Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СЕМЕЈСТВОТО НА ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛОТ ОДИ НА СУД

September 27, 2022 Filed Under: Свет

Доналд Трамп обвинет за серија финансиски проневери

ПРЕС НА ОБВИНИТЕЛКАТА Со одлучен настап обвинителката Цејмс ги изнесе своите аргументи

Доналд Трамп и неговото семејство со години лажеле пред даночните власти, банките и осигурителните компании во комплексна шема во која погрешно се претставувала вредност на неговиот имот, тврди обвинителството во Њујорк.

Главната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс соопшти дека со помош на неговите деца и други лица во Организацијата Трамп, поранешниот претседател поднесувал лажни изјави за вредноста на неговиот имот со цел „да добие заеми, осигурителни повластици и да плаќа понизок данок“.

„Накусо, тој лажел за да се здобие со огромни финансиски бенефити за себе“, рече Џејмс на прес-конференција.

Тоа е последната во серијата кривични, граѓански и парламентарни истраги против Трамп, кој се надева на уште еден обид да влезе во Белата куќа на изборите во 2024 година.

Во реакцијата на обвинувањето, Трамп ја повторуваше познатата одбрана дека се работи за „лов на вештерки“ против него, додека неговиот портпарол рече дека се работи за политички мотивирана акција на демократите против републиканскиот бизнисмен.

Обвинителството во Њујорк бара од поранешниот претседател да плати казни од најмалку 250 милиони долари, а на неговото семејство да му биде забрането да се занимава со бизнис во сојузната држава.

Таа исто така бара на Трамп и на неговите деца Доналд Трамп јуниор, Ерик Трамп и Иванка Трамп да им биде забрането да купуваат недвижности во државата во следните пет години.

„Основата на неговата наводна нето вредност е вкоренета во неверојатна измама и нелегалност“, рече Џејмс.

ОБВИНЕТ Трамп само по основ на финансиски побарувања треба да плати 250 милиони долари казна!

Долгогодишна истрага

Во тужбата на обвинителството против Трамп се наведува дека во неговите годишни финансиски извештаи, најмалку во последната деценија, грубо била надуена вредност на неговите имоти на „запрепастувачко“ ниво. Трамп го правел тоа за да обезбеди поволни заеми и пониски камати и услови, тврди обвинителството.

Властите во Њујорк го истражуваат Трамп и неговиот семеен бизнис од 2018 година. Една година подоцна обвинителката Џејмс ја започна граѓанската истрага, откако еден од адвокатите на Трамп даде изјава според која компанијата на Трамп делувала незаконски.

Минатиот месец, Ален Вајселберг, долгогодишен финансиски шеф на Организацијата Трамп, призна вина за даночна измама и се согласи да сведочи против поранешниот претседател.

На Трамп му се заканува и кривичен прогон откако агенти на ФБИ во август годинава извршија рација во неговиот голф-центар на Флорида и пронајдоа голем број тајни и доверливи државни документи во негов посед.
Трамп се соочува со кривичен прогон и поради неговата улога на 6 јануари 2001 година од страна на неговите приврзаници кои не ги признаваа изборните резултати.

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, поднесе тужба против американската влада поради претресот на неговиот имот и побара од судот привремено да го блокира Федералното истражно биро (ФБИ) во прегледување на материјалите кои пред две недели агенцијата ги заплени во неговата куќа на Флорида, сѐ додека не се именува специјален ополнимоштеник кој ќе ја надгледува оваа работа.

Трамп во тужбата, поднесена во понеделникот во федералниот суд во Вест Палм Бич на Флорида, бара од американското Министерство за правда да му достави и детален список за предметите кои ФБИ ги запленил од неговата куќа во Мар-а-Лаго за време на пр„Не може да се дозволи политиката да влијае на спроведување на правдата… Спроведувањето на законите не може да се користи како оружје во политички цели“, се наведува во тужбата на Трамп.

Понекогаш во многу чувствителни случаи, од страна на судот може да се именува посебен управник, најчесто пензиониран судија или адвокат, кој ќе ги разгледа запленетите материјали и ќе обезбеди истражителите да не ги прегледаат заштитените информации.

СЕМЕЈНО Експретседателот своите дела ги праверл со помош на децата

Претресот на куќата на Трамп од 8 август претставува значителна ескалација во една од многуте федерални и државни истраги со кои тој се соочува, и кои се однесуваат на времето кое тој го помина на функција, како и на неговиот приватен бизнис.

Американската влада пронајде над 300 доверливи документи во Мар-а-Лаго, вклучувајќи материјали на ЦИА, Агенцијата за национална безбедност и на ФБИ, извести вчера Њујорк тајмс, повикувајќи се на повеќе извори кои се известени за тоа прашање.

етресот Претресот на ФБИ е дел од федералната истрага за тоа дали Трамп незаконски ги земал документите кога ја напуштил функцијата во јануари 2021 година, откако загуби на претседателските избори од демократскиот кандидат Џо Бајден.

За време на претресот, ФБИ заплени 11 комплети класифицирани материјали, од кои некои се означени како „строго доверливи“, што е највисоко ниво на доверливост резервирано за најстрого чуваните информации за националната безбедност на САД и кои се достапни само во специјални владини објекти.

на 8 август, како и истражителите да му ги вратат сите оние кои ги надминуваат рамките на налогот за претрес.

 

 

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet