакот (место каде што се останува, се стои, за подоцна да биде именувано како Стојаково, име кое и ден денес се користи).
Во XIX век, Стојаково било христијанско село во рамките на гевгелиската каза на Отоманското Царств. Атарот е голем и зафаќа површина од 27,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.731 хектар, на пасиштата отпаѓаат 644 хектари, а на шумите 141 хектар. Селото има полјоделско-сточарска функција. Населението во Стојаково претежно се занимава со одгледување на земјоделски производи (најмногу раноградинарски) пред сѐ поради погодната топла клима и силните средоземни влијанија кои продираат во овој регион. Исто така е застапено и одгледувањето на винова лоза од кое се прозведува квалитетно вино и ракија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Стојаково имало 1.520 жители, од кои 1.350 Македонци, 80 Турци и 90 Роми.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Стојаково имало 1.724 жители. Стојаково е големо село, коешто во 1961 година имало 1.933 жители, од кои 1.815 биле Македонци, а 101 Србин. Во 1994 година, бројот се зголемил на 2.041 жител, од кои 2.010 жители Македонци, а 23 жители Срби..Според пописот од 2002 година, во селото Стојаково имало 1.931 жител, од кои 1.890 Македонци, 36 Срби, 1 Влав и 4 останати. Но, да се варитмр на птиците.
„Од година во година, бројот на овие птици преселници е сè поголем, а посебно ова година. Сакаме да ги направиме бренд на нашето село, како заштитен знак. Планираме под секој столб каде престојуваат да поставиме табла со биографија која постојано ќе се надополнува. Планираме прво да си ги крстиме како семејство штрковите во гнездата и да наведеме информации од каде доаѓаат, колку време престојуваат во селото, колку принови имале. Еден вид инфо-табли за секое семејно гнездо со штркови’’, вели Јованџиков и додава дека ќе покрене иницијатива дистрибутивната електромрежа на ЕВН во селото да се изолира за да не предизвикува проблеми за птиците.Во Стојаково освен на секој електричен столб и бандера, гнезда има и на објекти. Јованџиков вели дека овие птици бараат чиста и еколошка средина со многу ливади. Нè однесе и во атарот на селото каде цели стада со штркови беа во лов на храна или пак ги надлетуваа зелените ливади и канали со вода.
Претседателот на месната заедница Роберт Јованџиков вели дека летово во ова село има дури 208 штркови на 37 гнезда, 74 сее стари, а 134 млади. Евиденцијата ја направиле заедно со Македонското еколошко друштво, кои со дрон ги снимале сите локации каде штрковите се движат и престојуваат во Стојаково.
Од година во година, бројот на овие птици преселници е сè поголем, а посебно ова година. Сакаме да ги направиме бренд на нашето село, како заштитен знак. Планираме под секој столб каде престојуваат да поставиме табла со биографија која постојано ќе се надополнува. Планираме прво да си ги крстиме како семејство штрковите во гнездата и да наведеме информации од каде доаѓаат, колку време престојуваат во селото, колку принови имале. Еден вид инфо-табли за секое семејно гнездо со штркови’’, вели Јованџиков и додава дека ќе покрене иницијатива дистрибутивната електромрежа на ЕВН во селото да се изолира за да не предизвикува проблеми за птиците.
Во Стојаково освен на секој електричен столб и бандера, гнезда има и на објекти. Јованџиков вели дека овие птици бараат чиста и еколошка средина со многу ливади. Нè однесе и во атарот на селото каде цели стада со штркови беа во лов на храна или пак ги надлетуваа зелените ливади и канали со вода.
„Почнаа да доаѓаат странци да ги фотографираат, бидејќи можеш ептен блиску да им се приближиш. Планираме догодина како село да подигнеме и две посматрачници каде ќе можат гостите да го набљудуваат животот на овие птици во гнездата. Едната посматрачница ќе биде во центарот на селото, а другата погоре каде во радиус од десетина метри има дури пет гнезда. Штрковите се мили птици и речиси сите од селото се зближивме со нив, но сепак се држиме на дистанца да не им го нарушуваме мирот“, вели Јованџиков.
Стојаково е во непосредна близина на македонско-грчката граница и брои околу 400 жители. Постарите велат дека своевремено во ова село имало по две до три гнезда на штркови, но бројката од 37 гнезда и вкупно 208 штркови пријатно ги изненадила сите.
„Сакаме да останат бидејќи ни го чистат селото. Да ги видите кога се ора некоја нива. По 30-тина слетуваат и ги собираат инсектите, глодарите и влекачите. Каде има штркови има мир и чистота, нè учеа постарите. Така што, добро е што ги има во толкав број. Догодина верувам дека ќе ги има уште, ако треба и ние ќе подигнеме столбови за гнезда“, велат жителите на Стојаково, одалечено 10-тина километри од Богданци.
Паралелно, за зголемениот број штркови во Стојаково се заинтересираа и членовите на Македонското еколошко друштво кои изработија промотивно видео, а најавија и проект за нивна заштита кој ќе биде искористен за научни цели.
Во 2016 година енормно се зголемил бројот на штркови кои прават свои гнезда во селото. Поради ова жителите на Стојаково планираат покренување на иницијативи овие птици преселници да станат нивен заштитен знак, да се крстат семејствата штркови и да се собираат информации за нив – од каде доаѓаат, колку време престојуваат, колку принови имале и слично.
Местната заедница во Стојаково заедно со Македонското еколошко друштво направиле евиденција на гнездата и штрковите со помош на дрон. Летото во 2018 година биле изброени 208 штркови на 37 гнезда, 74 стари, а 134 млади.
Во селото освен на секој електричен столб и бандера, гнезда на штрковите има и на објекти. Поради нив Стојаково е посетувано од луѓе кои доаѓаат да ги фотографираат штрковите од близу. Местната заедница планира за таквата цел да се подигнат и две посматрачници. Ова секако е село за пример, посебнмо од еколошка гледна точка.