Децата од Слободан Милошевиќ испратија предупредување пред тужба заради тоа што авторите на серијата „Семејство“ без консултација со нив, како сведоци на прикажаните настани го направиле сценариото
Марко и Марија Милошевиќ испратија предупредување пред тужбата преку нивниот адвокат и побараа итно прекинување на серијата „Семејство“, што зацрши со емитувањето, во должина од пет епизоди, кои одеа во ритам од епизода во секој ден. Серијата ги следи последните 72 часа од заедничкиот живот на нивното семејство, пред апсењето на поранешната југословенски претседател Слободан Милошевиќ.
„Блиц“ ги поседува документите што Марија и Марко Милошевиќ ги испратија преку адвокатот до продукцијата „Firefly“, во кои наведуваат дека доколку не престанат да ја емитуваат серијата, ќе сносат соодветни правни последици.
Серијата „Семејство“ ги прикажува трите дена пред апсењето на поранешниот претседател на Србија и СР Југославија Слободан Милошевиќ, а главните улоги им се доверени на Борис Исаковиќ, Мирјана Карановиќ, Уликс Фехми, Гордан Кичиќ, Тијана Марковиќ , Милан Мариќ и други.
Самото снимање се одвиваше под превезот на тајност, поради фактот што за време на снимањето немаше информации во врска со самата тема, исто како што немаше официјални потврди за тоа кој која улога ја играше.
Во меѓувреме стигна и спротивна вест – дека децата на претседателот Милошевиќ, Марија и Марко, нема да ја тужат куќата што го произведе снимањето на серијата „Семејство“. Тие наводно само апелирале дека импровизациите не треба да се случуваат поради историската оддалеченост пд настаните и неконсултациите на семејството, што е факт. Марија Милошевиќ во деовите на снимањето била достапна но не беше прашана ништо – изјави адвокатот Драгоjуб Томашевиќ, кој е адвокат на Марија и Марко Милошевиќ. Тоа требало да се тори во почетокот на јуни минатата година а протестот е упатен до продуцентите Firefly и RTS. Томашевиќ исто така рече дека децата на Милошевиќ не сакаат да ја гледаат серијата, бидејќи тоа е многу стресно за нив.
– Ја гледав серијата како нивен застапник. Го следиме општиот контекст и реагираме како учесници со тоа што ги негираме невистинитите тврдења и зборуваме за настани што биле вистинити, а не како што биле портретирани, како нискобуџетна сапуница.
Марија Милошевиќ, ќерка на поранешниот претседател на Србија и СРЈ Слободан Милошевиќ, неколку дена по неговото апсењ, реши да зборува за себе, нејзиниот татко и сè што оставило траен белег врз неа и целото семејство во последните месеци. (Ова можело да се земе и како одреден материјал за авторот на сценариото).
Марија зборуваше за тоа како го доживеала нападот на специјалните единици врз резиденцијата во текот на ноќта од 30 март до 31 март, односно за време на преговорите за притвор на нејзиниот татко, ноќта на 1 април.
– Беа тоа две различни ноќи. Првата вечер беше онаа со момците со чорапи на главите, кога пукаа и ги кршеа прозорците … Дојдов попладне, додека беше уште ден, сè уште не се случуваше ништо друго, брзата помош сè уште не беше пристигната, Немав идеја, сè започна само во текот на ноќта. Првата вест дека тато е уапсен дојде кај нас вечерта. Ни рекоа дека некој го објавил тоа некаде. Значи, сите што се најдовме во куќата бевме таму и останавме. Дојдов попладне, во тренерка, размислував еден час, а другите три дена, заминав во истата тренерка – рече Марија кон средината на мај 2001 година.
Во тоа време, ниту таа, ниту нејзиното семејство, не ја сфатија сериозно најавата дека Слободан Милошевиќ ќе биде уапсен до 31 март.
– Не ги следев весниците. Знам дека беа споменати многу датуми – 10 март, потоа 31 март и некои силни датуми … Единствено што знаев сигурно е дека татко ми беше уценуван за пет милиони долари, за да биде киднапиран. Значи, кога видовме како тие луѓе скокаат преку портата со чорапи на главите, јас бев убедена – и ние сме многу, сепак – дека киднаперите биле тие што сакале да го киднапираат таа вечер и да го однесат во Хаг. Зошто инаку би се маскирале така, само ако сакаат да го однесат во затвор и кај истражниот судија?
Марија рече дека нејзиниот татко претходно добил само една покана до судот во врска со тужбата порзана со купување куќа во Ужичка 32.
– Никогаш не добил покана за кривично дело на распит од кој било истражен судија. И тогаш овие луѓе одеднаш дојдоа пред портата, започнаа да пукаат. Овие дефинитивно не беа службени лица. Во тој момент излегов пред куќата да видам што се случува. Сите светла во дворот беа исклучени, па беше темно темно, а дворот беше огромен – вистинска шума. Беше темно и во кружната, голема влезна сала. Излегов низ таа сала, да видам што се случува. Имаше бел џип паркиран пред куќата – велам дека самиот Бог ми го испрати, ми го спаси живoтот.
Се разбира, ништо не можеше да се види, бидејќи долната влезна порта е далеку, по удолницата, на дното од скалите на дворот. Само што излегов, пукаа во мене, куршумот минал близу главата и го скршија стаклото. Јас дури и не видов кои се тие, само слушнав „крах“. Беше темно и немаше никој освен мене пред влезот. Јас се скрив зад тој бел џип, додека тој не прекина стрелбата. Потоа пукна бомба и се скрши шофершајбната. Истрчав кон собата каде што седеа сите што беа тој миг вио објектот во куќата. Почнуваат да ме тешат, бидејќи таа бомба не е вистинска, туку шок-бомба. Како тоа да ќе ми олесни – не знам ни дека има шок бомби и вистински, за мене бомбата е бомба. Кога велат бомба – ги замислувам оние од цртаниот филм со коцки … – се присети ќерката на Милошевиќ за таа драматична вечер пред апсењето на поранешниот претседател на Србија и СРЈ.
Таа вели дека нејзиниот татко тогаш бил загрижен и прашал „Каде е Марија?“, И дека било целосно темно во дворот на резиденцијата од каде доаѓаат истрелите.
„Од таа темнина, луѓето што не можевме да ги видиме, пукаа кон нас. Сакав да се качам на терасата да ги видам, но татко ми и мајка ми не ми дозволија. Подоцна, кога го преживеав првиот истрел, никогаш повеќе не се случи да одам на тераса, на вториот кат. Никој не испукал куршум од резиденцијата, ниту некој се обидел да го стори тоа! Не знам дали има некој во дворот, не можев да видам никого во мракот, но Илија, шефот на Патриотскиот сојуз на Југославија, седеше во резиденцијата, тогаш го видов за прв пат, човек во волнени чорапи, тој беше во народните стражи пред куќата, тој влезе да пијат чај, секако тука беа мама и тато и неколку нивни пријатели. Никој од нас не пукаше. И каде да пукаме, „Сами во собата? И кон кого? Имаше полиција пред влезната сала, но јас не знаев дали дојдоа од шумата … Немаше пожар во самата резиденција, освен што пукаа во нас и ни ги скршија прозорците “, рече Марија.
Во меѓувреме, нејзиниот татко се појавил пред портата и со тоа ја демантирал веста дека бил однесен во Палатата на правдата. Неговата глава дури беше заокружена на Си-Ен-Ен, а видеото беше запрено, за да може јасно да се види во толпата поддржувачи од Народната гарда.
Марија рече дека никој не се ни обидел да му предаде хартија или да ја набави. Во еден момент таа отишла со нејзиниот татко до портата:
Се плашев дека тогаш ќе биде киднапиран и затоа цврсто го држев за рака. Јас бев против тоа тој да излезе пред портата, сепак сите други што беа во куќата сметаа дека тоа е гест што треба да го направи
Марија рекла дека првата ноќ била страшна и дека водата била затворена следниот ден, попладне.
– Во тоа време не ми беше грижа што нема вода. Па, кому му треба вода кога ќе умреме? Проблемот со водата беше секундарен за мене; ви треба вода кога сè е нормално – рече Марија, која подоцна се повлекла во нејзината соба со нејзината мајка.
– Преговорите, кога започнаа, се водеа во канцеларијата и јас не учествував во нив. Во куќата имаше многу луѓе кои ја поминаа ноќта таму. Седеа, будни, разговараа, многумина веќе немаа сили за тоа. Следната вечер веќе немав сила и волја да сторам нешто. Отидов на вториот кат, каде што се спалните соби на татко ми и мајка ми, и чекав да видам како течат преговорите и што ќе се случи. Седев претежно сама или со мајка ми горе, не јадев ништо два дена и две ноќи, не можев ни да спијам … Затоа зедов некои лекови за смирување на мајка ми, но ништо не ми помогна.
Што се случи со нејзиниот брат Марко?
Според Марија, Марко се јавувал неколку пати, разговарал со неговиот татко.
– Тато му рече дека оди, сам. Јас бев против. Не верував дека сè ќе заврши со истражниот судија, мислев дека ќе го киднапираат, одведат или убијат. Се плашев за животот на татко ми.
Ќерката на Милошевиќ подоцна откри и во кој момент нејзиниот татко се одлучи, тој реши да оди:
– Мислам дека беше наутро. Немав часовник. Тој дојде горе кај мене, тато и мама излегоа од лифтот. Тој рече дека заминува, дека дошол да се збогува. Се налутив и не сакав да разговарам со татко ми или мајка ми. Ме повреди – да се збогувам со него затоа што оди во затвор. Мама ме замоли да и помогнам да го спакува за во затвор. Не сакав да и помогнам – рече Марија и откри зошто пукала кога Милошевиќ заминувал:
– Пукав во агонија, главата само ќе ми експлодираше ако беше бомба. Бев вон од себе. Две ноќи ги влечев пиштолите низ џебовите на јакната, за да се бранам ако има некакви проблеми, а на крајот тој седна во автомобилот и си замина. Автомобилите заминуваат, ги гледам како заминуваат и мислам – ова е крај на светот, сто проценти, ова е дефинитивно крај на светот и го знам тоа. Пред тоа, испив половина кутија од тие апчиња, заедно со коњак и кока-кола што ги најдов во кујната – објасни Марија, која потоа изјави дека не пукала во татко и. – Не, блиндираниот автомобил веќе го нема. Пукав во воздух. Пет истрели, целиот мој револвер. Каде да го застрелам татко ми, бев загрижен за него и сигурно не сакав никој од гостите да умре. Луѓето обично пукаат од среќа, на свадба, за новата година, а јас не бев среќна.
(продолжува)