Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

СЕРИОЗНИ ПОТРЕСИ ЗА ОРГАНИЗАТОРОТ НА СЛЕДНАТА ЕВРОВИЗИЈА

December 16, 2025 Filed Under: Ревија

Дали одржувањето на Евровизија е во опасност? Колку навистина чини најголемиот европски забавен спектакл? Македонија е надвор од оваа дилема подолго време – не одиме на Евровизија, не пренесува Лига на шампоиони…

ЗАГРОЗЕНО Многу главоболки за домаќините на смотрата – Австриската радиотелевизија

Додека европските земји се повлекуваат од натпреварот, Виена се подготвува за Евровизија под политички и финансиски притисок

Одлуката на Европската радиодифузна унија (EBU) да му дозволи на Израел да учествува предизвика силни реакции низ Европа и повторно го отвори прашањето за политичката неутралност на Евровизискиот натпревар. По Шпанија, Холандија, Словенија и Ирска, и Исланд го откажа своето учество, правејќи ги бојкотите реален фактор во планирањето на одржливоста и профитабилноста на натпреварот што треба да се одржи во Виена во 2026 година.

Иако повлекувањата, особено инспирирани од политичките и социјалните поделби, во пракса значат неизвесност во однос на гледаноста, продажбата на билети и интересот на огласувачите, Роланд Вајсман, директор на ORF, потврди во својата изјава за британскиот Гардијан дека настанот ќе се одржи без оглед на пречките: „Не гледам дека ова (бојкотиte) ќе биде проблем за Виена, и дури и ако добивката е малку помала, ќе успееме да го надоместиме“.

За градот домаќин и националниот радиодифузер, политичките притисоци доаѓаат во време кога Евровизија се соочува и со сè поизразени буџетски ограничувања. Австрискиот јавен радиодифузер ORF веќе работи во услови на финансиски кратења, а проценките велат дека организацијата на Евровизија би можела да чини околу 36 милиони евра. Градот Виена учествува во таа сума со околу 22 милиони, додека остатокот треба да биде покриен од средства што ќе ги обезбеди EBU и спонзорствата.

Церемониите на отворањето и затворањето, телевизиската продукција и придружните програми се секогаш најскапиот и највидливиот дел од секој голем настан. Ваквите трошоци не се исклучок, туку правило: церемониите на Европските игри во Баку 2015 година чинат околу 155 милиони долари, додека церемонијалните програми на Олимписките игри во Париз 2024 година се проценуваат на повеќе од 150 милиони, не вклучувајќи ги поврзаните трошоци како што се милијардите инвестирани во контроверзното чистење на реката Сена. Дури и во „скромни“ формати, како што се Светскиот саем Експо 2020 во Дубаи или Азиските игри, церемониите чинат повеќе помеѓу 40 и 50 милиони долари.

Сепак, примери од целиот свет покажуваат дека дури и скромните церемонијални буџети не ги исклучуваат јавните контроверзии. Игрите на Југоисточна Азија 2025, кои моментално се одржуваат во Тајланд, а на кои учествуваат повеќе од 9.000 спортисти, издвоија околу 166 милиони бати, или околу пет милиони евра, за церемониите на отворање и затворање.

И покрај релативно нискиот износ, церемонијата на отворањето предизвика критики од дел од јавноста поради квалитетот на продукцијата и организациските проблеми, но и прашањето дали таков трошок е оправдан во време на зголемени политички тензии и трагични поплави што го одбележаа претходниот период. Повлекувањето на Камбоџа поради вооружените конфликти што избувнаа на границата меѓу овие две земји предизвика дополнително внимание и го одвлече фокусот од спортот.

Одлуката на Европската радиодифузна унија да не го исклучи Израел од Евровизискиот натпревар за песна 2026 предизвика лавина од реакции, при што многу земји го откажаа своето учество, додека минатогодишниот победник се откажа од трофејот освоен на 11 мај минатата година.

На декемвриското собрание, членовите на Европската радиодифузна унија одлучија да не свикаат гласање за исклучување на Израел. Наместо тоа, беше усвоен пакет реформи, меѓу кои се појасни забрани за промоција на настапи од страна на државата или трети страни и дополнителни правила против политички пораки, како обид да се зачува „неполитичката“ природа на натпреварувањето, но и да се заштити инклузивниот карактер на Евровизија.

Извршниот директор на Евровизија, Мартин Грин, се огласи откако земјите учеснички на ова музичко натпреварување се побунија против учеството на Израел. Тој истакна дека ги разбира силните емоции предизвикани од ситуацијата на Блискиот Исток, но дека Евровизија мора да се води според јасно утврдени правила.

„Никој не може да остане рамнодушен кон она што го видовме на Блискиот Исток во последните неколку години. Единствениот начин Евровизија да продолжи да ги зближува луѓето е ако пред сè ги почитуваме нашите правила“, рече Мартин.

Сепак, јасно е дека Евровизија се соочува со една од најтешките репутациски кризи во својата историја.

Покрај споменатите земји постојат и други што сè уште не се официјално сигурни дали ќе учествуваат на натпреварот во мај следната година. Седумнаесет португалски уметници, кои настапуваат на националното натпреварување „Festival da Cancao“, објавија дека одбиваат да ја претставуваат земјата во случај на победа.

„И покрај фактот дека Русија беше исклучена од Евровизискиот натпревар за песна во 2022 година од политички причини, бевме изненадени што истиот став не беше применет кон Израел, кој, според Обединетите нации, врши геноцид врз Палестинците во Газа“, се вели во соопштението на овие учесници.

Во меѓувреме, беше покрената петиција со барање Португалија веднаш да се повлече од Евровизискиот натпревар за песна, а досега повеќе од 22.000 луѓе ја потпишаа. Како што се истакнува, гласањето на португалскиот јавен сервис RTP во корист на Израел „ја става Португалија на погрешната страна од историјата“.

Победникот на Евровизискиот натпревар за песна 2024, Немо, рече дека го враќа својот трофеј во знак на протест против континуираното учество на Израел во натпреварот. 26-годишниот швајцарски пејач рече дека постои „јасен конфликт“ помеѓу учеството на Израел во натпреварот и идеалите за „единство, вклученост и достоинство“ за кои Евровизија тврди дека се залага.

Немо, исто така, објави видео од себе како го става трофејот во картонска кутија, велејќи дека ќе биде вратен во седиштето на EBU во Женева.

„Иако сум неизмерно благодарен на заедницата околу ова натпреварување и на сè што ме научи ова искуство како личност и како уметник, денес повеќе не чувствувам дека овој трофеј припаѓа на мојата полица“, истакнува Немо.

РТС го потврди учеството на Србија на Евровизија 2026 и го објави традиционалниот национален избор „Песна за Евровизија 2026“ како механизам за избор на претставници. РТС официјално не го поддржа бојкотот, туку наместо тоа, радиодифузерот зазеде став дека ќе учествува и дека одлуката за евентуални дипломатски или политички иницијативи ќе им биде оставена на политичките тела, а не на изборот на натпреварот.

Од друга страна, на специјализираната страница со вести за Евровизија, eurovizija.rs, е наведено дека група вработени во РТС „Naš pRoTeSt“ (НП) објавиле покана до радиодифузерот да го бојкотира Евровизискиот натпревар.

НП е група вработени во РТС која ги поддржува студентските протести и се бори за објективно известување од страна на РТС.

Македонија нема такви дилеми – таане учествува на овој натпревар,не пренесува Лига на шампионите, не влегува во никакви „ризици“ и си ја чува својата стерилн, изолационистичка сдиректорска палка.

 

Filed Under: Ревија

КOЛКУ ВРЕДИ ЗБОРОТ НА МИЦКОВСКИ?
СПАСОВСКИ ЗА МИГРАНТИТЕ: ОПРАВДАНИ СЕ СТРАВУВАЊАТА, ПОСТОИ СОМНЕЖ ЗА ТАЕН ДОГОВОР
ДАЛИ ИСТРАГАТА ПРОТИВ ПОРАНЕШНATA ЕВРОПСКA КОМЕСАРKA ЌЕ ГО  ВКЛУЧИ СРПСКИ ТЕЛЕКОМ
СЕРИОЗНИ ПОТРЕСИ ЗА ОРГАНИЗАТОРОТ НА СЛЕДНАТА ЕВРОВИЗИЈА
МАРК РУТЕ: НИЕ СМЕ СЛЕДНАТА ЦЕЛ НА РУСИЈА

Најново

  • КOЛКУ ВРЕДИ ЗБОРОТ НА МИЦКОВСКИ?
  • СПАСОВСКИ ЗА МИГРАНТИТЕ: ОПРАВДАНИ СЕ СТРАВУВАЊАТА, ПОСТОИ СОМНЕЖ ЗА ТАЕН ДОГОВОР
  • ДАЛИ ИСТРАГАТА ПРОТИВ ПОРАНЕШНATA ЕВРОПСКA КОМЕСАРKA ЌЕ ГО ВКЛУЧИ СРПСКИ ТЕЛЕКОМ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet